Skip to main content

Автор: Валентина Неловска

Проектната документација за изградба на катна гаража отстапува од Планот за управување со светското природно и културно наследство

Post Views: 8 Планската документација за проектот за изградба на катната гаража во Охрид е првиот објект од јавен интерес на градот кој има отстапување од Планот за управување со светското природно и културно наследство во Охридскиот регион. Проектот за изградбата на катната гаража е завршен уште пред да се донесат измените во новиот план, информира градоначалникот Константин Георгиески за текот на изготвувањњто на проектната документација за овој важен објект за градот. „Согласно планот за Управување сега висината на објектот е П + 2, а со изводот од планот тука имаме катна...

Продолжи со читање

Македонските туристички водичи испорачаа барања до Владата

Post Views: 9 Македонската асоцијација на туристички водичи и придружници упатија неколку барања до владата за да се подобри нивниот статус. Од почетокот на пандемијата се наоѓаат во тешка економска состојба, а во 5 сет екомски мерки се изоставени од помош на државата. Вклучени беа во 4 пакет економски мерки за помош, а сега прашуваат според кои критериуми туристичките водичи не се опфатени во новиот сет економски мерки. Туристичките водичи испорачаа барања до ресорното Министерство и владата да го решат нивниот статус. Да се донесат протоколи за работа во нивната дејност и...

Продолжи со читање

Финансирање на мали проекти важни за НП Галичица и локалното население меѓу бројните активности во планот за управување со паркот

Post Views: 7 Одржана јавна расправа по Нацрт Планот за управување со Национален парк Галичица 2021 – 2030 и Нацрт Извештајот за Стратегиска оцена за влијанието врз животната средина .Учесниците на расправата ги одобрија активностите предвидени во Планот за управување и извештајот за влијанието на животната средина, информира Константин Здравески, соработник од одделението за алтернативни активности и еколошка едукација при ЈУ НП Галичица. Во изготвениот нацрт план за управување со НП има 8 програми во кои се предвидени активности кои овозможуваат заштита на природниот...

Продолжи со читање

Трета година по ред нема вештачки мрест на Охридската пастрмка

Post Views: 8 Охридската пастрмка е во се поголема опасност од истребување. Се повеќе се влошува нејзиниот и онака загрозен статус, предупредуваат од ЈНУ „Хидробилошки завод“ – Охрид. Три години по ред, од 2019, 2020 и 2021 година нема вештачки мрест на ендемичниот вид риба во Хидробилошкиот завод, информира м-р Зоран Спиркоски од одделението за практично рибарство и аквакултура. Спиркоски вели дека е жално административни пречки да се причина да се загрози опстанокот на пастрмката како ендемичен вид. „Ваквиот недостаток на порибување 3 години неминовно ќе значи влошување...

Продолжи со читање

Бесплатна лекарска грижа добиле 400 пациенти со проектот „Cross4all“

Post Views: 7 Медицински тимови даваат бесплатни здравствени услуги за граѓани на кои им е отежнат пристапот до здравствените установи во рамките на проектот „Cross4all“. Носител на проектот „Cross4all“ е Секторот за туризам и локален економски развој при Општина Охрид, а се имплементира заедно со Заводот за кардиоваскуларни заболувања од Охрид и Општинската организација на Црвен крст. Во време на пандемија прегледани се 400 пациенти од месец декември до сега, информира Сашо Точков, претседателот на ОО ЦК, за досегашите позитивни искуства од реализацијата на проектот...

Продолжи со читање

Охриѓани повнимателни оваа зима, помалку скршеници здобиле од лизгање на мраз

Post Views: 7 Непречено функционираат тимовите на Итната медицинска помош во овие зимски денови, информира д-р Љупка Николоска, раководител на Итната медицинска помош. Медицинските екипи од брза помош интервенирале на неколку сообраќајни несреќи кои се случиле во околината на Охрид и Дебрца во изминативе денови, згрижувале повредени како резултат на лизгање на мраз, пружиле помош и на повици од хронични болни. За среќа, кај охриѓани се забележува намалување на случаи со скршеници здобиени од лизгање на мраз оваа зима ама има повеќе повици од хроничните болни. „Има повеќе...

Продолжи со читање

Лекарите од внатрешноста со вакцината Бионтек/Фајзер ќе се имунизираат во Скопје

Post Views: 7 Околу 200 медицински лица од Охрид  колку што се пријавиле за вакцинирање против Ковид 19 ќе одат во Скопје да ја примат вакцината на Бионтек/Фајзер која прва пристигна во државава.Фазјеровите вакцини нема да бидат дистрибуирани во Здравстените домови низ градовите во внатрешноста. Медицинарите кои се први по приоритет за вакцинација ќе бидат повикувани во Скопје. Причината е немање на посебни услови за чување на Фазјеровата вакцина во здравствените домови во земјава, инфромира д-р Ајсел Зејноска, директор на Здравствен дом Охрид. „Заради специјалниот начин на...

Продолжи со читање

Доделени спортски ваучери за охридските спортски клубови

Post Views: 12 Агенцијата за млади и спорт ги објави износите на доделените спортски ваучери на спортските организации, спортските федерации, спортските клубови и спортистите во индивидуални и во екипни спортови од земјава. Спортски ваучери добија и охридски спортски клубови. Меѓу нив се градскиот ракометен и фудбалски клуб. Градскиот ракометен клуб „Охрид“ доби спортски ваучер на износ од 6.100.000 денари, а фудбалерите од „Лихнидос“ 950.000 денари. Соодветните критериуми или категоризацијата е контролирана од Владата преку државните инстутуции кои имаат надлежност во делот...

Продолжи со читање