Skip to main content

Автор: Валентина Неловска

Продолжува проектот „Охрид град на цвеќето“

Post Views: 17 Дождот кој во претпладневните часови паѓаше не го попречи реализирањето на проектот „Охрид град на цвеќето“. Сезонските цвеќиња кои се планира да бидат засадени на голем број површини се производство од сопствените оранжерии на ЈП „Охридски Комуналец“. До почетокот на туристичката сезона се планира да бидат засадени околу 10.000 парчиња  сезонско цвеќе, додека со новата реколта, пак од јуни планирано е  да бидат засадени помеѓу 35-40.000 парчиња цвеќе. Само претходните денови на потегот од Рибниот ресторан до Жиголо се засадени 4000 парчиња  цвеќе. Денес  во...

Продолжи со читање

Срамно е Охрид, град на културата да нема библиотека, протестираа опозиционерите

Post Views: 14 Едночасовен протест пред националната установа библиотеката Григор Прличев, одржаа поголема група на опозиционери. Дојдовме  тука за да ја потсетиме јавноста за проблемот со кој се соочува општина Охрид и нејзините граѓани, а тоа е немањето  библиотека, рече пред присутните  пратеникот Митре Вељаноски.„ Дојдовме да ја потсетиме министерката за нејзините лажни ветувања. Тоа е одлика на оваа влада во сите изминати години.  Срамно е Охрид, град на културата да нема библиотека. Пропаѓаат 150.000 книги сместени во пакети и на 150 метри квадратни во овој простор, книги...

Продолжи со читање

Алче проговори за инцидентот- никому не должам ни пари ни услуги

Post Views: 6 Сашо Алче, директорот на ЈП „Охридски Комуналец“,, кој пред три дена на конвенцијата на опозицијата во Куманово беше нападнат и прободен со нож, проговори за инцидентот. Се опоравувам од нападот кој за среќа не ми ги загрози виталните функции, вели Алче. Тој во интерес на истрагата не го открива идентитетот на сторителите. Само нагласува дека станува збор за лица вработени во Министерството за внатрешни работи. За написите во некои медиуми дека напаѓачите биле членови на СДСМ, како и за мотивот на нападот , Алче категорично изјавува. „ Јас не можам да потврдам  или...

Продолжи со читање

Корпи за отпадоци на секоја охридска улица

Post Views: 5 Поставување корпи за отпадоци на секоја фрекфентна  улица е најновиот зафат што започна да го реализира ЈП „Охридски комуналец“. Директорот на ЈП , Сашо Алче информира дека започнале со поставување на 100-тина нови корпи, покрај 100-те претходно поставени. Со тоа ќе бидеме прв град во Македонија каде што ќе има поставено корпи за отпадоци на секоја улица, нагласува Алче. Вакви садови за одлагање на отпад ќе бидат поставени во близина на автобуските  постојки, такси станиците, детските игралишта, училиштата  за  градот да биде што почист. Специјално возило ќе биде...

Продолжи со читање

Граѓаните тешко одвојуваат пари за осигурување нa имотите од штети

Post Views: 8 Охриѓани ретко одвојуваат пари за осигурување на своите домови од  штети. Засега, опфатот на индивидуалните домаќинства во Охрид од разни видови на штета на имотот е само 20 проценти, вели Зоре Николоски, менаџер за продажба на осигурувања од АД „Кјуби Македонија“. Иако еден од приоритетите за влез во Европската унија е зголемување на лимитот до 80 проценти за осигурување на имотите, со сегашниот процент не можеме да бидеме задоволни, нагласува Николоски. Менаџерот по продажба на осигурувања додава дека иако се забележува мало зголемување на интересот кај...

Продолжи со читање

Исчезнуваат свадбарските обичаи кај муслиманите

Post Views: 13 Изумираат бројни  ритуали поврзани со свaдбарските обичаи кај муслиманите од  овие простори. Скоро и да ги нема бричењето на зетот, каносувањето на невестата, играта филџан или подарокот накитен овен,  како дел од адетите кај муслиманите во Октиси. Многу од ритуалите кои се практикувале со векови денес  скоро и да не постојат. Глобализацијата и новото време ги збришаа некогашните обреди и кај муслиманите. За да не паднат во заборав некогашните верски обичаи поврзани со свршувачките и свадбите кај муслиманите од Октиси, ги запиша во книга октишанецот, Абас Цаноски. ...

Продолжи со читање

Пристига помош за опожареното семејство Шемо

Post Views: 8 Пети ден минува од пожарот кој го пеплоса скромниот дом на тројцата браќа Шемо, а охриѓани секојдневно ја покажуваат својата хуманост. Во дворот на браќата Шемо почна да пристига помош за обновување на нивниот дом. Хумани луѓе донираат кој колку може во овие тешки моменти да им ја ублажи несреќната ситуација. Мајката на браќата Шемо, Асиме и останатите членови се бескрајно благодарни на луѓето кои им подадоа рака. Општинската организација на Црвен крст им подарила ќебиња и социјални пакети со храна, градоначалникот Александар Петрески им обезбедил топол оброк....

Продолжи со читање

Одливот на „мозоци“ во странство не запира

Post Views: 4 Одливот на македонските „мозоци“ во странство не запира. Еден од нив е научникот, охриѓанецот Стевчо Стефаноски. Стефаноски е доктор по физички науки и веќе 6 години својата научно-истражувачка дејност ја развива на Универзитетот на Јужна Каролина во САД. Во 2005 година дипломирал на Природно математичкиот факултет во Скопје, отсек физика, како најдобар студент, а во 2007 заминува во САД. Таму  магистрира и докторира на областа термоелектрични материјали. Стефаноски потврдува дека покрај него во Сад има многу македонски научници кои својата истаржувачка дејност ја...

Продолжи со читање