Skip to main content

Автор: Валентина Неловска

Crvenkapa

Охриѓанчињата „ гладни“ за детски претстави

Post Views: 71Во понеделник, во Центарот за култура, најмладите може да ја проследат детската претстава „Црвенкапа и Иванка“. Членовите на аматерското драмско студио „Мулти Култи“ два месеци работеле на подготовката на најновата претстава за деца.  Режисерот на претставата Ташко Лаброски е задоволен  од приемот на охриѓанчињата на претставите за деца. Како  доказ за тоа ја наведува  претходната  претстава „ Децата на Дедо Мраз“. Децата ги сакаат претставите иако живееме во ера на компјутерите, тие доаѓаат на претставите и се радуваат на ликовите од бајките, вели  Лаброски.„ Решивме да...

Продолжи со читање

Охрид

Хотелиерите не задоволни од работата на Агенцијата за поддршка и промоција на туризмот

Post Views: 67На 27 април во Охрид пристигнува првиот чартер лет со холандски гости, а на охридскиот аеродром ќе пристигаат се до крајот на октомври. Од Хотам очекуваат дека и оваа Летна сезона 2013 ќе се задржи ланската бројка од  20.000  странски гости од Бенелукс. Асоцијацијата Хотам  не е задоволна од работата на Агенцијата за поддршка и промоција на туризмот, напоменува Дончо Танески претседателот на  Хотам. Нема нити еден конкретен резултат или инфорација oд одржаните  саемски манифестации. Туристичките промоции на земјава на саемите се одржуваа на полупразни штандови, со исклучок на...

Продолжи со читање

хотели

Европски ѕвезди за македонските хотели

Post Views: 107Охридските хотелиери не се воодушевeни од новиот правилник за категоризација на објектите. Хотелите, ѕвездичките сега ќе ги добиваат по нови критеруми.  За да се избегнат обвинувањата за  субјективизам при рангирањето на хотелите министерството за економија донесе нов правилник прифатен од хотелите во поголем број европски земји. За хотелите од сите категории предвиден е одреден минимум кој треба да го имаат, а понатаму, за секоја услуга ќе добиваат поени. Вкупниот резултат ќе ја дава и категоријата. Претходниот правилник ги  условуваше луксузните хотели со пет ѕвездички што...

Продолжи со читање

src

Од општината информираат се скенира состојбата во урбанизмот

Post Views: 65Градоначалникот Никола  Бакрачески од првиот момент на превземање на функцијата започна со целосен увид во работата на сите служби во Локалната самоуправа. Во прилог на ова  е и денешниот одговор од локалната на прашањето на ТВМ  што се гради на дел од СЦ „Билјанини извори“. Од општинската администарција, денес не брифираа, дека во моментов ја скенираат состојбата во урбанизмот во Охрид, издавањето на дозволите и законските постапки. Наскоро  ќе илезaт со официјална информација  за состојбите и на овој потег.Минатата недела ТВМ на реакција од наши граѓани пишуваше за...

Продолжи со читање

hipertenzija

Високиот крвен притисок се почесто атакува врз младите

Post Views: 72Зголемениот крвен притисок или хипертензијата  е најчестата причина за болестите на срцето и крвните садови. Хипертензијата е одговорна за појавата на бројни    кардиоваскуларни заболувања. Се нарекува и тивок убиец затоа  што на почетокот нема субјективни потешкотии се додека не се развијат здравствени компликации.  Најчесто на удар од хипертензијата се луѓето во средна и поодмината возраст, но исклучок не е ни младата популација, вели д-р Атанаско Михаилов, директор на охридскиот Центар за јавно здравје. „ Не ретко зголемениот крвен притисок се појавува кај помладата...

Продолжи со читање

tvrdina

Вложените пари во субвенциите за странски гости се исплатија

Post Views: 68За летна сезона  2013 Владата најавува зголемување на износот на име субвенции со кој ќе се привлекуваат странските гости. За субвенционирање на тур операторите и туристичките агенции ќе обезбедат  60 милиони денари, најави министерот за економија Ваљон Сарачини. Лани по основ девизен прилив од туризмот  биле остварени 122,3 милиони денари.  Покрај досегашната финансиска поддршка за тур операторите од Холандија и Белгија, субвенциите сега се прошируваат и за уште девет нови држави. Годинава субвенции ќе се исплаќаат и за тур-операторите од Скандинавските земји, Русија,...

Продолжи со читање

gradinki

Градинката „Јасна Ристеска“ се соочува со недостиг на кадар

Post Views: 60Недостиг од кадар е проблемот со кој се соочува градинката Јасна Ристеска. На 31 март истекоа договорите за работа за 10 воспитувачки во градинката Јасна Ристеска, ангажирани преку Агенција за вработување од страна на Локалната самоуправа, информира  директорката Марина П. Тодоровска. Таа  ги демантира сите  гласини  дека тие  се избркани од работа. Иако  воспитните групи се со поголем број на деца, а помал број на воспитувачки, градинката работи нормално, уверува Петровска.  Директорката ги негира и сите шпекулации во јавноста поврзани со  работата на оваа установа, грижата...

Продолжи со читање

asfalt

Се асфалтираат ударните дупки на патниот правец Ботун-Лешани

Post Views: 109Дождливото време денес не го попречи започнатото крпење на ударните дупки на патниот правец Ботун – Лешани.  Работниците и механизацијата на „Македонија пат“ се ангажирани да го поправат овој регионален патен правец  кој е во лоша состојба. Станува збор за реконструкција на регионалниот патен правец во должина од 5,7 км, информира Миле Јанакиески, Министерот за транспорт и врски.„Финансиската конструкција за патниот правец ќе чини околу 20 милиони денари. Со првата фаза на зафатите ќе се става основен слој кој ќе чини околу 7-8 милиони денари, а 12 милиони ќе чини...

Продолжи со читање