Автор: Валентина Неловска
Post Views: 284 Епидемиолошката состојба со ковид 19 во Охрид е сложена и загрижувачка како и во целата земја. Секојдневно има двоцифрена бројка која има тенденција на зголемување, вели Сашо Точков, директор на ЦЈЗ. Во јавноста кружат списоци со имиња и презимиња на граѓани со позитивен тест на корона вирусот. Објавувањето на такви списоци се кривично дело. Точков го осудува таквото протекување на информации кои кружат на социјалните мрежи и во јавноста. „Јас одговорно тврдам дека ниту еден список, кај нас нема списоци тоа се листи кои ги прави епидемиологот. Списоците кои...
Во општина Охрид нема застој во спроведување на вакцинации
Post Views: 307 Охридската служба за превентивна здравствена заштита на предшколски, школски деца и студенти работи според строго добиени препораки и протоколи добиени од МЗ. Д-р Соња Мариноска, раководител на одделението за вакцинации, информира дека во овој период имунизацијата во општина Охрид тече без проблеми и со почитување на сите протоколи за безбедност од ковид 19. „Добивме насоки да се нормализира работата да се отпочнат систематските прегледи и имунизацијата. Истовремемо поднесуваме известувања за спроведување на училишна имунизација до МЗ. Даваме извештаи колку...
Подигната рампата за влез и излез во стар град пред Горна Порта
Post Views: 274 Подигната е рампата за влез и излез во Стар град пред Горна Порта. Непречен е влезот за возилата во овој дел од градот за родителите да ги носат во училиште децата од 1 до 3 одделение кои посетуваат настава со физичко присуство. Рампата е подигната од пред неколку недели, од кога почна школската година, кажува Гордана Јованоска, директор на ЈП Билјанини извори кое стопанисува со јавниот паркинг простор во градот. „По барање на родителите и ОУ Св. Климент Охридски се подигаат рампите од понеделник до петок, од 7 до 14 часот за да можат родителите непречено да ги...
Стапува во сила забраната за групирање по паркови и јавни површини
Post Views: 308 Од денеска забрането е групирање на отворено на повеќе од четири лица по 22 часот. Ова го превидуваат новите измените во законот за заштита на населението од заразни болести. За непочитување на измените во законот за заштита на населението од заразни болести казните се до 30.000 денари или 500 евра. Угостителите кои претходно добија забрана за работа по 23 часот, реагираа на појави на групирање на млади луѓе, по 23 часот по парковите, детските игралишта, пекари, бензиски и слично. Од СВР Охрид најавуваат дека и досега биле биле вршени контроли за спречување...
Во НП Галичица ќе се поставува виа ферата
Post Views: 315 Националниот парк Галичица ќе добие нова туристичка содржина за љубителите на адреналинските спортови. Наскоро на територија на паркот ќе се постави виа ферата. Станува збор за еден вид алпинистичка насока која ја изработуваат членовите на АК Патагонија од Охрид, информира Антонио Додевски претседател на клубот. „Идејата за изработка на виа ферата дојде преку друг еден друг проект кој истотака паралелно го спроведуваме во рамките на НП Галичица. Ќе биде можеби една во моментов од најдолгите виа ферати со должина од 350 до 400 метри, се наоѓа во месноста...
Редовно се контролираат јавните превозници за заштита од ковид
Post Views: 276 Од спроведените контроли во јавниот транспорт на патници во Охрид, СВР Охрид и овластените инспектори за патен сообраќај при Општина Охрид, констатирале помали прекршувања на мерките за заштита од ковид 19. Секојдневно се спроведуваат контроли врз јавните превозници дали ги почитуваат одлуките на Комисијата за заразни болести за редуцирање на патници во јавниот превоз, инфоромира Стефан Димоски, портпарол на СВР Охрид. Полициската станица во патниот сообраќај презема интензивни мерки кон правните субјекти кои вршат јавен превоз на патници во градски и приградски...
