Skip to main content

Автор: Валентина Неловска

Охридската касарна е претворена во дувло на лисици

Post Views: 3 Напуштената охридската касарна е претворена во дувло на лисици. 230.000 квадрати површина се запуштени и  обраснати со треви, грмушки и  шума. Жители од Радојца Новичиќ  стравуваат за безбедноста и тврдат лисиците ноќе и во раните утрински часови им доаѓаат во дворовите.  Блаже Настоски раскажува „често пати имам приметено дека  излегуваат лисици од касарната и преминуваат на бетон. Не случајно чувам дома кучиња, ноќе има јаки лаежи. Имаме приметено дека доаѓаат по храна во кантите за ѓубре. При одење на работа пред мене  ми помина лисица и ја бркав со возилото по...

Продолжи со читање

Бетонска база еколошки проблем за жителите од ул. Кленоец

Post Views: 6 Жителите од месната зедница 15-ти Корпус, од улиците Кленоец, Српница и Веле Марко реагираат на сериозен еколошки проблем кој го загрозува нивното здравје.  Огромни облаци прашина секојдневно се дигаат пред нивните домови. Прашината се таложи на крововите, автомобилите, растенијата. Се жалат дека не можат да отворат прозор нити да исушат алишта.  Но, најмногу од се стравуваат за здравјето, раскажува Блаже Настоски еден од жителите кој се соочува со овој проблем.„Имаме еколошки проблем. Имаме база која е голем загадувач и бараме нејзина дислокација или некое...

Продолжи со читање

Побрз пристап и добивање документација за градба од урбанизам бараат агенците за недвижности

Post Views: 4 Агенциите за недвижности бараат  полесен и поефикасен пристап до информации во секторот за урбанизам.  Агентите за недвижности имаат потреба од побрзо доѓање  до урбанистичката документација. Посакуваат и предност при приемот во урбанизам како правни лица. На досегашното чекање и губење време пред вратите на урбанизам посакуваат да му се стави крај. Александар Трајкоски од агенцијата Енхелеја укажува дека со новата  Локална власт работите се придвижиле кон подобро, но не и доволно.„ Треба да има промени од луѓето кои работат. Уште по позитивно и побрзо  да ги...

Продолжи со читање

На двете претсојни седници најбројни точките од урбанизмот

Post Views: 2 Утре  ќе се одржи дванаесеттата седница на Советот на општина Охрид, а во четврток тринаесеттaта. Советниците нас 12-тата седница ќе дискутираат по предлог одлуки  за усвојување на бројни извештаи од повеќе области за периодот од 1 јули до 30 септември. Извештаите се однесуваат на  сообраќајот, туризмот,  системите за наводнување и пречистување на отпадни води.Ќе посветат внимание и на остварениот буџет во истиот период, аќе донесат и буџетски календар за 2014 година. Советниците ќе се произнесат и за формирање на Совет за заштита на потрошувачите и за Локален...

Продолжи со читање

Неизвесна судбината на Слатинско Езеро

Post Views: 3 Слатинското езеро сeуште е во незавидна ситуација. По катастрофалното оштетување на браната и  истекување на водите од Слатинско Езеро во месец март, и по шест месеци,  неговата судбина е неизвесна.  Додека жителите од средна Дебрца и концесионерите на реките и вештачките езера  очекуваат негова поправка и полнење со вода, од ресорното министерство молк. Во месец јуни  општина Дебрца до Министерството за земјоделство, шумарство и  водостопансто доставила барање за негова санација, вели градоначалникот  Игор Трајкоски. „Сеуште немаме одговор кога ќе се санира....

Продолжи со читање

Во основните школи ќе се воведува услугата образовен асистент за децата со посебни потреби

Post Views: 13 Во основните школи ќе се воведува услугата образовен асистент за децата со посебни потреби. Министерството за образование прави подготовки за обезбедување на образовен асистент од следната учебна 2021/2022 година. Со новиот Закон за основно образование, училиштата каде што се воспитуваат и образуваат учениците со попреченост стануваат Ресурсни центри. Ќе се овозможи мобилност од искусен кадар кој ќе дава поддршка на инклузираните ученици како и на инклузивните тимови во редовните училишта. „Сите родители на учениците од 2-ро до 9-то одделение треба да се...

Продолжи со читање

Детската градинка „Јасна Ристеска“ има потреба од уште една кујна

Post Views: 9   Детската градинка Јасна Ристеска има потреба од работа  на уште една кујна.. Зголемениот број на згрижени деца во установите  наметнува потреба и од поголем капацитет на кујната каде што се приготвува храна за децата.  Храната за 878 деца во сите објекти на детската градинка се подготвува во кујната на централната градинка и се дистрибуира во останатите клонови иако има кујни и во Лихнида и Росица. Со години не било вложувано во обнова на техничката опременост на кујните и сега тоа почнува да се чуствува , кажува вршителот на должност директор  Роза Костоска.    „...

Продолжи со читање

Во Коселска река рибокрадци недозволено ловат плашица и Охридска пастрмка

Post Views: 6 Со недозволен риболов од Коселска река  големи количини  плашица и охридска пастрмка завршуваат во  фрижидерите на рибокрадците. Најчесто рибата се лови ноќе со мрежа и кепче  укажуваат жители кои живеат покрај реката и се сведоци за недзоволеното  ловење. Во овој период  со намалување на температурата на водата во Охридското езеро плашицата влегува на зимување и по храна во Коселска и Сатеска река, но таму и прети уништување од несовесни риболовци, вели Радован Димитриески од СРД „ Св. Апостол Петар“, концесионер на  речниот слив на Охридското езеро. За да се...

Продолжи со читање