Skip to main content

Автор: Валентина Неловска

Склучила договор за користење интренет, услугата не ја добива, а плаќа сметки

Post Views: 6   Виолета Белическа Ивановска се жали на неисполнета услуга од ВИП мобилниот опрератор. Таа  склучила договор на 24 месеци за користење на интернет услуга. Тврди дека од  17 април па се до денес не може да ја користи бараната услуга, заради дефект.  Побарала од продажниот центар на мобилниот оператор ВИП во Охрид,  како што вели да се отстрани проблемот за да ја користи услугата, а не да плаќа нешто што не го користи. УСБто преку кој Белическа Ивановска треба да ја користи интернет услугата од 23 август е доставен во ВИП и чека одговор што ќе се случи понатака. „...

Продолжи со читање

Засадени дрвца и донирани книги од поранешни ученици од генерацијата 1948/49 од ОУ Григор Прличев

Post Views: 6 Зимзелени садници и донација на книги за училишната библиотека во ОУ „ Григор Прличев“  подарија група поранешни ученици од генерацијата 1948 /1949 година. Сега возрасни луѓе заедно се навратија на возбудата од првиот училишен ден, а се присетија и на нивните  учителки. Ружди Муфти раскажува за неговата  учителка Тинка Најденова, прекрасна жена,  која се грижела за сите свои ученици и всадила кај нив морални вредности, како што се меѓусебно пријателство и љубов кон постарите и училиштето. Потврда за тоа е неодaмнешната генерациска средба на 50 -тина ученици од ова...

Продолжи со читање

Неповолна година за охридските пчелари

Post Views: 5   Променливите временски услови годинава неповолно се одразија врз пчеларството во нашиот регион. Богоја Петровски е пчелар со 20 годишно искуство  и оваа година ја отценува како една од послабите. Резултатите од пчеларството зависат од вложениот труд на пчеларот, оној кој вложува повеќе труд добива  и подобри резулатати. Пчеларите кои ги носат сандаците на паша поминуваат подобро од они кои сандациите ги имаат стационарано на едно место. За нив времето не беше наклонето па и приходите ќе бидат во насока на  покривање на трошоците, нагласува Петровски. Појаснува...

Продолжи со читање

За руралните средини нема проекти за реконструкција на локалните патишта

Post Views: 7 Благој Бочварски, Министерот за транспорт и врски, ги повика сите 80 општини од земјава да аплицираат со изработени проекти за заем од 70 милиони евра од Светска банка за подобрување на патната инфраструктура. Неодамна од говорницата во градскиот Совет, Гоце Георгиески, советник од редовите на Вмро Дпмне, праша дали има можност за конкретна реализација во нивниот мандат за изградба и реконструкција на локални патишта и улици во руралните средини во Охрид. „Во програмата ставивме за реализација на проекти за изградба и реконструкција на локални патишта и улици во...

Продолжи со читање

Младите се поретко се одлучуваат за многудетно семејство

Post Views: 4   Во Охрид наталитетот и понатака е сериозен проблем. На овој факт укажуваат се помалку запишаните деца во прво одделение , а следствено на тоа и помал број на средношколци во средните училишта. Училиштата стануваат се попразни, а бројот на деца од година во година се намалува. Загрижува и фактот што се повеќе расте бројот и на младите луѓе кои не се одлучуваат да се оженат или омажат за да формираат семејство. Младите се почесто заминуваат во странство. Охриѓани имаат свое мислење и гледиште зошто ни се случува оваа негативна социолошка појава. „Економските...

Продолжи со читање

Професори од Клиника лекуваат пациенти во охридската болница

Post Views: 7 Веќе шест месеци на интерното одделение во охридската болница пациентите закажуваат медицински прегледи кај тројца врвни специјалисти, професори од Клиниката во Скопје. Оваа  можност следува  по владиниот проект во насока на ублажување на дефицитот од лекари специјалисти во болницата. Со ваквото решение  и пациентите и  болницата имаат голем бенефит, информира портпаролот на болницата д-р Сашо Василески. Болницата на тој начин го пополнува недостигот од специјалисти, а пациентите заштедуваат време и пари за патување до Скопје, појаснува Василески. „ Професор Тања...

Продолжи со читање

Mедијаторството бавно се прифаќа од граѓаните и бизнис заедницата

Post Views: 8 Медијаторството како алтернативен начин на мирно решавање на споровите е непознаница за граѓаните и бизнис заедницата. Законот за медијација се применува од 2006 година и кај нас споро се прифаќаат неговите бенефити и сме сеуште далеку зад Еврпските земји во примената на медијацијата, вели д-р Јелисавета Георгиева Јовеска, лиценциран медијатор и потпретседател на Стопанската комора на Македонија. Напредок во оваа област има во последните 5 години по Законските измени во 2016 година кога се додава членот за задолжителен обид за медијација на спорови до 1 милион...

Продолжи со читање

Неформална средба Бакрачески – Месиќ

Post Views: 8 Градоначалникот Никола Бакрачески го прими во неформална посета Стипе Месиќ поранешниот хрватски претседател. Охридскиот градоначалник и хрватскиот дипломат разговарале на повеќе теми како од политиката така и од животот. Чест е да се има за гостин човек како Месиќ искрен пријател на Република Македонија и Охрид, рече при тоа Бакрачески.„ Денес и вчера имавме можност да поминеме во неформални и пријателски разговори со Стипе Месиќ и отворивме многу теми од политиката, дипломатијата како и општи теми од животот. Месиќ е човек од кој може многу да се научи, ми беше...

Продолжи со читање