Автор: Валентина Неловска
Post Views: 7 Во општина Дебрца наскоро ќе стартува со работа рудник за ископ на манган. Интензивно се работи на пробивање на пристапен пат до ископот на рудата над селото Врбјани. Во првата година се планира да се експолатираат 60.000 тони руда за Скопска железара, информира градоначалникот на општина Дебрца, Игор Трајкоски. Во наредниот период ископот на руда ќе се зголеми за 4 пати повеќе од првата година, додава Трајкоски. „ Во моментов работиме на отварање на рудник во Стогово кој ќе значи многу и за општината и за населението. Ќе се отвараат нови работни места со кои ќе...
Хотам воведува попусти на туристичките аранжмани за српски туристи
Post Views: 6 Во престојната летна сезона Хотам најавува попусти на туристичките аранжмани за Српските туристи кои ќе летуваат на нашето крајбрежје. Од почетокот на сезоната па се до крајот на годината ќе има намалување на цените на туриситичките аранжмани од 10 до 20 проценти. Оваа најава е во знак на благодарност за бесплатната вакцинација од страна на Србија која ја овозможи за Македонската стопанска комора меѓу кои и за членките на Независната угостителска комора, информира Крсте Блажески, претседател на Хотам. Во таа насока, откако премиерот спомна бесплатна патарина за...
Во Охрид почна отстранувањето на времените објекти
Post Views: 6 Започна отстранувањето на дел од 107- те времени објекти во Охрид. Сопствениците на овие објекти од 2006 година не ги подмирувале обврските кон државата која била сопственик на земјиштето до 2012 година каде што тие се поставени. Од август 2012 ингеренциите врз земјиштето ги презема Локалната самоуправа. „ Нашите служби извршија скенирање на состојбите на терен и утврдија кои од нив треба да се отстранат, бидејќи не се во согласност со урбанистичките решенија и планови кои треба да се донесат, а при тоа го нарушуваат и амбиентот и функционалноста на просторот....
Прекината наставата во струшкото ОУ „Јосип Броз Тито“, нема нафта за греење
Post Views: 6 Денес прекината наставата во ОУ „Јосип Броз Тито“. Учениците и нивните наставници останаа без греење. Нафта за греење нема од средата, но заради поволните временски услови децата доаѓале на училиште, но утрово, со падот на температурата децата не дојдоа в училиште. Претседателот на Советот на родители од ова уличиште Крсте Бунчески напоменува дека ситуацијата со набавка на нафта за греење е тешка. Според него е недозволиво во 21 век среде зима децата да останат без греење. Смета дека 5те тони нафта кои училиштето досега ги добило за централното и двете подрачни...
Охридските велосипедисти од Екодром најуспешни во земјава
Post Views: 7 Охридските велосипедисти од „Екодром“ најуспешни во земјава. На ранг листите на македонскиот велосипедизам „Екодром“ е најуспешен во планински велосипедизам, четврт во друмскиот и шести во велокрос. Во планинскиот велосипедизам екодромци освоија златни пехари во сите категории. Севкупно се освоени 8 пахари, 5 златни, 1 сребрен и 2 бронзени. Во планински велосипедизам, клубскиот златен Пехар – Трофеј, во најелитната категорија Елит – Сениори, злато за Бленди Троци, во категоријата У23 злато освои Христијан Николовски. Во јуниори злато за Јован Јованоски и...
Општина Дебрца ќе урбанизира десетина села
Post Views: 5 Општина Дебрца ќе урбанизира повеќе селски населби кои се без урбанистичка планска документација. Обезбедени се 17 милиони денари од Ипард програмата и 3 милиони денари од сопствениот општински буџет. 20-те милиони денари ќе бидат вложени во изработка на урбанистички планови кои треба да бидат готови за една година. На тој начин се планира да се урбанизираат селата Волино, Велмеј, Злести, Слатино, Горно и Долно Средорече, Климештани, Лактиње и Црвена вода. Недостокот од урбанистички решенија за селата ги попречува руралните средини во стопанскиот и туристичкиот ...
Фармерите да ги подмират давачките кон државата па да бараат субвенции
Post Views: 6 Фармерите прво да ги исплатат обврските кон државата па дури потоа да поднесуваат барања за субвенции. Оваа обврска важи и за охридските фармери. Мора да ги подмират давачките кон ресорното министерство и агенциите за земјоделие, водните заедници и претпријатието за јавни пасишта. Досега охридските фармери не плаќаа пашарина за користење на државното земјиште, но сега ќе мора да плаќаат за испаша на добитокот. Пашарината изнесува 50 денари годишно по грло за ситниот и крупниот добиток. Фармерите кои одгледуваат ситен и крупен добиток за сите информации може да...
Во Робевци ќе блесне Златната соба чие отварање се одложува веќе седум години
Post Views: 5 Во Робевци ќе блесне Златната соба чие отварање се одложува веќе седум години. Јавното изложување на златните археолошки екпонати од охридските локалитети се одлага иако е подготвено техничкото обезбедување. Сепак по безброј одлагања нејзиното отварање се највува за годинава. Презентирањето на досега пронајдените златни екпонати на охридските археолошки локалитети зависеше од печатењето на каталогот кој требаше да го изработи археологот Паско Кузман. Директорката на Завод и музеј Тања Паскали Бунташеска тврди дека златните експонати оваа година конечно ќе...