Автор: Валентина Неловска
Post Views: 4 Граѓаните на Охрид добија награда за „Трајно уништување на рибниот фонд од Охридското Езеро.“ Комисијата на Здружението на рекреативни риболовци „Свети Апостол Петар“ одлучи охриѓани да ја добијат оваа награда на конкурсот за доделување на награда за животно дело „Трајно уништување на рибниот фонд од Охридско Езеро“ во период 1991-2014. На конкурост пристигнале 49 пријави за кандидати од трети лица. Меѓу пријавените се научни установи од областа на рибарство, концесионери за стопански риболов, концесионер за рекреативен риболов, поранешен директор на рибарско...
Охриѓани и гостите вкусија рибна чорба и пача
Post Views: 7 За Денот на рибарите беше поделена за охриѓани и гостите 2000 литри рибна чорба. Гастрономскиот специјалитет беше подготвен во специјален казан и за оваа манифестација се подготрвува по трет пат. Во подготовката и овој пат беа вклучени ученици од средното угостителско училиште Ванчо Питошески заедно со нивните професори. Во тридневната подготовка учествувале 15-тина ученици од 3 година. Томи Трајаноски е еден од учениците кои беа вклучени во подготовката на чорбата.„ Идам од друг град, од Битола и ми е чест да бидам во ова училиште и се разбира во струката. Овој...
Почна имунизацијата со руската вакцина против корона вирусот „Спутник V“
Post Views: 8 Почна вакцинацијата за македонските граѓани со руската вакцина против корона вирусот „Спутник V“. Според планот за имунизација, вакцинацијата со 20.000 руски вакцини, донација од Србија, ќе се одвива на 48 пунктови во салата Борис Трајкоски. Вакцината ќе биде дадена на околу 3.000 граѓани на закажани термини. Опфатени се вработени кои имаат голем број на контакти на работните места, но и согласно возраста на лицата и евентуални коморбидитети и хронични болести. Меѓу лицата од професии со зголемен број на контакти се вработените во МВР, Армијата,...
Седум охридски села се снабдуваат со нехлорирана вода од селските водоводи
Post Views: 8 Без решение е проблемот со водоснабдувањето во повеќе охридски села. Жителите пијат нехлорирана и неисправна вода со децении, а трајно решение нема. Жителите или не ги препуштаа водоводите на Јавното претпријатие да стопанисува со водоводите изградени од месното население или пак ЈП немаат економска исплатливост да ги одржуваат. Последниот извештај за квалитетот на водата од ЦЈЗ покажува дека и понатака нема резидуален хлор во водоводот на седум села меѓу кои и во селото Куратица. Месната заедница од ова село, со години бара решение за овој проблем, а од 2018...
Антички и Долни Сарај ќе добијат кров
Post Views: 5 Антички театар и Долни Сарај пред почетокот на манифестацијата Охридско лето ќе добијат покрив. Фестивалот оваа сезона ќе добие покриени летни сцени на кои ќе се изведуваат музички и балетски претстави, информира директорката на охридскиот Завод и Музеј Тања Паскали Бунташеска.„ Проектите се изготвени, тендерските постапки се спроведени. Избрана е фирма и почната е изработката на тие покривни конструкции кои ќе бидат монтирани на две сцени. Со оглед на тоа што работата е започната, до месец мај проектите ќе бидат реализирани оваа година. Денес излезе...
Никола Љушкоски три години живее без електрична енергија
Post Views: 7 Никола Љушкоски три години живее во селото Куратица без струја. Тој по 50 години живот во Сан Франциско, САД решил пензионерките денови да ги помине во родното место. Куќата почнал да ја гради во 2008 година , а сега во неа живее три години и не може да добие приклучок на струја. Живее на светло од свеќи, без фрижидер и телевизор. Вели дека на негова возраст живечката без електрична енергија е тешка. Љушкоски во меѓувреме поставил соларна енерија, користи и плин, набавил и агрегат ама сето тоа не доволно, струја си е струја, вели тој. Најтешко му е во овие...
Децата од градинките „ Јасна Ристеска“ ја прославија Василица
Post Views: 6 Децата од сите објекти на градинките „Јасна Ристеска“ ја прославија Василица. Во дворот на градинката во централниот објект беше запален оган, се печеа колбавчиња, се делеа подроци, а маскираните деца весело пееја василичарски песни. На овој начин нивните воспитувачи од мали нозе им ја пренесуваат традицијата на славење Василица или Православна Нова година по јулијанскиот календар. Во семејството некои традиционалани вредности како да се подазборавени од кои прични не знаеме , но сакаме верата и моралните христијански вредности да ги доближиме до децата, напоменува...
Василичарите од Вевчани продефилираа низ сред село носејќи интересни маски
Post Views: 6 Почна традиционалниот Вевчански карневал. Повеќе од 1000 василичари продефилираа низ сред село носејќи интересни маски. И овој пат карневалските маски беа инспирани од личности и настани кои ја одбележаа 2013 година. На карневалот беше присутен и Субрата Рој со својата тајфа, но секако само како маска. Имаше и други бројни интересни маски. Манифестацијата започна пред два дена, а кулминацијата на прославувањето се очекува вечерва. Вевчани кое живее за оваа традиција која има долги корени привлече бројни домашни и странски туристи кои беа пријатно изнендаени од...