Автор: Валентина Неловска
Post Views: 62Павел Попоски носител на советничката листа на група граѓани на последниот ден од изборната кампања кажа дека истата поминала во чесна презентација на нивната програма која е спроведлива на дело. Доколку ја добиеме довербата на граѓаните ветуваме поинаков начин на работа на градскиот Совет, рече Попоски. Тој кажа дека ќе бидат преносители и извршители на барањата на граѓаните, ќе ја контролираат работата на градоначалникот, а ќе го променат и ликот на општинската администрација. Попоски ги повика граѓаните да го заокружат бројот 38 на нивната советничка листа. При тоа...
Златната рипка Желба „одбра“ градоначалник
Post Views: 64Златната рипка Желба го одбра градоначалникот помеѓу двајцата најсериозни кандидати за татко на градот. Рипката избираше помеѓу Александар Петрески и Никола Бакрачески, двајцата кандидати кои според последните рејтинзи имаат најголеми шанси за да седнат во престижната градоначалничка фотелја, вели организаторот на овој несекојдневен избор, главниот и одговорен уредник на Супер радио, Сашо Митаноски. Според законската регулатива, изборот на Желба ќе се објави во недела после 19 часот, вели Митаноски. Тој ја појасни и нивната цел за овој несекојдневен настан. „Идејата беше ...
Почитување на еколошките стандарди на Охридското крајбрежје, побара Лилјана Попоска од Дом
Post Views: 67Еколошките стандарди мора да се почитуваат на Охридското крајбрежје, порача од Охрид претседателката на Дом, Лилјана Попоска. Во охридскиот туризам треба почитување на еколошките стандарди во повеќе области како што се урбанизмот, колекторскиот систем, отпадот и бучавата, кажа Попоска. Додаде дека во екологијата на туристичкиот центар ќе требаат сериозни вложувања и домаќинско работење. Нашите советници од Дом ќе бидат дежурна еко патрола што ќе се грижи за тоа, потенцираше Попоска. „ Еколошките стандарди треба да важат за сите, тие да важaт и за срцето на Охрид и за...
Нема да има отпуштања на администрацијата во општина и во јавните претпријатија, вети Бакрачески
Post Views: 68Тенденциозни невистини се шират за заплашување на вработените во општинската администација и ЈП, рече на денешната прес конференција кандидатот за градоначалник Никола Бакрачески. Се пласираат лаги дека по моето доаѓање како градоначалник и општинската администрација на Вмро Дпмне ќе има масовни отпуштања на овие вработени. Потенцираше дека тоа е дел од стратегијата за заплашување на вработените од страна на градоначалникот на заминување. Досега во мојата кариера никогаш не се случило некого да отпуштам од работа туку напротив сум вработувал и сум обезбедувал редовно...
Васил Ристески ветува општински совет за урбан развој
Post Views: 78Независниот кандидат Васил Ристески подржан од СДУ изминатиов викенд ги посетил сограѓаните од крајезерските села. Ристески на средбите со жителите од Љубаништа, Трпејца, Пештани, Коњско, Елшани и Рача ги слушнал нивните креативни идеи. Тие се во прилог на мојата програма за подобар Охрид и поубав живот, рече Ристески. Тој вети дека според неговата изборна програма по добивање на градоначалничкиот мандат веднаш ќе конституирал посебен развоен совет.„Како градоначлник веднаш ќе конситуирам совет за урбан развој. Од секоја месна заедница ќе има делигирани преставници на...
Петрески тврди- владее паника во редовите на Вмро Дпмне
Post Views: 68Кандидатот за градоначалник од СДСМ, Александар Петрески изрази благодарност до сите учесници на вчерашниот митинг во Скопје на кој учествувале над 2500 охриѓани. Тоа е поддршка кон нас и го одсликува располажението на граѓаните. Со тоа им се залудни лажните анкети од Павел Шатев, работатата овде е завршена. Тие тоа добро го знаат и затоа почнаа со подземна и ниска кампања, рече Петрески. Почнаа нивните министри да одат низ охридските села и да злоупотребуваат службени возила и наместо да работат во интерес на сите граѓани, кажа Петрески. Порача дека кампања не се...
Социјална правда и еднакви можности за сите – приоритет на ДОМ
Post Views: 86Носителот на листата на партијата ДОМ, Летка Филипова на денешната прес конференција ги изнесе нивните заложби како идни советници во интерес на охриѓани. ДОМ како зелена партија од секогаш се борела за правата на жените , а и во иднина ќе продолжи со економско јанење на жената и нејзината независност. Нивен приоритет е и социјална правда и еднакви можности за сите граѓани. Во таа насока се вклучуваат социјалната заштита и доследно почитување на човековите права. „Еден од бројните наши проекти е фомирање на сектор за социјална политика и труд. Идејата е да се зајакне...
Александар Станкоски ги промовира своите визии за градот
Post Views: 94Долгогодишното работно искуство го мотивирало адвокатот Александар Станкоски да го пренесе своето знање во градскиот Совет како иден советник. Како што нагласува Станкоски негова основна задача ќе биде и понатака да го иницира вложувањето на странски инвеститори во градот. Негова заслуга биле инвестициите од 2002 година на македонски иселеници кои вложиле свој капитал во хотелите Инекс Горица, Инекс Дрим и Галеб. „ Во тек е реновирање на поранешниот хотел Застава во кој треба да најдат вработување најмалку 50 лица. Хотелот ќе биде пуштен во употреба најдоцна до...






