Skip to main content

Автор: Валентина Неловска

Во охридскиот регион актуелна е нова експропријација на земјиште

Post Views: 230 Во реонот на селото Мешеишта во тек е експропријација на земјиште од страна на МЕПСО за изградба на трафостаница. Ова е најновата експропријација со која се соочуваат граѓаните од охридскиот регион. Експропријација имаше и за земјиштето на автопатот Кичево – Охрид која е во тек, а започна во 2014 година. Актуелноста на овие ситуации го наметнува прашањето колку луѓето ги знаат своите права во ситуации кога државата сака да го одземе нивниот имот по одредена цена. За оваа проблематика го консултиравме адвокатот Александар Карали, кој советува, засегнатите граѓани...

Продолжи со читање

Туристичките агенции се задоволни од четвртиот сет економски мерки

Post Views: 219 Туристичките агенции задоволни од донесените владини економски мерки. Со нив, сметаат дека од банкрот ќе се спасат постабилните туристички агенции кои беа најпогодени од корона пандемијата. Иако помошта доаѓа малку подоцна секако е добредојдена, вели Јаким Маленко од ТА „Вис Пој“. Маленко кажува дека голем товар во работењето им било тоа што биле оставени сами на себе да се снаоѓаат за плати и режиски трошоци во месеците јули, август и септември . „Туристичките агенции останаа на работ на егзистенција затоа што освен неколку поголеми тур оператори од државата кои...

Продолжи со читање

Платежни картички за 100 самохрани семејства и 2837 охриѓани кои не бараат работа

Post Views: 186 Усвоен четвртиот пакет економски мерки тежок 470 милиони евра, а со кој Владата продолжува да им помога на граѓаните, вработените и стопанството да се надминат последиците од кризата предизвикана од ковид-19. Меѓу, позначајните мерки кои се 31 на број, е и мерката платежни картички за поголема потрошувачка и за развој на домашните економските дејности. Оваа мерка ќе изнесува 27,2 милиони евра, а со неа ќе бидат опфатени над 280 илјади граѓани кои не беа опфатени во првите 3 сета економски мерки. Платежни картички со износ од 6000 денари ќе добијат 5.726 самохрани...

Продолжи со читање

Се отвараат двата охридски домови за сместување на студенти и средношколци

Post Views: 185   Се отвараат двата охридски домови за сместување на студенти и средношколци. Според протоколите може да се сместат редуциран број станари во собите на двата сметувачки објекти. Охридскиот студенски дом „Никола Карев“ има услови за да го спроведе протоколот за сместување на студентите, информира Жарко Куциноски директор на домот. Сите соби во студенскиот дом се со 3 и 4 кревети и може да се сместат најмногу по две лица. Во домот има сеуште слободни места за уште 80 студенти. „Во нашиот студенски дом имаме сместувачки капацитет за 160 студенти кои ќе бидат сместени...

Продолжи со читање

Националната Платформа за on line настава лесна за употреба

Post Views: 242 Лесна е за употреба Националната Платформа за он лине настава, тврдат 30 национални обучувачи кои своето знаење го пренесле на сите свои колеги во македонските училишта. Денес школите ги добија корисничките имиња за најавување на ученците во платформата, а од понеделник одделенските раководители ќе ги поделат, информира Ивана Маховска Шикалоска, директор  на ОУ Григор Прличев. Напоменува дека платформата за наставниците, родителите и учениците е предизвик бидејќи е нешто ново, но не е несфатливо и е лесно за употреба. За да нема нејаснотии ќе бидат дадени упатства...

Продолжи со читање

Жителите од месноста Надвис во Велгошти кои два месеци беа оставени без вода за пиење бараат трајно решение на проблемот

Post Views: 196 Јулијана Милеска, Велика Ѓонеска и Нада Љаткоска од месноста Надвис, од Велгошти се соочувале со живот без вода од водоводната мрежа два месеци. Тие се дел од 60-тина семејства со околу 240 луѓе кои имаа секнати славини на чешмите за пиење вода. Од 10 август па се досега во време на пандемија биле принудени да штедат вода која ја собирале во доцните ноќни часови. Преку ден не можевме да се испереме, истушираме, се миевме капка по капка со вода, вели Милеска. Додава дека секое утро првиот шок им бил дали ќе имаат вода или не во водоводната мрежа. Навечер чекале да...

