Skip to main content

Автор: Валентина Неловска

Проодни локалните патишта во охридската околина и Дебрцa

Post Views: 14 Екипите на ЈП Охридски Комуналец го расчистија снегот по градските и локалните патишта во градот и околината. Директорот на јавното претпријатие Љупчо Грданоски информира дека биле ангажирани 100 тина вработени и расположливата механзиација за расчистување на снегот во крајно екстремни временски услови. Според Програмата за работа во зимски услови обезбедиле пристапни улици во градот и околината. Грданоски ги повика сограѓаните да бидат одговорни. „Апел до граѓаните да се однесуваат согласно Законот за јавна чистота и секој пред својот дом и правните субјекти да...

Продолжи со читање

Данче Наумоска создава бакарна бајка две децении

Post Views: 15 Уметникот Данче Наумоска обработува бакар. Создава уметнички дела и накит од овој благороден метал. Нејзината бакарна бајка ја создава цели две децении. Почетоците и се поврзани со изработки на слики, икони, најразлични охридски мотиви, реплики на историски артефакти од нашето поднебје, сувенири. Во последно време прави и накит од бакар и персонализирани креации. Постојано се надградува во уметноста и создава нови уметнички креации и техники. Данче успешно чекори по стапките на татко и, познатиот охридски мајстор и бакрорезец Велјан Филчески, од кого ги наследила...

Продолжи со читање

Струшката депонија која гори го зема својот данок од туристичката посетеност на градот

Post Views: 4 Странските гости кои летуваат во хотел Дрим на струшката ривиера се закануваат дека ќе заминат од Струга заради чадот и реат кои се шират од депонијата која гори. Тие доаѓаат од еколошки освестени средини и се чудат како во една европска цивилизирана земја може да се случува вакво нешто, велат од хотел Дрим. „Доаѓаат реагираат и бараат да се изгаси депонијата или ќе го напуштат хотелот. За среќа, досега никој не си отишол но сме должни да реагираме до институциите да сопре ова палење со депонијата“, вели Ана Јанчева од хотел Дрим . По вчерашното , повторнот...

Продолжи со читање

Се узурпираат и продаваат заедничките простории во внатрешноста на Амамот

Post Views: 10 Се узурпираат заеднички простории во трговскиот центар Амам. Поединци бесправно преградуваат , застаклуваат ходници, тераси, подруми, заеднички тоалети, а заедничките влезови се претвораат во кафулиња, револтирано напоменуваат сопствениците на дуќани кои имаат деловни простори во амамот. Сопствениците на деловни простории и дуќани во ТЦ Амам регистрирале 8 нелегални активности од субјекти од различни дејности кои узурпирале дел од заедничките простории. Узурпациите ги пријавивме до сите надлежни институции уште во декември 2019, вели Љупчо Ѓорески, сопственик на...

Продолжи со читање

Тандем настава се одржува по предметот физичко во одделенска настава

Post Views: 19 Позитивни ефекти дава тандем наставата за физичко и здравствено образование во оснoвните училишта. Во наставниот процес е воведен предметот физичко воспитание кој го одржуваат предметни покрај одделенските наставници. Овај вид на настава започна од минатата година со измените во Законот за основно обрзование. Тандем наставата започна за првачињата, а од оваа година се применува и за второ одделенците. Одржувањето на овој вид часови во наставата ќе се одвива етапно, информира Ивана Махоска Шикалеска, директор на ОУ Григор Прличев. Од идната година ќе се воведува...

Продолжи со читање

Протерани единаесетмина албански државјани од земјава

Post Views: 6 Единаесетмина албански државјани денес се протерани од земјава. Биле затекнати во непосредна близина на струшката депонија која била и нивно привремени живеалишта. Тие се протерани од земјава по изречената мерка од Јавното обвинителство во соработка со полициската станица, а при тоа им е изречена мерка забрана за влез од една година во Македонија, информира Стефан Димоски портпарол на СВР Охрид. „Единаесеттемина се затекнати на 25 -ти овој месец на депонијата каде имале изградено импровизирано живеалиште и работеле на собирање на пластичен отпад. Со претходна...

Продолжи со читање

Охридскиот Градоначалник најави од следната недела продолжување на акцијата за рушење дивоградби

Post Views: 9 По кој принцип ќе се отстрануваат дивоградбите и дали општината има одреден план и методологија ја интересира опозицијата во градскиот совет. Ова беше првото од низата прашања кои советниците му ги упатија на градоначалникот Константин Георгиески и на општинските служби на денешната седница наменета за советнички прашња. „Дали е во тек на изработка и методологија по која ќе се води ЛС во изготвување на листи на приоритет за објекти за уривање. Пред се голем е интересот на граѓаните посебно на оние на кои објектите им се во ризик за одстранување“. Министерството...

Продолжи со читање

Мајстор Љупчо Паункоски поправа и адаптира стари радио апарати

Post Views: 35 Љупчо Паункоски поправа и адаптира стари радио апарати во неговиот сервис за електроника. Паункоски во овој занает на електрониката е повеќе од 5 децении. Како што вели, припаѓа на последната генерација повозрасни охридски мајстори. Големо задоволство му причинува кога ќе поправи радио апарат како што се денес во неговиот сервис , приемникот Искра од педесетите години и Козара од шеесетите години од минатиот век. „Љубовта остана од тогаш до сега. Секогаш ми е мерак кога ќе ми донесат радио, да седнам да го направам, и ништо да нема во него ако треба ќе го...

Продолжи со читање