Skip to main content

Автор: Валентина Неловска

Неизвесно дали липата ќе ја снема од охридските улици

Post Views: 5   Охридските дрвореди ќе се кастрат, а трулите стебла ќе се сечат. Наскоро , според програмата на Локалната самоуправа за 2014 година ќе ги уредува алеите на улиците Булевар Туристичка, Јане Сандански, Партизанска, Димитар Влахов, Македонски Просветители, Кеј  Маршал Тито, Каналот Билјанини извори, Марко Цепенков и Асном. На сите овие дрвореди ќе бидат обработени околу 2378 стебла. Приоритет во средување на стеблата ќе имаат дрворедите на улицата Јане Сандански, Партизанска и Македонски Просветители, напоменува општинскиот портпарол Томе Џамтоски. Општинската...

Продолжи со читање

Информатичката технологија и пандемијата сериозно го загрозуваат здравјето на децата

Post Views: 7 Во пораст е бројот на учениците со разни деформитети и здравствени проблеми заради недосток од физичка активност, вели Наум Јамандиев професор по спорт и спортски активности од СОУ Св. Климент Охридски. Во пандемијата кога наставата се изведува онлајн за да се намалат последиците по здравјето на учениците професорите по спорт побарале од МОН и добиле можност часовите покрај онлајн да ги изведуваат и со физичко присуство. Дури 80 посто од учениците го прифатиле овој начин на изведување на наставата. Од друга страна, во неговото дведецениско работење во охридската...

Продолжи со читање

Продолжува да се руинира Куќата на Момирови изградена во типична староградска охридска архитектура

Post Views: 16 Пропаѓа куќа изградена во типична староградска охридска архитектура во Стар град во сопственост на установата НУ Завод и Музеј. Од ден на ден се распаѓа Куќата на Момирови и се препушта на забот на времето, а установата која треба да го заштитува матријалното културно наследство покажува негрижа за објектот. Куќата со распаднат кров, разрушени тавани и искршени прозорци е на самиот влез од Горна Порта, во непосредна близина на Античкиот театар. ТВМ од 2015 година, навака од НУ Завод и Музеј бара одговор на прашањето дали ќе го спречат руинирањето на објектот....

Продолжи со читање

МЛД: Македонските инфектолози се годинешните добитници на Специјална награда

Post Views: 11 Лекарите инфектолози од земјава се добитници на годинешната Специјална награда од Македонското лекарско друштво која ја доделува по повод 7 април Светскиот ден на здравјето. Секој поединец од Македонското здружение на инфектолози е столбот во борбата портив ковид 19 и е добитник на наградата, стои во соопштението на Македонското лекарско друштво. Во тие редови се и охридските инфектолози од ЈЗУ Општа болница. Инфектологот, д-р Светлана Попоска Алексијоска, е дел од Македонските здравствени херои кои една година се во секојдневна борба со вирусот. На денот кога се...

Продолжи со читање

Црвен крст Охрид организира подготовка за матурскиот испит за предметот англиски јазик

Post Views: 4 Курсевите се одржуваат во просториите на ОО Црвен крст. Кандидатите ќе ги добијат потребните знаења, а за тоа ќе се погрижат стручни и искусни предавачи и ќе бидат подготвени за успешно полагање на матурскиот испит по англиски јазик. Во две годишното спроведување на овој проект беа вклучени 30 матуранти и сите посетители на подговителнитe обуки  успешно ги положија испитите. Следејќи ги искуствата од минатите години и потребите на кандидатите и оваа година начинот на спроведување на проектот ќе биде кандидатите да се подготвуваат преку индивидуализиран пристап....

Продолжи со читање

Охридските социјал демократи укажуваат на низа незаконитости во манастирскиот комплекс Св.Наум

Post Views: 4 Во манастирскиот комплекс Св Наум се случуваат повеќе незаконски делувања на одредени државни институции од власта на ДПМНЕ, обвинуваат охридските социјал демократи. Со тоа не се почитуваат правата на жителите на Охрид , рече на денешната прес конферција портпаролот на ОО СДСМ  Александар Кузески. Тој  укажа дека Kомисијата за денационализација  во три наврати, спротивно на законските одредби од Законот за денационализација, со решенија од 2008, 2009 и 2011 година одзела  од РМ  над 3 илјади хектари земјиште,  дел од Националниот парк Галичица, и го вратила на...

Продолжи со читање

Поемата „Азбукословецот“ ja доби наградата „ Григор Прличев“ за 2013 година

Post Views: 8 Поемата „ Азбукословецот“ од Иван Василевски ќе биде промовирана во рамките на манифестацијата  Прличеви Беседи.  Оваа поема е избрана на конкурсот „Григор Прличев“ и е најдоброто поетско дело за 2013 година. Манифестацијата во чест на делото на Григор Прличев ќе се чествува 2 дена, а започнува во среда напладне во  НУ Центарот за култура која го носи името на големиот поет Григор Пеличев. „ Добредојдени се сите почитувачи на литературата и културата и секако почитувачите на големиот Григор Прличев. Тој не е само  поет туку и голем преродбеник, Григор Прличев ...

Продолжи со читање

Советниците од опозицијата ја напуштија денешната седница

Post Views: 4   Десетмина советници од опозицијата ја напуштија 18 – та седница на совет. Причина е што на дневен ред не се најдоа барањата  за информација со која одлука се постави лизгалиштето на плоштад,  отчет за работата на градоначалникот за 2013 година и информација за  причините за дислокација на дел од општинската администрација во Косел. Опозицијата бараше да се разговара за  според нив политичкиот реваншизам со неистомислениците вработени во Локалната самоуправа.  Нивните колеги од позицијата без дискусија не ги прифатија предлозите.„ Очигледно мнозинството не ги...

Продолжи со читање