Автор: Валентина Неловска
Post Views: 245 Од неодамна владата донесе протоколи за организација на манифестации во затворен простор. Но, сеуште нема зелено светло за работа на театрите. „Ние би почнале со кино проекции во најбрз можен рок.За театрите нема поконкретни насоки како би се одвивало тоа и за нив ќе почекаме. Актерите, публиката и ние како куќа сме желни што побрзо да почнеме, од наша страна организационо за протоколите сме подготвени, но чекаме амин од министерство да почнеме да работиме“, кажува Горан Симоноски, директор на НУ ЦК Григор Прличев. Во НУ ЦК Григор Прличев, досега се одложи само...
Охрид е најскап град според разликите на цени на производите во малопродажба во земјава
Post Views: 176 Разликите на цени на производите во малопродажба го прават Охрид најскап град во земјава, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика. Големи се разликите кај цените во малопродажба низ државата. Цените на производите во малопродажба за исти производи со иста грамажа имаат различни цени низ градовите во земјава. Според податоците на заводот, многу од продуктите се поскапи во Охрид за разлика во останатите македонски градови. Разликите кај одредени производи достигнуваат и до 100 денари по килограм. Тоа зависи од производот и локацијата каде што се набавуваат. Еден...
Охридски станоиздавачи реагираат дека не добиле исплата на средства за дадените услуги за ваучерите за летување
Post Views: 154 Охридските станоиздавачи од мал обем ги чекаат исплатите на средства од искористените ваучери за летување од граѓаните кои ги користеле нивните сместувачки капацитети. Реагираат дека досега од министерството за економија немаат добиено исплата на средства до 5-ти во тековниот месец за искористените ваучери во предходниот. Некои од поголемите сместувачки капацитети, исто така, се жалат дека на нивните сметки сеуште нема уплати за дадените услуги. Во хотелите пред 20 дена почнале да пристигаат првите уплати ,вели Крсте Блажески прет на Хотам. Наскоро ќе почнат да ги...
Студиото МПМ дизајн за изработка на витраж одбележува 25 години успешна работа
Post Views: 329 Охридското специјализирано студио за изработка на витраж МПМ дизајн одбележува 25 години јубилеј. Студиото го раководи aрхитект, Митко Поповски, автор на голем број уметнички дела изработени во техниката витраж. Сите овие изминати години, сме ги издржале со макотрпна работа, со амбиција и ентузијазам без разлика на променливоста на времињата. Секогаш имало тешки времиња посебно за уметноста. Но, и во најтешките времиња уметноста успеала да преживее затоа што е тоа емоционална состојба на оние кои се занимаваат со таа работа, вели Поповски. „Многу е битно за оној...
Капетанија ќе иницира измени во Законот за внатрешна пловидба
Post Views: 233 Измени во Законот за внатрешна пловидба ќе бараат од Капетанија на Пристаништата на РМ. Сите недостоци кои се евидентирани на терен и во претходниот Закон, а праксата бара брзо реагирање ќе биде регулирано, информира Горан Устијаноски, капетан на Капетанија на Пристанишата на РМ. Имаме појави кои мора да се регулираат. Меѓу измените кои се најавуваат и се размилсува да се воведат е издавање на лиценци за управување на такси чамците, но и за лицата кои ги возат такси чамците, вели Устијаноски. „Потребно е да се воведат критериуми за возраста на оние кои управуваат...
Службата за спасување на планина изведе уште една успешна интервенција
Post Views: 202 Планинската Спасителна Служба спаси маж кој се изгубил на планина во струшко. Антонио Додевски,раководител на Планинска Спасителна Служба, кажува дека и најбанални причини може да доведат до сериозни последици кои може да завршат фатално. Имавме лице кое само се движело, дезориентирано, дехидрирано, со 5 проценти полна батерија на мобилниот телефон . Среќа, преку нашиот систем за лоцирање го пронајдовме, брзо делувавме и го евакуиравме, вели Додески. Потсетува како посетителите да се однесуваат на планина. „Луѓето да ги почитуваат основните начела за безбедност,...
