Skip to main content

Автор: Валентина Неловска

Два пожари ги пеплосаа домовите на четири охридски семејства

Post Views: 5 Викендот помина несреќно за четири охридски семејства. Пламени јазици им ги пеплосаа домовите на семејствата Шемо и Тоскоски.  Домот на Тоскоски, во населбата Видобишта, настрада од пожар  вчера напладне  околу 14 часот. Се запалил ТВ приемникот и за 10 минути пожарот им ја проголтал целата покуќнина и оставил само поцрнети  ѕидови. Димче Тоскоски вели дека веднаш интервенирале  против пожарните возила. „Луѓето најпрофесионално ја завршија својата работа, толку можеа да спасат. Изгореа и дограмата и паркетот, штетата е многу поголема, но со скромна проценка би била...

Продолжи со читање

Борците не дозволуваат негирање на НОБ и државата

Post Views: 8 Сојузот на борци од Охрид и Дебрца беше  дел од 34-те општински организации кои учествуваа на денешниот протест во Скопје. Протестот започна во 11 часот  во најдобар ред на плоштадот Македонија и заврши по еден час,  информира Гоце Георгиески претседател на сојузот на борци на Охрид и Дебрца. Во маршот учествуваа  околку 10.000 преживеани борци, продолжувачи на нивното дело и слободољубиви граѓани од сите верски конфесии, партии  и националност, кажува Георгиески. Во протесниот марш застанаа граѓаните  кои ги почитуваат традициите и придобивките од државотворната...

Продолжи со читање

Оштетената скулптура јагула повторно блесна

Post Views: 6 Кај Куба Либре повторно блесна репарирана и свежо бојадисана скулптурата јагула. Дрвената скулптура е санирана и вратена во првобитната положба, вели  нејзиниот творец Сергеј Цингулоски. Најдолгата дрвена скулптура во светот  со 172 метри должина прекрасно се вклопи во овој простор, задоволно вели Цингулоски. Уметникот за десетина дена и по кратко време од нејзиното оштетување од страна на непознати вандали, го обнови уметничкото дело кое го создаде пред само три години, а на овој простор поставено пред две години.   „Благодарност до Локалната самоуправа која брзо ...

Продолжи со читање

„Проаква“ ќе ги проверува колекторските шахти в долж брегот

Post Views: 8 Корен од дрво затна шахта на колекторскиот систем во Горица, во близина на дискотеката Парк. Непријатната реа ја забележале рекреативци, а екипите на МЈП  „Проаква“ веднаш реагирале и го отстраниле  дефектот. Зачепувањето на шахтата овој пат се случило по природен пат, но од  ЈП Прокава нагласуваат дека повеќе главоболка им нанесува детектирањето на дивите приклучоци во колекторскиот систем. Пред неколку дена во Лагадин откриле див приклучок на несовесен граѓанин кој  нелегално канализацијата ја  приклучил на колекторскиот систем, напоменува директорот на...

Продолжи со читање

Египќаните да излезат на Локални избори повикуваат од Сојузот на египќани

Post Views: 5 Масовно излегување на престојните локални избори  повикуваат од Сојузот на египќани. Лидерите од овој сојуз им порачуваат на припадниците од нивната етничка заедница да го искористат своето уставно право на глас.„ Во никој случај немаме право да го контролираме мојот народ како ќе се постават и за кого ќе го дадат својот глас. Важно е  мојот народ да добие право на безбедно гласање и со добра волја“, кажува Хусеин.Од Сојузот на египќани од следната недела информираат  за средба со високи преставници на ОБСЕ. Потенцираат дека на средбата ќе ги запознаат со проблемите...

Продолжи со читање

Пензионерите сакаат на бања ама капацитетот ограничен

Post Views: 7 Во тек е пријавувањето на пензионерите за одење на бања на државен трошок. За само три недели од кога е објавен огласот 400 охридски пенизонери поднесле барања за користење на оваа безплатна можност до охридската филијала на пензиско инвалидскито фонд. Пријавувањето трае до 15-ти февруари. Лани биле пријавени 560 пензионери, а од нив дозвола за бањско лекување добиле 230 охридски пензионери. Се очекува, бројката на пензионери кои ќе поднесат апликации за користење на бања, годинава да биде поголема, информира раководителот на филијалата Самет Ризвани.„ Услугата може...

Продолжи со читање

Време е за ново поглавје за Охрид, порача д-р Бакрачески

Post Views: 4 Програмата за развој на Охрид,  ја пласира пред сограѓаните кандидатот за градоначалник од редовите на Вмро Дпмне, д-р Никола Бакрачески.  На одржаната конвенција на Вмро Дпмне, на која беше преставен како  кандидат за прв човек на Охрид, Бакрачески ја претстави програмата за која рече дека во неа може да се пронајде секој охриѓанец. Понуди, како што рече прецизна и јасно дефинирана, најсериозна и најобемна прогама во која се вклучени мислења од експерти и еминентни луѓе. Пред своите сопартијци ги образложи  стратешките цели за економски, културен, туристички и...

Продолжи со читање

Занаетчиите на удар од нелојалните конкуренти

Post Views: 5 Несоодветни простории се адаптираат и се работи нелегално скоро во сите дејности.  Подруми, шупи, детски соби и спални се претвораат во механичарски и работилници за тапацирање, во козметичарски и фризерски салони, во кондураџиски и резбарски работилници без дозвола за легална дејност. Луѓето масовно, како знаат и умеат,  се снаоѓаат  и се справуваат со економската криза при тоа уривајќи ја цената на трудот на оние кои за сличните  услуги плаќаат високи давачки и даноци кон државата, реагираат уредно регистрираните занаетчии. „Сфаќаме дека секој треба да живее ама...

Продолжи со читање