Автор: Валентина Неловска
Post Views: 43Денес се состана Советот на градски татковци. На работната средба ги разгледуваа развојните планови од економски и туристички апсект на градот. Локалниот економски совет на чело со градоначалникот Никола Бакарчески ќе разгледуваат повеќе точки важни за развојот на градот меѓу кои и за авто кампот Андон Дуков.Тема на состанокот беше и изградбата на индустриската развојна зона на Мауцкер. Градоначалникот од советот на градските татковци во интерес на градот побара нивен личен придонес за изградба на долго очекуваниот пензионерскиот дом.„ Ќе има информации од локалната...
Летната сцена Долни Сарај хортикултурно се оплеменува
Post Views: 39Долни Сарај една од најатрактивните летни сцени хортикултурно ќе се оплеменува. Со засадување на рози ќе се враќа нејзиниот некогашен сјај. Трајче Нумоски, сценско технички организатор во НУ „ Фестивалот Охридско лето“, во своето 4 децениско работење во оваа институција, го памети овој простор како цветна градина опкружена со безброј цвеќиња и зеленило. Тој е задоволен што после долго време се уредува овој простор.„ Од секогаш кога паметам се засадувале рози, цвеќе. Но, последните години ја запоставивме сцената која се користеше и беше сцена број еден на фестивалот Охридско...
На дневен ред работењето на ЈП Проаква
Post Views: 39Нови обвинувања на адреса на поранешното локално раководство на СДСМ упати Никола Митровиќ портпаролот на ОК Вмро Дпмне. На денешната конференција на тапет се најде работата на ЈП Проаква и новиот доспеан долг од на 1,5 милиони евра. Митровиќ кажа дека трупањето милионски долгови во претпријатието започнало од 2005 со доѓањето на новото раководство на СДСМ.„ Енормно зголемување на вработени лица за кој прашуваме дали биле спроведени по партиска припадност? Дали репрезентацијата во ова претпријатие за периодот од 01.01.2013.до 30.03.2013 година изнесувала само за Охрид 1...
Просторот пред хотел Славија е узурпиран, констатирале инспекторите
Post Views: 56Заградениот простор пред хотел Славија е узурпиран, констатирале инспекторите од главниот општински инспекторијат. Во изминативе два дена инспекторите излегле на терен не само на посоченото место туку направиле увид на состојбата со целото источно крајбрежје на Охридското езеро, информира општинскиот портпарол Томе Џамтоски.„ Во однос на хотелот Славија е утврдена узурпација на површина од околу 1000 м квадратни од одредена компанија. Во моментов инспектроите треба да утврдат кој ја направил узурпацијата. Според градежниот материјал користен таму и проценката на инспекторите...
Ниска еколошка свест – смет се фрла каде што не му е место
Post Views: 41Ниската еколошка свест и понатака присутна во градот. Негрижата на поединци кон животната средина и понатака присутна слика во нашето секојдневие. Расфрлан отпад од секаков вид може да се заблежи на разни делови од градот и околината. Деновиве таков беше случајот на потегот од црквата Каменско до улицата Кирил и Методиј. Несовесни граѓани фрлале отпад во шумата со што се нагрдува пролетната глетка со расцветаните бадеми. За среќа после нашата сугестија до раководството на Комуналец за проблемот на овој потег, просторот е исчистен и се собрани 5 метри кубни отпад....
Со спогодбени договори општинскиот долг намален за 10 милиони денари
Post Views: 42Локалната самоуправа води спогодбени преговори со правните и физичките лица кои имаат извршни побарувања од општината. Колкав е бројот на фирмите кои се спогодиле со Локалната самоупрва одговор побара советникот од ЛДП Дејан Блажески.„Колку од фирмите од кои ги побаравте за отпишување на долгот го отпишаа“, праша Блажески. Градоначалникот Никола Бакрачески кажа дека во моментов најсложена и најтешка операција е деблокирањето на општинската сметка. Според списокот од Министерството за финансии општината е должник на 155 субјекти. Дневно се пресеметуваат и по 14.000...
Крводарувањето во Охрид е на високо ниво
Post Views: 53Славјанка Атанасова е млада девојка која досега три пати дарувала крв. Задоволна сум од сознанието дека сум дарувала крв и сум помогнала кога тоа било најпотребно , вели оваа хумана девојка. Славјанка напоменува дека да стане крводарител била поттикната од семејството. Го следи примерот на нејзиниот татко Ацо Атанасов кој исто така е крводарител. „ Го гледав татко ми знаев дека оди на крводарителни акции го гледав и имав желба и јас да дарувам. Кога наполнив 18 години и кога имав право да дарувам крв дарував и не беше старшно, се чувствував исполнето и продолжив да...
Таксативно наведени потрошените суми за гориво за време на владеењето на СДСМ
Post Views: 53Портпаролот на Вмро Дпмне, Никола Митровиќ, на денешната прес конференција ги презентира потрошените суми за гориво и масла за општинските возила за периодот 2005-2013. Митровиќ таксативно ги наведе потрошените суми по години почнувајќи од најниската во 2005 година од околу 425.000 денари па се до највисоката од 1.844.000 денари во 2012 година. Граѓаните имаат право да ја знаат вистината и неразумното трошење на нивните пари, рече Митровиќ.„ Ваквиот принцип на нивно недомаќинско трошење на парите на граѓаните и вртоглавите осцилации од година во година е само пример за...