Во агенцијата за вработување пораснал бројот на охриѓани кои се пријавиле како активни баратели на работа
Post Views: 205 Од почетокто на пандемијатa досега пораснал бројот на охриѓани кои се пријавиле како активни баратели на работа, информираат од охридската Агенцијата за вработување. Во моментов, во евиденцијата на активни баратели на работа се регистрирани лица кои останале без работа како последица на економската криза од пандемијата , но се пријавиле и лица кои биле пасивни баратели на работа. На пазарот на трудот во Охрид, во месец март биле е евидентирани 2858 лица кои активно бараат работа. Во моментов, пак, во агенцијата за вработување има 3.600 активни баратели на работа,...
Здружението Чекоштина Урбан одржа состанок со сопствениците и корисници на недвижен имот во месноста
Post Views: 232 Одржан е состанок со сопствениците на недвижен имот и здружението „Чекоштина Урбан“. Повторени се барањата упатени до Локалната самоуправа пред 9 месеци , за кои добиле ветување, но досега нема ништо од реализација на некое од трите испорачани барања, велат од Здружението. Жителиет бараат изградба на патна мрежа бидејќи Алтанин мост станува опасен за користење, поставување на улично осветлување и уличен систем со адреси, вели Ванчо Огненов од здружението Чекоштина урбан. Барањата се дополнети со неколку нови приоритети за жителите од населбата. Важно е што поскоро...
Дел од корисниците на постојана социјална помош сакаат да работат
Post Views: 215 Агенцијата за вработување во соработка со Центарот за социјални работи објавува нова активна мерка за субвенционирање на плати.Се мерката се опфатени корисниците на постојана социјална помош. Огласот тече по втор пат и планирано е да им помогне на 60 корисници на постојана социјална помош евидентирани во Центарот за социјални работи. Со оваа мерка со првиот повик се вработиле 15 лица , од кои едно лице од општина Охрид. Досегашното искуство со оваа ранлива категорија невработени лица покажува дека дел од корисниците на постојана социјална помош сакаат да најдат работа,...
Хронично болните до 23-ти септември да посетат специјалист за да добијат потврда дека не може да се вратат на работа
Post Views: 163 Македонските здруженија на пациенти денеска на средба со министерот за здравство, Венко Филипче ги изнесоа своите предлози за доследно спроведувањ на одлуката на Владата по препорака на Комисијата за заразни болести, хронично болните да се вратат на работа, а притоа да не се прават злоупотреби на системот. Заеднички е ставот дека пациентите со хронични болести кои се со најголем ризик на смртност од КОВИД 19 и влошена здравствена состојба да останат и понатаму ослободени од работа. Но, за да го остварат ова право ќе треба да извадат боледување од докторот специјалист....
Финансиска помош од државата, занаетчиите се во криза
Post Views: 439 Занаетчиите да бидат опфатени во 4-тиот сет економски мерки побараа од министерството за економија од КЗМ. Мерките ќе се добра финансиска инјекција за занаетчиите бидејќи се наоѓаат во финансиска криза, сите дејности работат нерентабилно и им е потребна финансиска помош од државата, информира Сашо Богоески прет. на РЗК и член на Прет. на ЗКМ. Додава дека испорачаните барања се со цел да продолжат антикризните мерки во услови на пандемијата за помош на оваа стопанска гранка. „Истото го бараме и во 4 -от сет на мерки да бидеме покриени со парична помош од 14.50 ден.,...
Ново откриените 14 охриѓани заразени со ковид 19 во најголем дел се со лесна клиничка слика
Post Views: 401 Бројката од 14 нови случаи на заразени со ковид 19 ја вознемири охридската јавност. После подолго време на мирна ситуација со мал број случаи, двоцифрената бројка ги потсети граѓаните дека вирусот циркулира во заедницата. Станува збор за заразени охриѓани од кои повеќето се со лесна клиничка слика, информира Сашо Точков, директор на ЦЈЗ Охрид. „Најголем дел се поединечни случаи. Во анкетните листови видов дека не знаат како се заразиле. Но, има семејно поврзани позитивни случаи, дел се здравствени работници од болничките одделенија. Сетоа тоа говори дека не е време...