Автор: Валентина Неловска
Post Views: 7 Статистиката покажува дека бројот на лица и деца со аутизам е во пораст и кај нас и во светот. Денес се одбележува Светскиот ден за свесност за аутизмот. Причините за аутизмот и понатака се непознати и зависат од многу фактори, вели Ангела Чингоска, специјален едукатор и рехабилитатор од Здружението за аутизам „Во мојот свет“. Во нашата средина се прават позитивни промени во грижата и односот кон лицата со аутизам, но со бавно темпо. Поголеми промени се случија со отворање на нашиот Центар за сензорна терапија каде што многу родители побараа надеж за своите...
Во Охрид новогодишната ноќ минала мирно
Post Views: 9 Најлудата новогодишна ноќ во Охрид минала сосема мирно. Ова го потврдуваат одделите од хируршкото и интерното одделение при охридската болница. Хирургот, д-р Томе Гиноски, напоменува дека синоќа на нивното одделение неговите колеги интервенирале кај 7 -мина граѓани, пет мина странци и двајца охриѓани, кои учествувале во два инциденти. Сите за среќа завршиле со полесни телесни повреди.„Извршени се поситни хируршки интервенции без посериозни оперативни зафати. Обработени и зашиени се рани, опсервирани се болните неколку саати. Сите се пуштени на домашно лекување.“...
Еден мртов и тројца спасени албански државјани на планината Галичица
Post Views: 6 Акцијата на едниницата за спасување и извлекување од Црвен крст Охрид, на теренот на планината Галичица, заврши со еден мртов и тројца спасени албански државјани. Акцијата започна утрово во 11 часот, а заврши попладнево во 15. 30 минути, кажува Сашо Точко од Црвен крст Охрид.„ Четири лица се движеле на стрмен терен, едно лице се истркалало на 300 -500 метри и удрило во дрво. Се здобило со повреди и настанала смрта. Другите дошле да му помогнат, но нашите екипи кога стигнале едното лице веќе било починато, а другите биле во шок и вознемирена состојба.“Несреќата...
„ Децата за Дедо мраз“ претстава за најмалите охриѓанчиња
Post Views: 4 Младите актери аматери од детското драмско студио „Мулти култи“ ќе ја даваат претставата „Децата за Дедо Мраз.“ Ерол, Сара, Марија и Леонид се дел од малата група на драмското студио. Тие еден месец интензивно ја подготвувале претствата наменета за најмладите и за нивните врсници. Сите ветуваат добра забава и многу смеа за посетителите на претставата. Режисер на претставата „ Децата за Дедо Мраз“ е Ташко Лаброски. Во подготовка и реализација учествувале 10 деца членови на аматерското драмско студио. Покрај ова група на најмали аматери, учествуваат и Давор,...
Само еден од шесте штандови работи на градскиот плоштад
Post Views: 4 Во моментов од шесте штандови на плоштадот кои општината ги нуди за изнајмување работи само еден. Во него се продаваат рачно изработени сувенири. Стапивме во контакт со Локалната самоуправа и побаравме одговор каков бил интерeсот за изнајмување на овие типизирани објекти на кои за празниците е предвидено да се продаваат храна и пијалоци. Прашавме дали се изнајмени сите објекти или нема интерес за останатите пет штандови. Од таму информираа дека се издадени пет штандови, а дозволите за работа продавачите ќе ги добијат в понеделник. Останува да се изнајми уште...
Здружението на лица со дијабет 1 оствари средба со градоначалникот
Post Views: 6 Децата од Здружението на лица со дијабет тип 1 остврија прием кај охридскиот градоначалник. Здружението постои 4 години и ги опфаќа децата кои имаат дијабет тип 1, напоменува претседателот на здружението, Зоре Димоска.„ Целта на Здружението е децата да се собираат почесто , да се дружат и меѓусебно д а си помагаат во нивната едукација како на нив така и на нивните родителите.“ Здружението остварува разни активности и има потреба од помош на заедницата во поддршка на нивните активности. Еден од проблемите кои би сакале да го решат во иднина е просторниот...
Опасна раскрсницата во близина на ОУ„ Христо Узунов“
Post Views: 5 Сообраќајната раскрсница на улиците Питу Гули и Марко Нестороски, во близина на основното училиште Христо Узунов, е опасна по безбедноста на пешаците. Подолго време семафорите кои се поставени на улицата не се во функција и сообраќајот не се регулира со помош на светлосна сигнализација. Учениците се жалат дека возачите не секогаш ги почитуваат сообраќајните правила на пешачките премини. Понекогаш возилата застануваат за да поминеме, а понекогаш не, раскажуваат децата.Од Локалната самоуправа велат дека се свесни за сообраќајниот проблем и нефункционирањето на...
Управата за водење на матични книги денес оствари отворен ден со граѓаните
Post Views: 8 Управата за водење на матични книги денес оствари отворен ден со граѓаните и вработените. Директорот на управата, Ашим Зеќироски напоменува дека преку овие контакти може да се запознаат со проблемите на граѓаните, но и ќе побараат соодветни решенија за нив. Зеќироски, во нивната работа ги наведува како најчести проблемите поврзани со новороденчињата родени надвор од породилиштата, како и децата родени во странство.„ Како најчести проблеми во Управата за водење на матичните книги се појавата на дополнителни уписи на деца родени во домашни услови и дополнителните...