Автор: Валентина Неловска
Post Views: 50Зелено светло за физибилити студијата за изградба на пазарот со јавно приватно партнерство. Гласањето за оваа важна инвестиција помина само со дискусија на советниците од опозицијата. Опозиционерите беа со став дека студијата треба да се врати на доработка. Ставија забелешка дека изготвувачот на студијата не изработил еколошка анализа. Исто така, не им дал можност на советниците да изберат кое е најповолното решение од 4 -те законски можности за приватно јавно партнерство туку понудиле само еден модел. Имаа забелешка и на процентот при распределбата на имотот, 20 -80 во...
Дел од населбата Рача е без основна инфраструктура
Post Views: 42Дел од населбата Рача е без основна инфраструктура потребна за нормално живеење, се жали Сандре Трифуноски староседелец на оваа населба. Рачанци очекуваат од Локалната самоуправа да им ги реши натрупаните комунални проблеми. Дел од куќите се изградени во минатиот век, но има и понови градби. 80 проценти од 800-тината жители од населбата Рача живеат на септички јами, раскажува Трифуноски. Рачанци сами изградиле водоводна мрежа, а веќе 5 години чекаат да заврши изградбата на започнатата секундарна и примарна канализација во населбата. Еден крак е завршен, вели...
Субвенции за приватните станоиздавачи од мал обем
Post Views: 54Субвенции ќе добиваат приватните станоиздавачи од мал обем. Во регистaрот на Тлер има околу 2100 регистрирани станоиздавачи. Со Правилникот за нивно субвенционирање Локалната самоуправа ќе ги стимулира сите редовни плаќачи на туристичка такса, информира Ѓоко Апостолов од ТЛЕР.„ Со оваа активност сите регистрирани даватели на услуги од мал обем кои редовно плаќаат туристичка такса, 2 пати во годината, на 6 месеци, ќе можат да аплицираат за субвенциите на дел од туристичката такса. Предложено е субвенционирањето да изнесува 50 посто од уплатената туристичка такса. Поволноста...
Организирано раздвижување за охриѓани
Post Views: 39Организирано раздвижување за охриѓани. Со возење велосипед, ролери и пешачење утре се организира пролетно физичко раздвижење за охриѓани. Општинската организација на Црвен крст Охрид со мотот Like za Bike ќе го поттикнува здравиот начин на живот кај охриѓани. Покрај бројните забавни, спортски и култруно забавни содржини може да се танцуваат самба и салса. Танцувањето е спорт и делува позитивно врз човековото здравје, вели Даниел Наумоски човекот кој се обидува во Охрид да го врати танцот во живот. За утрешната активност ангажирани се лица задолжени да ги размрдаат луѓето...
Тешко се наоѓаат квалитетни туристички водичи
Post Views: 43Туристичките агенции тешко доаѓаат до квалитетни водичи. Во нашата долгогодишна пракса ова се потврдува во последните години напоменува туристичкиот работник Елида Битрак од ТА „Елида турс“. Туристичкиот водич е првиот конаткт кој еден посетител го воспоставува со една земја. Затоа тој треба да биде добар презентер на еден град и земја, со познавање на повеќе странски јазици, историја и културно- историските споменици, а треба да биде и добар аниматор за секој посетител, вели Битрак. „ Можам да кажам декае мал бројот на туристички водичи кои достојно со познавање на повеќе...
Оштетената скулптура јагула отстранета од досегашната локација
Post Views: 39Оштетената скулптура јагула отстранета од досегашната локација. Нејзиниот донатор Зоре Темелкоски е непријатно изненаден од уништувањето на скулптрурата и од негрижата на градот кон ова ументичко дело. Македонија е библиска земја и секогаш имала уметници , но и донатори кои оставале белег на своето време. Така и јас ја поддржав иницијативата на уметникот од Охрид, како лојални граѓани кон Охрид како цивилизациски град, напоменува Темелкоски. Со структурите во Охрид, градоначалникот и луѓето кои ја водат култрурата, ги потпишавме сите договори за изработка на најдолгата...
Дрвени макети на познати бродови се дело на самоукиот Јован Делов
Post Views: 73Макети на бродовите Санта Марија, Баунти, Дубровничка нава, Ла Корона, Далматинска фалкуша, Патролниот чамец на АРМ се само дел од познатите бродови кои ги има изработено охриѓанецот Јован Делов. Љубовта кон езерото и пловните објекти му биле всадени од најмала возраст и прераснале во страст да изработува минијатури на познати бродови. Овој млад човек од својата 8 година покажал голема љубов и талент кон изработка на макети на пловни објекти. Неговата професионална ориентираност како дипломиран менаџер по туризам и угоститетелство нема тесна поврзаност со неговата пасија...
Слаб интерес за купување на недвижности во општина Дебрца
Post Views: 37Во општина Дебрца слабо оди продажбата на недвижнини. За купување куќи и земјиште нема интерес, кажуваат од агенциите за недвижности. Цените за земјиштето и објектите се формираат паушално во зависност од атрактивноста на земјиштето и постоечката инфраструктура, вели Александар Трајкоски од агенцијата за недвижности Енхелеја. Дебрчани мора да ја решат урбанизацијата и окрупнувањето на имотите.Тој очекува со изградбата на автопатот Охрид -Кичево да се раздвижи пазарот со недвижности во оваа општина. Жителите може да извлечат економски бенефит, укажува Трајкоски. „...







