Автор: Валентина Неловска
Post Views: 6 Општинското средно училиште, ЕМУЦ „Св Наум Охридски“ утре ќе го одбележи патронатот. Во аулата на училиштето ќе се одржи свечена култруно-забавна програма подготвена од средношколците и нивните наставници. Директорот на ЕМУЦ, Јане Цаноски е задоволен од применувањето на бројни активности со кои се подобрува работењето на оваа образовна институција. Меѓу активностите ставен е акцент на подбрување на редовноста на учениците и намалување на зачестените изостаноци од настава, напоменува Цаноски.„ Направивме анализа за организирање на одморите во текот на наставата. На...
Бактериолошки неисправна водата за пиење во три села во Дебрца
Post Views: 6 Бактериолошки неисправна вода за пиење има во три села во Дебрца, покажуваат последните анализи од Центарот за јавно здравје -Охрид. Од таму препорачуваат забрана за употреба на водата за пиење од водоводите во селата Климештани, Требеништа и Мешеишта. Игор Крцоски, директор на Јавното комунално претпријатие Дебрца, информира дека се преземени активности за решавaње на проблемот со водоводот во село Требеништа кој е под нивна надлежност. „Во Требеништа водоводот е во сопственост на ЈКП и имаше бактериолошка неисправност на водоводната мрежа. Во саботата...
Во Охрид зголемен бројот на сообраќајните несреќи, младите се едуцираат
Post Views: 5 Годината која изминува на територијата на општина Охрид ќе биде запаметена како година во која има пораст на сообраќајни несреќи. За да се намали ваквиот црн тренд на сообраќајки со тешки последици по животот на учесниците во сообраќајот се презема едукативна кампања која започнува од средните училишта. Кампањата ја спроведува Општинскиот совет за безбедност во сообраќајот, а претседателот на овој совет Цане Георгиески ги наведува најчестите причини за несреќите.„ Факторите брзина на движење, влијанието на алкохолот и наркотиците, како основни според анализите....
ОУ „Кочо Рацин“ го одбележа патронатот на училиштето
Post Views: 7 Основното училиште „Кочо Рацин“ го прослави својот патронат. Денес во училиштето имаа отворен ден и се одбележаа бројни активности на учениците поврзани со нивниот патронен празник 22 декември, кога го празнуваат денот на раѓањето на големиот македонски поет Коста Солев Рацин. Посетителите имаа можност од блиску да се запознаат со креативноста на учениците под менторство на нивните наставници. Покажаа со различни презентации по сите предмети дека вредно учат и работат. Меѓу секциите како што се по историја, физика, хемија и биологија се претставија и јазичарите...
Третиот бран на пандемијата зема силен замав во Охрид
Post Views: 7 Сто и тројца охриѓани ковид позитивни и суспектни се згрижени во Општа болница во моментов. Исполнети се болничките кревети на сите одделенија кои се пренаменети за лекување на ковид пациенти. Во модуларната болница има само седум слободни кревети, информира д-р Горан Балески, директор на ЈЗУ Општа болница Охрид. Докторот Балески, напоменува дека се загрижени од состојбата во Охрид со третиот бран на пандемијата која зема силен замав и ги полни болнички кревети во скоро сите одделенија. Неколку болнички оддели работат со редуцирана програма. Има доволно медицински...
Во дворот на Гигерови владее предпразнична атмосфера
Post Views: 4 Празнична пред новогодишна магија блика од домот на семејството Гигер во Охрид. Бројни лампиони, светлечки кристали, осветлени елки и неизбежните зимски реквизити Снешко, Дедо мраз со санка и еленчиња се дел од веселиот декор. Иванка и Бруно Гигер за да ја постигнат празничната атмосфера во дворот на нивната семејна куќа потрошиле 10 дена креативна работа или по 5 часа дневно. Иванка се радува на конкурсот со кој Локалната самоуправа ќе ги наградува најдобро украсените дворови на охриѓани.„ Во Охрид почнале повеќе да се интересираат и гледам доста балкони и...
Градскиот хор исполнува весели Божиќни песни
Post Views: 5 Градскиот хор, вечерва ќе има завршен настап пред охриѓани. 30 -тина хористи ќе изведат Божиќни нумери. Со песните ќе внесат весело пред новогодишно расположение кај своите сограѓани. Концертот нема да биде стандарден туку ќе биде проширен со солисти и настап на гости од музичкото училиште, напоменува диригентот на хорот Проф. Александар Димоски. Димоски додава дека вредно и напорно работеле, а за изборот на репертоарот вели дека се труделе да внесат нови содржини.„ На овој концерт ќе бидат исполнети познати нумери кои публиката ги знае. Најпознатите Божиќни...
Нова година ќе се дочека со трубачите од оркестарот Агушеви
Post Views: 5 Нова година ќе се дочека со звуците на трубачите од оркестарот Агушеви. Покрај нив, охриѓани и гостите ќе ги забавуваат Наум Петрески, Зуица Лазова, Анастасија Петреска, Викторија Лоба, Ламбе Алабакоски и дувачкиот оркестар Агушеви. По долго нагаѓање околу настапот за новогодишната ноќ сепак се избрани домашни музички имиња. Нивниот настап за гостување на најлудата ноќ е според финансиските можности на општината, вели раководителот на Тлер, Ѓоко Апостолов . „ Со оглед на финансиската состојба која ја имаме во моментов во Локалната самоуправа успеавме да ги...