Автор: Валентина Неловска
Post Views: 5 Вандали атакуваат на пешачката патека кој води под Самоиловата Тврдина кон Лабино. Уништени се автентичните светилки фенерчиња, се крши заштитната ограда па дури се сечат металните корпи за отпадоци поставени покрај патеката. Искршени се 50тина фенерчиња распоредени на половина од должината на патеката. Многу од нив не светат во вечерните часови, а се и украдени голем број светилки. На патеката се забележува дека недостасуваат и поставени метални корпи за отпадоци, а се крши и заштитната ограда која деновиве беше санирана од страна на екипите на ЈП Градски...
Уживањето во убавините на НП „Галичица“ ќе се наплаќа
Post Views: 4 Во НП „Галичица“ ќе се наплаќа влез, паркирање на возила и поставување на шатори. За посета на излетничките места Корита, Јадера и Лескоски уши домашните и странските посетители ќе треба да платат за да уживаат во природните богатства на паркот. Од наплата за влез во паркот ќе биде ослободено локалното население, но не и охриѓани. Посетителите за дневен престој за влез во паркот ќе треба да издвојат по 30 денари, за паркирање на автомобил 50 денари, а за поставување на шатор ќе платат 200 денари. За собирачите на печурки и лековити растенија ќе треба да издвојат...
„Танец“ ќе го отвори Балканскиот фестивал на народни песни и игри
Post Views: 6 Утврдена програмата која ќе се изведува на 52 -то издание на Балканскиот фестивал на народни песни и игри. На ревијалниот фестивал, во текот на 4 дена колку што трае, ќе се претстават 10 -тина земји од Балканот и Европа. На 6-ти јули, на сцената на Долни Сарај, фестивалот ќе биде отворен со македонскиот национален ансамбл „Танец“. „ Фестивалот ќе го отвори националниот ансамбл „Танец“ со досега неизведувана кореографија, информира Драгана Боцевска. Игрите се од Малешевскиот крај на Источна Македонија и досега не се прикажувани или пак одмна не биле изведувани од...
Локалната ќе ја укине комуналната такса за занаетите во изумирање
Post Views: 4 Претставници од Занаетчиската комора на Охрид се сретнаа со градоначалникот Никола Бакрачески. На градскиот татко му ги кажаа проблемите и потребите на занаетчиите. Бараа заеднички начин како да им се помогне во наделжностите кои ги има Локалната самоуправа. Градоначалникто Бакрачески кажа дека пред охридските совентици ќе го стави предлогот за укинување на комуналната такса во висина од 500 денари годишно за занаетите во изумирање.„ Ние, согласно член 36 од Законот за Локална самоуправа, веќе на наредната седница ќе ја ставиме предлог одлука за укинување на...
Спортската сала во Велгошти е сеуште без технички прием
Post Views: 3 Градежни зафати се изведуваат на спортската сала „Тодор Александров“ во Велгошти. Иако салата беше пуштена во употреба пред два месеци не е направен технички прием. Од Локалната самоуправа информираат дека пред две недели стартувале мали зафати. Од скелињата поставени околу зградата може да се заклучи дека станува збор за обложување на фасадата на спортскиот објект. Спортската сала е со површина од 1211 м 2 има две соблекувални и капацитет од 500 гледачи, а со неа ќе стопанисува Локалната самоуправа. Покрај учениците од ОУ „ Живко Чинго“ кои ќе ја...
Кардиоваскуларните заболувања и понатаму се водечка причина за смртност во земјава и светот
Post Views: 8 Кардиоваскуларните заболувања се водечка причина за смртност и во земјава и светот, информира д-р Виолета Мојсовска од ЗУ Специјализирана болница за превенција, лекување и рехабилитација на кардиоваскуларни заболувања “Свети Стефан”. Во Неделата на Кардиоваскуларни заболувања кога се подига свеста кај населението за превенција од овие заболувања, светската статистиката покажува број од 18,6 милиони пациенти кои починале од кардиоваскуларни заболувања во 2020 година. Д-р Мојсовска напоменува дека во време на пандемија во нивната установа е регистрирано...
Охриѓани ќе добијат современи терени на СРЦ „Билјaнини извори“
Post Views: 6 Градоначалникот и неговиот тим денес направија обиколка на спортските терени на СРЦ „ Билјанини извори“. Разгледаа во каква состојба се објектите и кои се можностите за развој на спортските содржини на единствениот спортско рекреативен центар во градот. Спортскиот центар плански ќе се развива и она што ќе се гради сега ќе има ефект во следните години, рече градоначалникот Никола Бакрачески. Тој најави дека ќе се гради и долгоочекуваниот затворен базен. „ На почетокот на идната година ќе почне изградбата на затворен базен. Разгледани се можнсостите за развој и на...
В шума по печурки само со дозвола
Post Views: 11 Собирањето на печурки, лековити растенија, смреки и останатите шумски плодови повеќе не е бесплатно. Луѓето кои собираат шумски плодови и на тој начин заработуваа, сега ќе мора дел од заработката да и плаќаат и на државата. Од неодамна државата започна со наплата на природното шумско богатство според Законот за шуми. Собирачите на шумски плодови мора да обезбедат дозволи кои се издаваат во ЈП „ Галичица“ поддружница на „Македонски шуми“. Покрај собирачите на шумски плодови со вадњето дозволи под контрола ќе се стават и откупните претпријатија. Според...