Skip to main content

Автор: Валентина Неловска

Охриѓанчињата го одбележаа Денот на шегата

Post Views: 5 Космонаути, принцези, самовили, вештерки, Бетмени беа само дел од најразличните костими со кои најмладите охриѓанчиња го одбележаа Денот на шегата. Првиот ден од пролетниот месец  април најмалите на само нивен начин  го направија порадосен  и пораспеан. Заради променливото време  изостана традиционалната прошетка на градскиот плоштад , па манифестацијата се одржа во кругот на 5-те  градинки.  Со најразличните шарени костими  децата покажаа дека  нивната фантазија е неисцрпна. Целта на Априлијадата е сите деца да уживаат во добра забава и смеа. Во подготвување на...

Продолжи со читање

Бројот на посетители во Охрид повторно се „ тресе“ од ракав

Post Views: 6 На охридската ривиера во мал број се присутни странските туристи кои го слават  католичкиот Велигден. Оваа констатција се извлекува од поединечните контакти со хотелиерите. Во повеќето хотели од конатктите со менаџерите за продажба информираат дека или воопшто немаат гости  или пак имаат помали групи на посетители.Од хотел Инекс Горица информираат дека немаат гости за католичкиот празник. Исто така и од Гранит кажа дека нивните капацитети останале празни. Во иста ситуација се и хотелите Метропол и Белви. Во моментов и од хотел Гарден кратко изјавија дека имаат...

Продолжи со читање

Основците оптоварени со обемна настава, зачинета со стрес од екестерното оценување

Post Views: 4 Бројните реформи спроведени во образовниот систем не донесоа ефектни промени во наставните планови и програми за децата, нагласуваат професорите, родителите и учениците. Основците се оптоварени со обемна наставна содржина, без пракса зачинета со стрес од екестерното оценување. Ова се дел од размислувањта на сите директно засегнати субјекти од  наставните програми во образовниот процес.  Учениците во трето оделение по предметот Запознавање на општеството учат за градскиот совет, функцијата на градиначалникот или претседателот на Совет, а никогаш не биле во посета на...

Продолжи со читање

Ретка е навиката на превентивни прегледи на очите

Post Views: 6 Глаукомот, катарактата и дегенерацијата на макулата се три најчести заболувања од кои страдаат повозрасните пациенти. Тоа се болести на окото кои претходно не даваат  симптоми на болка, а може трајно да го оштетат видот, информира  офтамологот д-р Виолета Павловска.„ Овие три очни заболувања се најчести во популацијата од 55 годишна возраст. Најтипично е за нив што не даваат болка, а даваат трајни оштетувања на видот. Затоа е важно на време  да се откријат, лекуваат и правилно да се  интервенира.“ Луѓето многу ретко практикуваат превентивни прегледи на окото.  Многу...

Продолжи со читање

Петрески му „честита“ на Бакрачески

Post Views: 3 „ Ако мислите дека овие избори беа демократски и ако ова не е пирова победа тогаш Ви честитам, а судот на времето ќе покаже дека ова е само почеток на нивниот крај“. Вака гласеше денешната честитка на градоначалникот на заминување, Александар Петрески,  упатена до неговиот против кандидат д-р Никола Бакрачески. Петрески им се заблагодари на сите граѓани кои на овие локални избори гласале за него, но и на оние граѓани кои гласале за опонентите доколку  тоа го сториле самоиницијативно. На останатите пак, им порача.„ На сите други кои ги купија по различни основи, на...

Продолжи со читање

ВМРО ДПМНЕ го освои мнозинството во Советот

Post Views: 3 Мнозинството во идниот градски совет го имаат 12-мина советници од ВМРО ДПМНЕ и Коалицијата За подобра Македонија. Довербата  од 15.007 граѓани или 44 посто охриѓани,  за да одлучуваат во следните 4 години по клучни прашања на градот, ја добија 10 претставници од Вмро Дпмне, еден од Социјалистичката партија и еден од Партијата на Турците. Во советот влегуваат, носителот на листата д-р Јованка Точко, а потоа следуваат и останатите кандидати од советничката листа: Дејан Паноски, Сашо Донев, Климент Шешоски, Илија Арнаудов, д-р Гордана Коњановска, Љубомир Чаулев од...

Продолжи со читање

Избирачките одбори без проблеми уредно ги презедоа изборните материјали

Post Views: 4 Избирачкиот материјал без проблеми предаден на избирачките одбори. Утре охриѓаните ќе избираат градоначалник и советници. Денес е молк и граѓаните ги сумираат сите ветувања дадени од политичарите во текот на двонеделната изборна кампања.  50.686 охриѓани запишани во единствениот избирачки список  утре од 7 до 19 часот ќе можат да го дадат својот глас за  градоначалник и советници во градскиот Совет. Предавањето на избирачкиот материјал протече во најдобра ред, информира претседателката на ОИК, Марика Костадиноска. „ Досега нема забелешки и нерегуларности, се зема...

Продолжи со читање

Приоритет на Дом е толеранција и соработка помеѓу граѓаните, религиите и партиите

Post Views: 3 На оваа изборна кампања покажавме како Дом водеше  чесна и коректна презенатција на изборната програма, кажа Наум Костоски, еден од кандидатите за  советник од листа на Дом. Во недела сакаме изборите да се одржат во чесни и демократски услови, секој да гласа без притисоци за оној што смета дека ќе му донесе просперитет на градот, кажа и Летка Филипова носител на советничката листа од оваа политичка партија. Заеднички ние интересот за просперитет на земјата и организирање на Локална самоуправа по мерка на граѓаните. Филипова ги повика граѓаните да го изберат 80,...

Продолжи со читање