Skip to main content

Автор: Валентина Неловска

Градски пазар не ја чувствува конкуренцијата

Post Views: 2 Големиот број зелени пазари, како и ново oтворениот зелен пазар на Кам, засега не влијаат на работењето на  градскиот  пазар. Низ градот на повеќе локации се отворени зелени пазари чии цени на производите не се разликуваат многу од оние на градскиот пазар. Сепак ритуалот и навиката на граѓаните сеуште постои да се пазарува на градскиот пазар. Од градски пазар дознаваме дека засега конкуренцијата не ја чувствуваат. До нивните служби нема барања за откажување на договорите за закуп на тезги. Охридскиот градски  пазар во последниве години се соочува со проблем на...

Продолжи со читање

Охридските ресторани без сомелиери

Post Views: 6 Студентите од Факултетот за угостителство и туризам ќе учат како на високо професионален начин да го нудат македонското вино. На оваа високо образовна институција се одвива прва едукативна работилница посветена на виното и промовирањето на винската култура кај нас. Виното е важен производ во угостителската индустрија за кое е потребно повисоко знаење на студентите. По завршувањето на четирите работилници тие ќе се стекнат со сертификати за вински експерти. На тој начин ќе бидат подготвени не само теортески туку и практично да го нудат виното и да одговорат на...

Продолжи со читање

Основците од “Братство Единство“ќе симулираат работа на градски совет

Post Views: 5 Осмоодделенките од турските паралеки во ОУ „Братство и Единство“, Селда Бајромска и Ебру Реџеп, учествуваат во  проект поветен на Денот на детето. Тие ќе симулираат седница на градски совет. На дневен ред ќе имаат точка од областа на екологијата, насловена како „ Животната средина, проблемите и предлог решенија“. 23-ца основци со задоволство ја прифатиле оваа тема и учество на јавен настап по примерот на работата на Советот на општина Охрид. Во детскиот совет, основците избрале свој градоначалник, претседател и потпретседател, а имаат и позиција и опозиција. „Сејда...

Продолжи со читање

Охриѓани и еко системот во симбиоза

Post Views: 9 Охриѓани можат да здивнат. Пијат квалитетна вода, дишат чист воздух и јадат здрава храна.  Додека, пак, пожарите на објекти, a посебно на отворен простор, сигналзиираат дека како граѓани слабо знаеме да се чуваме од огнот. На денот на планетата Земја се обидовме од надлежните да добиеме податоци за четири елементи кои ја чинат планетата, водата, воздухот, почвата и огнот.  Побаравме одговор од институциите и еколозите како се грижат за животната околина. Од Министерството за животна средина и просторно планирање информира дека засега го испитуваат само квалитетот на...

Продолжи со читање

Нумизматичката збирка да се врати во Охрид

Post Views: 4 Колекцијата со нумизматичка поставка, со 1700 монети од античкиот период па се до 17 век, која некогаш беше подарок на градот од Охридска банка, повеќе не се наоѓа во галеријата на банката во охридската чаршија. Веќе 6 години Охридска банка ја поседува француската банка Социете Женерал, па јавноста се  интересира зошто колекцијата од непроценлива вредност не е изложена во градот каде што припаѓа. Одговор се обидовме да добиеме од првите луѓе кои треба да го чуваат националното културно богатство. Археологот-советник нумизматичар Даница Бачева, автор на поставката...

Продолжи со читање

Летната сезона ќе се дочека со санирани градски улици

Post Views: 7 Интензивна санација на сите градски улици, најави денес градоначалникот Никола Бакрачески.Акцијата на крпење на ударните дупки кои го отежнуваат сообраќајот низ скоро сите улици ќе се одвива со забрзано темпо. Градоначалникот вети санација на сите улици во сите делови од градот.„ Санацијата на оштетувања на патишатата ќе опфати 506 м квадратни  во оваа фаза. Но, нема да остане населено место во градот и селата каде што нема да бидат санирани. Од наредната недела ќе ги асфалтираме поголемите улици, а од утре ќе почне на улиците  како што се улиците Радојца Новичиќ,...

Продолжи со читање

Бродскиот крш од Студенчишта зависи само од волјата на сопствениците

Post Views: 8 Очите на јавноста повторно се свртени кон каналот Студенчишта. Овој пат вниманието го привлекува  потонувањето на бродот Силекс кој веќе неколку години е стациониран во каналот и не е во пловна состојба. Бродот се претвара во руина и го нагрдува просторот и природниот канал на само неколку метри од Билјанини извори. Наместо да се претвори во туристичка атракција каналот станува отпад за неупотребливи бродови, се загадува и има се помалку риба, е коментарот на Радован  Димитриески, прет на СРД „ Св. Апостол Павле“. Потребно е да се отстранат сите непловни бродови и...

Продолжи со читање

Подобри услови за живот на село посакуваат жителите од охридските села

Post Views: 11   Асфалт, вода и канализација се сеуште сон за многу жители од нашите села. 50 -тината жители од село Свиништа, претежно постари луѓе, како и повеќето жители од охридските села, имаат потреба од  подобрување на инфраструктурата во селата во кои живеат. Претседателот на Месната заедница, Благоја Крстаноски, вели секоја година во Локалната самоупорава поднесуваат барања со кои сакаат да се подобри животот на свиништани.„Најприоритетни се санција и асфалтирање на патот од магистарлниот пат до селото во должина од 2,5 км, еден крак од селото до црквата Св....

Продолжи со читање