Продолжи со читање

Поставени се повеќе прелази на автопатот Кичево-Охрид кој е во изградба

Post Views: 201 Од секторот за комунални дејности, патишта и улици при Локалната самоуправа поставиле прелази на автопатот Кичево-Охрид кој е во изградба. При изработката на автопатот по наше барање и на барање според потребите од ЈП Водовод и Нискоградба се договоривме со изведувачите да се направат 5-6 прелази на автопатот, информира Томе Нанески, раководител на Секторот за Комунални дејности, патишта и улици. „Поставивме цевки кои можат да се искористат за повеќе намени. Може да се искористат за менување на електрични кабли и кабелски оператори. Кога ќе се заврши автопатот да...

Продолжи со читање

Малолетници дивеат во ноќните часови по улици и паркови

Post Views: 200 Граѓани пријавуваат до полиција малолетници кои го нарушуваат јавниот ред и мир во ноќните часови со бучно возење на моторцикли и трки по улиците. Подолго време, се ремети јавниот ред во населбата Билјанини извори и во Бараки. Кај градскиот полигон се забележува собирање на малолетници кои се бучни и конзумираат алкохол. Покрај конзумирањето алкохол малолетниците посегнувале и по наркотици во парковите и школските дворови, но и на други места низ градот, информира портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски за досегашната работа на полициските службеници од Полициската...

Продолжи со читање

Се планира доизградба на колекторскиот систем на струшкото крајбрежје

Post Views: 263 Се планира доизградба на колекторскиот систем на струшкото крајбрежје на Охридското езеро. Од идната година би требало да се изградат уште 2,5 км колекторски систем на потегот од Елен Камен до Радожда, информира Владимир Алексијоски, директор на ДЈП Колектор. Предвидено е зафатите да се реализираат со средства од Ипард 3 фондовите на Европската унија. Со проектот кој  тежи околу 9 милиони евра треба да се направи целосна реконструкција на пречистителната станица во Враништа и да се доизгради колекторскиот систем на овој потег, посочува Алексијоски за идните планови...

Продолжи со читање

Ќе се подготвува проект за поставување на монтажна болница

Post Views: 180 Секторот за комунални дејности, сообраќај и улици при ЛС доби напатствија за средување на теренот за поставување на монтажна болница во кругот на Општа болница. Општина Охрид треба да ги направи подготвките на теренот каде што се планира да се постави модуларната болница, а со која градот треба да добие тријажен центар и проширени капацитетите за лекување на болни од Ковид 19. Договорено е да се среди просторот со површина од 500 до 700 м квадратни, позади геријатриското одделние, информира Томе Нанески, раководител на Фондот за комунален развој при ЛС. „Обврска...

Продолжи со читање

8 милиони денари издвоени за ИТ опрема и квалитетен интернет за сите охридски училишта

Post Views: 168 Близу 8 милиони денари ќе се издвојат од општинскиот буџет за обезбедување на ИТ опрема и квалитетен интернет за сите охридски училишта.Вака одлучија охридските советници на денешната 47ма седница со само две точки на дневен ред. Советниците усвоија две предлог одлуки, за измена на програмата на општината во областа на образованието за 2020 година и за измена на распоредот на средствата во буџетот. „На денешната седница ќе се издвојат средства за обезбедување на ИТ опрема и поквалитетен интернет и набавка за основните и средните училишта. Во основно образование...

Продолжи со читање

Струшката фабрика „Екоферт“ единствена за производство на органско ѓубриво во земјава и Балканот

Post Views: 372 „Екоферт“ е единствената струшка фабрика која во земјава произведува органско ѓубриво. Во фабриката се преработува и произведува нов производ на македонскиот пазар пелетрирано органско ѓубриво. Започнале скормно пред три години со преработка  и пелетирање на органското ѓубре кое досега завршувало неискористено и при тоа  ја загадувало животната средина. Во производниот процес на органското ѓубриво вклучиле  експерти од повеќе области за да дојдат до домашен конкурентен производ.  „Долги години на искуство и релации и комуникации со професори , агрономи и технолози....

Продолжи со читање