Автор: Валентина Неловска
Post Views: 9 За ситни политички поени опозицијата пласира низа дезинформции во јавоста меѓу кои за двојно зголемена цената на водата, кажа на прес- конференција Алексијоски. Точно е дека е зголемена цената, но да потсетиме на фактот и да не заборавиме дека тоа се должи на Решението од Регулаторна Комисија од 2017 кога се поставени новите цени од 10 денари на 17 денари додека беа тие на власт. „Тие цени се добиени согласно пресметки кои нивните тогашни стручни лица врз основа на финансиските извештаи беа должни да ги предадат до Регулаторна комисија за таа да излезе со...
Кристијан Џамбазовски нов директор на Агенцијата за развој и поддршка на туризмот
Post Views: 37 Агенцијата за развој и поддршка на туризмот доби нов директор. На чело на оваа Агенција, а на местото на досегашниот директор Јордан Трајков, сега е назначен Кристијан Џамбазовски. По пет месеци од поднесувањето на оставка на Јордан Трајков, сега туристичката фела во регионов очекува нов ветар на позитивни промени. Претседателот на Хотам, а воедно и член на Советот на Агенцијата, Дончо Танески укажува на досегашното ниско ниво на соработка со екс директорт Трајков, на слабата реалицазија на плановите, лошите ефекти и слабиот бенефит во туризмот.„Во февруари и...
Во охридските ресторани ни за лек нема охридска пастрмка
Post Views: 7 Охридската пастрмка и понатака ја нема ни за лек во охридските ресторани, тврдат охридските угостители. Тие во моментов на гостите им понудат белвица или охридски крап, но не и специјалитети од ендемичниот вид на пастрмка по која е познат градот. Овој проблем е присутен 15 години и кога се понадеваа дека на проблемот ќе му се стави крај со издавање на езерото под концесија, непријатно се изненадени. Ендемичната охридска пастрмка ја има во главниот град и во внатрешноста на земјата, ама ја нема во Охрид, вели познатиот охридски угостител Љупчо Патчев. „ Ние не...
„Звуците на длетото“ изложба посветена на 12 охридски резбари
Post Views: 4 Со наслов „Звуците на длетото“ започна изложбата посветена на повеќемина охридски резбари. Организаторот на изложбата, етнологот Оливера Мишева, од охридскиот Завод и Музеј направила избор на дела работени во разни техники. Љубителите на оваа уметност имаат можност да ги видат делата изработени во плитка, длабока и поткопана резба. Има изложено рељефи, скулптури, делови од иконостаси со библиски сцени, појаснува Мишева, за делата од 12- мината резбари.„Тие се претставнаци на различни генерации – мајстори кои го изучиле занаетот во резбарското училиште ...
Се снима документарен филм за Охридското востание
Post Views: 10 Охридскиот режисер Илија Пиперкоски подготвува документарен филм за Охридското востание кое се случило 12 септември 1913 година. Станува збор за многу малку познат историски настан, во кој македонците на чело со охриѓанецот Петар Чауле и албанците со Сефедин Пустина, по Букурешкиот договор спонтано како револт од срамниот договор се дигнале на востание против српскиот окупатор. За жал востанието било крваво задушено, напоменува историчарот Никола Митровиќ.„На нас младите историчари, уметници и режисери ни припаѓа честа да го популризираме Охридското востание...
Полицискиот час дава резултати, опаѓа бројот на новодијагностицирани пациенти со ковид 19
Post Views: 5 Бројот на новодијагостицирани пациенти со ковид 19 е во опаѓање. Денес тој број е под 1000 инфицирани и очекуваме да се стабилизира состојбата во наредните денови, кажа министерот за здравство Венко Филипче. Полицискиот час кој беше воведен пред една недела ги дава ефектите, но Комисијата за заразни болести ќе ги следи состојбите со овој бран на ковид 19. Нова проценка на состојбите ќе има следната недела и ако има потреба ќе се преземаат нови мерки. „Дополнителни рестриктивни мерки како следен чекор би биле зголемување на времетраењето на полицискиот час и...
ЈП„Галичица“ располага со доволни количини огревно дрво
Post Views: 8 ЈП „ Галичица“ располага со доволни количини огревно дрво. Во стовариштето на подружницата на Галичица, Македoнски шуми во моментов има за продажба околу 6000 метри просторно дрво, информираат од јавното претпријатие. Од нив 4500 се бука и 1500 просторни метри даб, напоменува в.директорот на ЈП Галичица, Зоран Неданоски. Тој додава дека од 1 септември интересот на граѓаните за купување на огревно дрво се зголемува.„ Имаме доволни количини и нема опасност месното население да биде снабдено со огревно дрво. Покрај тоа што имаме доволни количини дрво во...
Агентите за недвижности бараат побрза урбанизација на потегот Билјанини извори – Пештани
Post Views: 8 Во Охрид има околу 3000 слободни станови за продажба, велат агентите кои работат со продажба на недвижности. Од нив над 2500 се нудат преку агенциите, а останатите се нудат на разни други начини. Оваа бројка на станови е многу голема за град од 50.000 жители и дефинитивно пазарот со недвижнсоти е презаситен, укажува на ваквите состојби агентот за продажба на станови и куќи, Александар Трајчески од агенцијата за недвижности Енхалеја. Трајчески смета дека на градот му е потребна промена во градежната политика.„ Да не се иневстира во големи згради туку во хотелски...