Skip to main content

Автор: Валентина Неловска

Метална препрека со мрежа ќе се поставува и на реката Черава

Post Views: 10 Метална брана со заштитна мрежа ќе се поставува на реката Черава за ад се спречи тешко разградлив пластичен отпад да заврши во водите на Охридското езеро. Реката Черава, која тече низ Албанија и се влева во езерото кај Љубанишко поле со себе носи дел од огромни количини разновиден отпад кој е натрупан покрај нејзиното корито. Отпадот кој завршува во речното корито е одраз на ниското ниво на култура на локалното население, непочитување на природата, реките, езерото кои често се користат како депонија. Македонските еколози со години апелираат Општините Охрид и...

Продолжи со читање

Жители од селото Орман бараат решавање на комуналните проблеми

Post Views: 5 Жителите од селото Орман го запознаа секретарот на општината  Димитар Спасески со два посериозни еколошки проблеми. Орманци  во моментов се соочуваат со фрлање на пцовисан добиток во атарот на нивното село. На тој начин несовесни сточари ја загадуваат околината, а во опасност ги доведуваат земјоделските посеви со градинарски култури, стоката и водата за пиење, реагираат жителите на Орман. Неодамна, спас од еколошкото загрозување побарале од надлежните институции, но мршата само била поместена 100-тина метри понатаму од првичната локација. Орманци бараат Локалната...

Продолжи со читање

Фестивалот на францускиот филм со симпатии проследен во Охрид

Post Views: 3 Фестивалот на францускиот филм со симпатии проследен  во Охрид Црвениот тепих пред Центарот за култура, синоќа, сепак беше распослан за традиционално, по 6 -ти пат  да ги дочека француските филмаџии и љубителите на францускиот филм.  Со проекција на филмот Ангела и Тони започна вториот дел на фестивалот на францускиот филм во Охрид по свеченото отварање во Скопје. Фестивалот го отворија охридскиот градоначалник Никола Бакрачески и француската амбасадорка во Македонија, Лоренс Ауер, а гости беа претставници од Каен, Нормандија,со кои Охрид има кулурни врски,...

Продолжи со читање

Охридски гимназијалци го покажаа актерскиот талент

Post Views: 5 Средношколци од Св. Климент Охридски ја изведоа театарската претстава  „Ветувањата на големите градови и тагата на малите градови“. Актерската група,  составена од седумина охридски средношколци и осумина  млади актери од Берлин, одигра претстава на македонски и  англиски јазик. Оваа заедничка претстава е резултат на нивното учество на театарската работилница што се одржуваше во Охрид. Соработката помеѓу охридската гимназија и Вензел форумот од Берлин  беше воспоставена во месец октомври лани, а денес продолжи во Охрид. Гимназијалецот Никола Буџакоски, член на...

Продолжи со читање

На ниско ниво комуналната хигиена на плажата Канео

Post Views: 7 Запоставена е јавната хигиена на крајбрежниот простор под црквата Канео. Посетители реагираат дека просторот на една од најатрактивните локации во градот не заслужува таков третман. Расфрлани штици од делови од поранешните платформи кои ги користел концесионерот на плажата, бетонски парапетчиња, преполни метални корпи и расфрлани отпадоци е сликата со која се соочуваат туристите кои доаѓаат по сувоземниот пат кој води покрај крајбрежјето под црквата Канео. ТВМ Телевизија се обрати до „ЈП Охридски Комуналец“ со прашање зошто не ги празнат корпите со отпад и не ја...

Продолжи со читање

Францускиот филмски фестивал ќе почне во Скопје, а ќе заврши во Охрид

Post Views: 4   6-то издание на Францускиот филмски фестивал ќе почне во Скопје со филмот „Ками повторува“ на Наоми Лавовски, а ќе заврши во Охрид со „Последната изборна програма“ на Бернар Стора. Фестивалот стартува вечерва во Скопје и по два дена ќе продолжи во Охрид, со проекции и врачувањето на наградата за животно остварување, кажува Зоран Велјаноски Летра, извршен директор на Францускит филмски фестивал. Велјаноски ги појасни причините зошто фестивалот кој почнуваше во Охрид овој пат има  нова концепција.  „ Техниката е причина за ваквата одлука. Квалитетот на...

Продолжи со читање

Општина Охрид со над 1 милион евра е на шесто место во земјава по наплата на данок на имот

Post Views: 7 Општина Охрид има нешто повеќе од 1 милион евра просечна годишна наплата на данок на имот. Според висината на наплата на данок на имот, општината  е на шесто место во земјава, веднаш после скопските општини, Центар, Карпош, Аеродром, Кисела Вода и Гази Баба. Центарот за граѓански комуникации го објави истражувањето и базата на податоци за пресметан и наплатен данок на имот за сите општини во земјава за 2017, 2018 и 2019 година. Во овие три години во општина Охрид се инкасирале нешто над 1 милион евра во просек годишно од приход од данок на имот. Само седум...

Продолжи со читање

Во Чекоштина, фрлена мрша од пцовисано теле, можен извор на зараза

Post Views: 5   Фрлена мрша од пцовисано теле, можен извор на зараза.  Во атарот на  селото Орман, во месноста Чекоштина се шири неподнослива реа и ужасна глетка наместо видик кон езерото. Покрај мршата крајно несовесен сточар се ослободил и од други животински отпадоци.  Александар Станоески, од селото Орман, вчера во попладневните часови во непосредна близина на селската црква Св. Наум, ја забележал фрлената мрша. Станоески напоменува дека ова не е прв пат на ова место несовесни сточари да се ослободуваат од пцовисани домашни животни и ја загадуваат околината.„ Пцовисаната мрша...

Продолжи со читање