Автор: Валентина Неловска
Post Views: 5 Охрид, денес со низа активности го одбележа денот на неговиот патрон Св. Климент. Се одржа крводарителна акација, а претставници на Локалната самоуправа утрово присуствуваа на литургија во црквата на Плаошник. На градскиот плоштад, пак, на споменикот на светителот Климент Охридски, заштитникот на градот, беше положено свежо цвеќе. Советници од Локалната самоуправа, предводени од претседателот на советот д-р Гордана Коњаноска, како и претставници од гимназијата и основното училиште кои го носат името на светецот, се поклонаа пред светителот и му одадоа достојна...
Охриѓани се жалат на нерегуларности во трговијата со прехрана
Post Views: 3 Охриѓани упатиле 32 претставки до ОП за само два месеци оваа година. Најчесто претставките се однесувале на забележани нерегуларности во продавниците со прехраната, информира Катерина Павловска од охридската ОП. „ Се однесуваа поплаки на граѓаните поврзани со производи со изминат рок на употреба. Чоколади, млечни производи,паштети, тестенини. Потрошувачите реагираа и на еден производ со сомнителен квалитет. Неколку потрошувачи реагираа за тетрапак сок кој не бил со изминат рок туку со сомнителен вкус и мирис. Веднаш е пријавен до Дирекцијата за храна и се...
Се полнат болничките капацитети со пациенти заразени со британскиот сој на Ковид 19
Post Views: 7 Пациентите заразени со британскиот сој на Ковид 19 ги наполнија болничките капацитети во ковид центарот во охридската Општа болница. Од ден на ден е во пораст бројот на пациенти заразени со ковид 19 кои се сместуваат во модуларната болница која има 54 кревети, информира директорот Д-р Горан Балески. „Модуларната болница е скоро исполенета. Новото крило го примивме вчера, 8 контејнери со 15 кревети и денес почнавме да ги пополнуваме. Исполнети се сите капацитети на интерното одделение и геријатрија. Имаме 90 пациенти од кои 60 се на кислородна поддршка и на...
Во координирана акција полицијата и Ценатрот за социјални работи од охридската чаршија тргнаа лица кои питаат
Post Views: 4 Спроведена координирана акција на СВР Охрид и Центарот за социјални работи кои од охридските улици одстранија лица кои питаат. Акцијата е реализирана во делови од Охрид, во центарот на градот и чаршијата каде што биле затекнати две возрасни лица и десетина малолетници како питаат, информира Стефан Димоски, портпарол на СВР Охрид. Биле направени и повеќе контроли на живелишта каде што тие лица најчесто привремено се сместуваат. „Во понатамошниот тек се првеземени и мерки кон станоиздавачи кои им даваат сместување на овие лица. На улицата Гоце Делчев каде што е...
Невработените лица и работодавачите може да се пријавуваат за користење на активните програми и мерки за вработување
Post Views: 6 Охридскиот центар за вработување е подготвен да ги прима апликациите на барателите на работа и заинтерeсираните работодавачи за користење на активните програми и мерки за вработување и услуги на пазарот на трудот за оваа година. Станува збор за 5 мерки и тоа : самовработување со грант, практиканство, мерката субвенционирање на плати, мерката обука за работно место за познат работодавач и Програма за јавни работи, информира Пецо Павлоски, директор на центарот за вработување. Павлоски напоменува дека најмногу интерес од досегашното искуство има за проектот за...
Јајцата и производите од животинско потекло се продаваат во затворен простор
Post Views: 5 Конечно, во охридскиот пазар јајцата и млечните производи се продаваат во затворен простор. На отворен простор, според законските прописи, повеќе не е дозволено да се продаваат јајца и производи од животинско потекло. За запазување на прописите градски пазар обезбеди просторија во која се дислоцираа тезгите за продажба на овие производи, информира в.д. Виолета Цепенкоска. „ Просторијата е на околу 30-тина квадрати и ги задоволува моменталните потреби од закупците. Понатака во рамките на нашите можности ќе ги подобруваме условите кои сега се минимално...
Нити едно барање за Е-дозвола не стигнало до охридскиот сектор за урбанизам
Post Views: 6 Од 1 јуни постапката за издавање на одобренија за градба е исклучиво по електронски пат. Во секторот за урбанизам во општина Охрид, по месец и половина од законските измени не пристигнало нити едно барање. Следствено на тоа општината нема издадено одбренија за градби по електронски пат. Сите барања кои не се поднесени по електоронски пат по први јуни се неважечки и ништовни и од секторот постапуваат само по барањата поднесени пред 1 јуни, информира Митко Трпкоски, ИТ администратор во секторот за урбанизам, заштита на животна средина и комунален развој. На...
Уапсен археолог Паско Кузман, осомничен за злоупотреба на службената положба
Post Views: 7 Рано утрово, во Скопје е упасен археологот Паско Кузман. Тој во претпладневните часови бил спорведен во Кривичниот суд. Портпаролот на МВР, ИВО Котески, за ТВМ ја потврди оваа информација. Органите на прогонот го теретат Кузман за злоупотреба на службената положба. Главна вест на првите страни на сите медуими е денешното апсење на првиот човек на Управата. Покрај него се уапсени уште тројца вработени во истата управа. Во соопштението на МВР стои дека „ пријавените со пречекорување на овластувањата и постапувајќи надвор од нивната законска надлежност преку...