Автор: Валентина Неловска
Post Views: 83Болнички кревет повеќе се бара на нервното одделение во охридската болница. Просторните услови на одделението се со мал капацитет и не може да ги примат сите пациенти кои бараат лекарски третман. Портпаролот на болницата д-р Сашо Василески појаснува дека станува збор за најчест случај на пациенти со мозочни удари, а капацитетот на одделението е стопроцентно оптоварен. Болницата е од регионалне карактер па лекарска помош на одделот не бараат само охриѓани туку и жителите од југозападниот регион, од градовите Македонски Брод, Кичево, Дебар, Ресен и Струга, укажува д-р...
„Проглас“ двојазично издание спој на словачкиот и македонскиот народ
Post Views: 87Осмислувањето и преводот на двојазичното издание на книгата„ Проглас“, на словачки и македонски јазик е дело на охридскиот славист и прведувач Стојан Лекоски. Проектот е финасиран од словачкото министерство за култура. Покрај Проглас, првата напишана песна на Св Кирил, по која е и насловена книгата, Лекоски избрал текстови од Теодор Кришка и историчарот Матеш Кучера со литературен и историски осврт за значењето на оваа песна. Уводниот дел од книгата му го доверил на архиепископот Кирил Васил, секретар на конгрегацијата на Источните цркви во Ватикан, објаснува Лекоски. ...
Три генерации на охридски уметници во 20 век
Post Views: 159Историчарот на уметност Јорданка Матова е автор на 4-тата книга посветена на уметноста под наслов „Сликарството во Охрид во 20 век“. Матова во едно сеопфатно издание ги поместува охридските уметници кои биле активни во уметничкото творештво. Сликарството во Охрид во 20 век и на почетокот од 21 претставува спој на уметници, скулптори, иконописци и фрескописци продолжувачи на богатата охридска сликарска традиција. 10 години истражувала во богатиот фонд на уметнички дела во Завод и Музеј, а на книгата работела 2 години.„Од самото истражување произлезе дека во Охрид има...
Завршени двата типизирани објекти за продажба на сувенири
Post Views: 55Двата типизирани објекти за продажба на сувенири кај Чинарот и пристаништето се во завршна фаза. Монтажата на типизираните објекти за продажба на сувенири која започна на почетокот од месец јули беше довршена деновиве, месец и половина по отпочнување на работите.Објектите беа најавени дека ќе се градат уште минатото лето. Изминува уште една туристичка сезона, а ресорното министерство не успеа да ги доврши и стави во функција навреме двата објекти. Јавноста го поставува прашањето зошто не се забрза градбата и се дозволи да се пропушти туристичката сезона? Од...
Јагма за место во охридските градинки
Post Views: 55Над 145 деца се на листа на чекање за место во 5-те градинки на ЈДУ „Јасна Ристеска“. Во моментов реално според капацитетите, нема место ниту за едно од овие деца. Од 15- ти август дневно пристигаат и по 20 барања за место во градинката што ги надмина нашите очекувања, информира директорката на детската установа Роза Костеска . Тоа е бројка која и кога би се изградиле два нови објекти не би ги задоволиле сегашните потреби. Со децата кои треба да посетуваат продолжен престој оваа бројка би достигнала и до 750 деца за кој нашите градинки немаат капацитет, вели Костеска....
Охриѓани користат потврди за здравствени услуги при летување и патување во странство
Post Views: 77Се повеќе охриѓани, за летување во странство или пак патување, користат потврди за право на користење на здравствени услуги. Граѓаните се повеќе ги знаат своите права и ги бараат двојазичните потврди, информираат од подрачната единица на охридскиот Фонд за здравствено осигурување. Потврдите ги издава Комисија од фондот, на која претходно лицата кои патуваат во странствово зависност од полот, доставуваат потврди од матичниот лекар и гинеколог. Овие потврди се бесплатни, напоменуваат од Фондот.Во ФЗО велат дека двојазичните потврди важат само доколку корисниците на...
Кејот се претвара во нова фестивалска сцена
Post Views: 54Од синоќа на шеталиштето се поставува бина со огромни димензии која го попречува движењето. Организаторите на годинешното издание на „Охрид фест – Охридски трубадури“ велат дека ги имаат сите потребни документи и бината ја поставуваат со амин на Локалната самоуправа. Веројатно понесени од фестивалската атмосфера надлежните институции со одобрението за поставување на бина на кејот заборавиле и на пешаците, моторџиите и велсосипедистите. Граѓаните не се воодушевени од идејата. „Како пешаци ни смета, а и на оние што возат , но се останува на градските валсти“. „Да,...
Комисијата од Унеско доаѓа во Охрид
Post Views: 53Министерството за култура упатило покана до Комисијата од Унеско да го посети Охрид и езерото, информира портпаролот Анита Јованоска. Според портпаролот на ресорното министерство станува збор за формална покана. „ Согласно Правилникот на Унеско сите градови и држави кои се на листата на заштита под Унеско, имаат обврска да ја информираат Комисијата на Унеско за сите аспекти од реализацијата на проектот. Министерството за култура преку Националнат комисија за Унеско постојано има соработка и координација со Унеско и ги информираат за сите аспекти од реализацијата на...