Нова туристичка приказна во Вевчани, Виа ферата или безбедна патека за качување
Post Views: 420 Во Вевчани ќе се изгради Виа ферата, прва во Македонија, безбедна патека за доживување на алпиниститчкото искачување. Карпата висока околу 150 метри е лоцирана непосредно над Вевчани, во границите на заштитеното подрачје Споменик на природата Вевчански извори, на околу 1 км оддалеченост од изворите. Станува збор за надградба на проектот Хајс кардус трел кој преку планински патеки ги поврзува Македонија, Косово и Албанија, а започна пред 3-4 години, објаснува Антонио Додески од АК Патагонија кои се носители на проектот во рамките на Германско друштво за...
Во ЕМУЦ беше одбележан почетокот на учебната година на третата генерација според програмата за дуално образование
Post Views: 379 Во Средното стручно училиште Св. Наум Охридски стартува трета генерација ученици во дуално образование. Оваа година запишани се 25 ученици од кои 17 ученици во струката техничар за индустриска мехатроника и 8 мина техничари за производно машинство. Програмата ја спроведува Делегацијата на германското стопанство во Македонија во неколку средни стручни училишта и во соработка со десетина компании, меѓу кои е и охридскиот електромашиски училишне центар. Се спроведува со подсредство во контактите меѓу државниот и приватниот сектор, помеѓу училиштата, компаниите и...
Во охридско-струшките стручни школи тече практичната настава по протоколи
Post Views: 314 Во охридското средно угоститеско- туристичко училиште Ванчо Питошески нормално тече он лине и практичната настава во кабинетите. 180 средношколци од ова школо следат он лине настава од 1 до 4 година во повеќе стручни занимања. Од нив 70 ученици имаат практична настава во кабинетите, информира Марјан Радески, директор на ОУТУ Ванчо Питошески. Струките келнер и готвач имаат практична настава во 1,2 и 3 година, а струките угостителски техничари во 3 и 4 година. „Бидејќи сме стручно училиште наставата ќе се следи во кабинетите со почитување на протоколите и...
Без проблеми се одвива чистењето на речното урбано корито на Црн Дрим
Post Views: 340 Без проблеми се одвиваат работите за чистење на урбано речно корито на Црн Дрим, информира Никола Здравески, проект менаџер од УНДП. Сигурни сме дека и понатака ќе нема проблеми бидејќи имаме поддршка од локалното население и општина Струга. Исчистени се една третина од 765 метри должина од урбаното корито,а работите се очекува да финишираат до крајот на овој месец, кажува Здравески. „Според досегашните активности кои се отпочнати од пред една недела се дојдени до 1/3 од работите. Пред почетните активности изведувачот работеше на пристапи и се водеше сметка при...
Експертите за храна без одговор дали се пренесува ковид 19 преку храна
Post Views: 315 Сеуште е не познаница за научниците дали и како се пренесува ковид 19 преку храната. Прашањето посебно стана актуелно по случајот во Нов Зеланд кога властите после 100 дена без ниту еден нов заразен се посомневаа на нови инфекции со вирусот преку пратка од смрзната храна. Се додека СЗО и научната јавност не излезат со јасни податоци и истражувања може само да се шпекулира во однос на пренесување на заразата од ковид 19 преку храната, вели проф. д-р Владимир Какуринов, експерт за безбедност на храна . „Она што е интересно за ковидот е што никој досега не дал...
Кривична пријава заработил угостителски објект кој организирал свадба
Post Views: 326 Кривична пријава за свадба и 5 прекршочни пријави изрекле Државните пазарни инспектори продолжениов викенд во Охрид. 12 пазарни инспектори од Охрид и Гостивар извршиле над 200 контроли во угостителски објекти, информира Цветко Ристески, раководител на одделението за Пазарен инспекторат Охрид. Се контролирале охридските локали и хотели дали ги почитуваат владините мерки и протоколи. При акциите, 62 контроли биле со целосен инспекциски надзор и оформени записници, управни и прекршочни мерки. 137 биле визуелни контроли каде што не биле регистрирани неправилности,...