Skip to main content

Автор: Валентина Неловска

акција

Успешно завршена крводарителна акција последна за оваа година

Post Views: 42Студентите од  факултетот за туризам и угостителство денес даруваа крв. Во неколку часовната акција беа собрани рекордни 35 крвни единици, информира Анета Јованоска од ОО на Црвен крст. На младите луѓе од оваа високо образовна институција им се приклучија и нивни колеги од информатичкиот универзитет Апостол Павле, средношколци од угостителското училиште, како и хуманисти од Лајонс клубот. „ За среќа денес има голем број кој сакаат да подарат благородна течнсот и да спасат нечиј живот. Тука има студенти, средношколци, професори. По втор пат се Лајонсите кои се поддржувачи на...

Продолжи со читање

cador

За сексуалните работници доаѓаат нови денови

Post Views: 66  Полека се надминува опшетствената дискриминација кон сексуалните работници.  Во Охрид, веќе четири години на сексуалните работници поддршка во оставрување на нивните права и заштита им дава НВО Опција. Организацијата составена од тим на социјален работник, педагог и правник ги едуцира сексуалните работници како да се заштитат од Хив Сида, од сексуално преносливи инфекции и несакана бременост. Се едуцираат за да се зајкне нивната заедница, сами да се борат за нивните права, вели Јулијана Настоска, социјален работник од Опција. За оваа проблематика Опција  има соработка со...

Продолжи со читање

еснаф

За угостителскиот еснаф утрешниот состанок прв тест за активно учество

Post Views: 51Новиот претседател на здружението на угостители „Охридски еснаф“, Михаил Мишев вели дека во претстојниов период ќе прави напори да создаде што е можно поорганизиран еснаф. Во нивната  програма  е зацртано што поголемо активно учество на сите субјекти од областа на туризмот и угоститеството, за да имаат поорганизиран настап пред институциите.   Не е за занемарување уделот на угостителството врз  економскиот развој на градот, нагласува Мишев. Додава дека нивна цел ќе биде и квалитативно  и квантитативно учество на еснафот во градење на таа слика за Охрид.  Претстојни цели ќе...

Продолжи со читање

elida

Охриѓани во последен момент одлучуваат каде ќе патуваат за Нова година

Post Views: 44Охриѓани сакаат да патуваат за новогодишните празници надвор од својот град. Навики за патување за време на празниците  имаат, но традиционално чекаат  да изберат дестинација во последен момент, напоменува Елида Битрак од ТА „Елида тур“с.„ Мислам дека поголем е интересот за патување за новогодишните празници  отколку за божиќните празници. Тие ги сметаат како семејни и сакаат да останат дома со своето семејство“.  Празниците се спојуваат и со зимскиот одмор. Охриѓани најчесто избират како најповолни дестинации за зимски  одмор во Боровец и Банско. Секако на изборот за...

Продолжи со читање

gradinka

Решен кадровскиот проблем во охридската градинка

Post Views: 53Во Агенцијата за јавни службеници тече конкурсот за прием на 4  профили за потребите на детската градинка „ Јасна Ристеска“. Работно ангажирани ќе бидат 3 воспитувачи и една негователка, информира директорката  на градинката Роза Костоска. Овие вработувања  се дел од планираните 300 на  Министерството за труд и социјална политика за Македонија, од кои  9 беа предвидени да се реализираат во охридската градинка. Претходно кадарот бил надополнет со 5  вработувања преку владиниот проект со Македонски шуми и биле вработени  негувателки, хигиеничарка, садомијачка и чувар –...

Продолжи со читање

izlozba

Охрид е расадник на млади уметници

Post Views: 67Одржана традиционалната изложба  на родокрајните сликари со три деценски континуитет на уметници  кои потекнуваат, работат или сликаат во Охрид. На изложбата се претставени 30 дела на 20  сликари, вели организаторот на изложбата при Центарот за култура академскиот сликар Славко Упевче.„ Можам да кажам дека од година в година има се повеќе учесници на изложбата. Ги покануваме сите кои завршиле соодветно образование, средно уметничко, виша педагошка или Академија на ликовни умтености со цел да се задржи квалитетот на изложбата со оформено образование.“На изложбата се застапени...

Продолжи со читање

klimatizeri

Нептун донираше климатизери за охридската градинка и училишта

Post Views: 61Четири климатизери донираше Нептун, еден од најголемите ланци на продавници за електроника во земјава. Донациите се наменти за детската градинка Јасна Ристеска и за трите основни учулишта, Григор Прличев, Климент Охродски и Христо Узунов. Нептун и прозиводителот на бела техника Беко донираат во повќе општини во земјава меѓу кои и во Охрид, информира Никола Крстаноски, раководител на Нептун.„ Донираме климатизери од марката Беко, еколошки, едни од најдобрите на пазрот. Во иднина што ќе има потреба тоа ќе донираме“. Роза Костоска , директорката на детската градинка е задоволна...

Продолжи со читање

sdsm

ОО на СДСM: Кај поранешната библиотека не се гради според закон

Post Views: 82Охридските социјалдемократи се огласија со прес конференција на која укажуваат на одредени состојби во работењето на Локалната самоуправа. Прашуваат  што се гради на местото кај поранешна градска библиотека? При тоа укажуваат дека доколку нешто гради Локланата самоуправа таа не ги почитувала законските прописи, посочи портпаролот Александар Кузески.„ Член 83 од Законот за градење вели дека изведувачот е должен градилиштето да го загради заради спречување на неконтролиран пристап во градилиштето со соодветна ограда на начин што работата во градилиштето нема да ги загрози...

Продолжи со читање