Skip to main content

Автор: Валентина Неловска

vakcina

Охридскиот регион заштитен од полио вирусот

Post Views: 45Заразната болест полиомиелит напаѓа на Блискиот Исток. Стручнаци од СЗО отценија дека постои ризик од ширење на оваа заразна болест во Европа.  Македонија не е исклучена но добра вест е што има висок процент на имунизација.  Скоро 5 децении  населението во  земјава се вакцинира против полиомиелитот. Имунизацијата започнува кај  бебиња на двомесечна возраст, во неколку последователни дози, орално против 3 типа на полиовируси.  Подоцна следува ревакцинирање на децата на 1, 7  и 14  годишна возраст. Покриеноста со имунизацијата од полиомиелитис  во регионов е голема и се движи...

Продолжи со читање

konkurs

Студентите по информатика ќе аплицираат за избор на најкреативна Android апликација

Post Views: 49  Конкурсот за изработка на апликација за андроид телефони привлече голем интерес на студентите од информатичкиот универзитет Св. Апостол Павле.  11 групи составени од по 3 студенти  ќе изработуваат апликации за Android и I Phone. Вилјам Асијама  е еден од пријавените студенти.„ Дознавме дека се работи за Android  и IPhone натпревар. Нашиот тим најчесто работи со Windows апликации, но ќе се обидеме да изработиме и со андроид. Очекувам да се забавувам додека работиме на андроид апликацијата бидејќи немаме големо искуство, но сакаме да се испробаме“.Студентите од „Свети Апостол...

Продолжи со читање

градинка

Детската градинка „Јасна Ристеска“ одбележа 5 децении постоење

Post Views: 8550 години постоење одбележа детската градинка „ Јасна Ристеска.“ Како што доликува на една роденденска прослава градинката јубилејот го прослави со торта, а ансамблот Билјана и присутните во салата  ја отпееа и  роденденската песна. Низ предшколската установа продефилирале бројни генерации деца. Во градинката биле згрижени и поминале дел од своето среќно детство. Установата низ времето постојано се менувала, напредувала и се проширувала просторно и со кадар, а од година во година згрижувала и се поголем број деца. Сегашниот  вршител на должност, директорката, Роза Костоска се...

Продолжи со читање

spomenik

Одбележани 69 години слободен Охрид од фашистичката окупација

Post Views: 577-ми Ноември, Денот на ослободувањето на Охрид, значаен историски датум беше одбележан со одавање почести на жртвите паднати за слободата на градот. На свечената седница беше одржан историски час на кој Никола Стефаноски, потпретседателот на Сојузот на борци на Охрид и Дебрца, се наврати на значењето на 7-ми Ноември. Потсети на 40- тината млади борци  кои своите животи ги положија за слободата.„Заедно да го споделиме  споменот во одбележувањето на датумот кој го чува и означува времето кое треба да го паметиме и да не го заборавиме“, им порача на присутните во своето обраќање...

Продолжи со читање

stalak

Се крадат сталаците за испитување на аероседиментно загадување

Post Views: 52Се краде се и сешто па крадците посегаат дури и по сталаците и балоните поставени за мерење аероседиментно загадување. Од пропишаните 4 мерни места во градов  засега функционираат само две. Сталаците се поставуваат на фрекфентни сообраќајни места од каде еднаш месечно се земаат примероци со кои се испитува концентрацијата на честички прашина во воздухот.  Д-р Лидија Симоноска, специјалист по хигиена и здравствена екологија, од Центарот за јавно здравје, информира дека вакви пунктови за испитување на  аероседиментното загадување биле поставени кај  автобускат станица, кај...

Продолжи со читање

palma

Засадени неколку палмини стебла од предвидените сто

Post Views: 50На охридското крајбрежје денес беа посадени  неколку палми.  Младите стебла се дел од 100-тината палми кои треба да бидат засадени на повеќе локации во Охрид. Стеблата ги посадија  Градоначалникот Никола Бакрачески и директорот на Македонски шуми Жарко Караџоски. Градоначалникот Бакрачеси со оваа акција наговестува повеќе зеленило во градот.  „ Со што сметаме дека е даден придонес за хортикултруно уредување и разубавување на централното градско подрачје. Ова е еден почеток кој во иднина со Македонски шуми ќе спроведуваме активности заедно со ЈП Комунално за хортикултурно...

Продолжи со читање

mecka

Спасен охридскиот ловџија нападнат од мечка

Post Views: 116Се стабилизира здравстената состојба на ловџијата кој вчера беше нападнат од мечка. На ловните терени во атарот на Горна Дебрца, Песочан – Ново село,  мечка со мало мече  нападнала ловџија и му нанела тешки повреди во пределот на лицето и  главата. Проф д-р Миле Мичуновиќ, доктор на медицински науки од Специјалната болница за ортопедија и трауматологија „Св. Еразмо“, со тим на лекари од болницата, успеале во текот на мошне сложената  6 часовна хируршка интервенција да го спасат  животот на  ловџијата. Како што  информира Проф. д-р Мичуновиќ  во болницата ловецот бил...

Продолжи со читање

Во градската канализација се фрла и градежен материјал

Post Views: 55 Екипите на ЈП Нискоградба одчепуваат од градската канализација разни видови отпад кои прават дефекти во одведување на отпадните води. Во шахтите и во канализација завршуваат не само влажни марамчиња кои несовесните граѓани ги фрлаат туку и други предмети кои како нус продукти од индустријата и угостителските објекти. Најнова појава е фрлање во шахтите и канализацијата остатоци од градежните материјали, информира Нина Трендафилова, помошник директор за оперативни и технички работи во ЈП Нискогрдаба. „Поради експанзијата на изградба на станови голем дел од изведувачите дел...

Продолжи со читање