Skip to main content

Автор: Валентина Неловска

Охридските училишта задоволни од резултатите од екстерното тестирање

Post Views: 5 Средните и основните училишта ги добија резултатите од екстерното оценување. Обработените тестовите од екстерното оценување не покажуваат големи осцилации и отстапки помеѓу оценките добиени на тестирањето со оние на наставниците. ТВМ ги контактираше сите директори на основните и средни училишта во градот. Првите луѓе на средните општински училишта се задоволни од резултатите добиени од екстерното оценување.Јане Цаноски, директор на ЕМУЦ „Св. Наум Охридски, напоменува дека резултатите од екстерното ги добиле вчера и во тек е изработката на анализата на резултатите и ...

Продолжи со читање

Прв уписен рок-слободни над 1100 места во охридските средни училишта

Post Views: 7 Во трите општински училишта денес стартуваше првиот уписен рок за прием на завршените основци. Во општина Охрид  бројката за прием на новата генерација средношколци е 1112 ученици. За 442 завршени основци ќе има место во ОСУ „Св. Климент Охридски“, 364 места се слободни  во ЕМУЦ „Св. Наум Охридски“, а во „Ванчо Питошески“, тој број е 306.  Во ОСУ „Св. Климент Охридски се предвидени 13 паралеки, од кои 8 со 272 ученици за упис во гимназијата, во економската, правната и трговската струка 4 паралелки со 136 ученици, а во медицинскaта и оваа година ќе се запишат  34...

Продолжи со читање

Бројот на регистрирани станоиздавачи е во нагорна линија во општина Охрид

Post Views: 7 Се менува бројот на регистрирани станоиздавачи од мал обем во регистерот за категоризации на општина Охрид. Постојано пристигаат барања за нови категоризации и за продолжување на решенијата од колку бришење на станоиздавачите од регистерот, напоменува Илкер Мустафа од одделението за туризам при ЛС. Не самошто има раст на станоиздавачи кои нудат сместување на охридското крајбрежје туку од година в година расте и квалитетот на категоризација на сместувачките објекти. „Поголем број од категоризациите се со комфорт. Физичките лица согласно Правилникот се...

Продолжи со читање

Вратите на инфо центарот во НП Галичица отворени за посета

Post Views: 5 Опремен и отворен за посетителите  инфо центарот во НП Галичица. Од почетокот на годината кога профункционира па досега го посетиле 15-тина организирани групи  учесници на конгреси и семинари во Охрид, напоменува Огнен Достиноски  раководител на секторот за одржлив туризам и екологија во НП Галичица. Во едукативна посета биле и  основците од неколку охридски училишта.„Промотивен материјал за флората, фауната и културно историските богатства во паркот има доволно. Околу еден час трае  презентацијата за посетителите во инфо центарот, а  околу пола часа се оди по...

Продолжи со читање

Основците од Григор Прличев упатија честитка на оргинален начин за Денот на жената

Post Views: 7Од ОУ Григор Прличев изработија проект со кој упатија видео честитка до сите жени по повод Интернационалниот ден на жената 8 -ми Март. На оргинален начин со проектот насловен „Жената е…“ потврдија дека се единствени и креативни. На забавно – едукативен начин ја прикажаа вредноста на жената во општеството, потребата од внимание и почит од спротивниот пол и големината на убавиот збор посветен на жената. Вo подготовката на видео проектот учествуваа родители / старатели од различни професионални профили и учениците од 1 до 9 одделение.   Основците од...

Продолжи со читање

Туристички инфо центар потребен само во центарот на Охрид

Post Views: 3 Туристичкиот информативен центар  поставен на северниот влез од градот на патниот потег Охрид – Струга  ќе се дислоцира. Од Тлер најавуваат дека ќе го преместат во централното градско подрачје. Фрекфенцијата на туристите е најголема во ценатрот на градот  и се одлучивме за негово  преместување, кажува Ѓоко Апостолоски, раководител на Тлер. Во тек е законска  постапка за издавање на нова локација за негово поставување. „Увидовме дека неговата функција беше скоро никаква. Ретко кој гостин застануваше за да се информира. Градот не е голем за да има инфо центри на...

Продолжи со читање

Стоп за самоволниот однос на охридските таксисти

Post Views: 3 Дополнителни мерки за заштита на патниците од самоволието на некои охридски таксисти. Покрај задолжителните  налепници со цени за превоз и лиценци истакнати на видно место ќе  следува и фотографија за идентификација на таксистите. Локалната самоуправа  и сопствениците на такси компаниите заедно со надележните инстутуции  бараат начин како да се справат со злоупотребите кои ги прават некои несовесни возачи. Сашо Поп Доневски, претседателот на здружението на приватни такси компании  укажува дека проблемот не е во нив  туку во таксистите кои ги злоупотребуваат такси...

Продолжи со читање

Институциите незаинтересирани да го спасат Чинарот од гниење

Post Views: 5 Исушената гранка на Чинарот е нем сведок за крајно несериозниот однос на институциите кон ова 11 века старо дрво.  Бескорисно  е тоа што дрвото е ставено под заштита на државата како споменик на природата. Институциите и по шест месеци не презедоа конкретни зафати за негова санација. Од месец декември кога се скрши гранката до денес Чинарот е оставен без соодветна грижа за негова санација. Институциите се иземаат од одговорност. Едни на други ги префрлаат надлежностите и така во недоглед со месеци. Никој во институциите не кажува отворено каде е проблемот и кој...

Продолжи со читање