Автор: Валентина Неловска
Post Views: 6 Oхридскиот Совет даде зелено светло во септември оваа година да се одбележи 100 годишнината од Охридското востание. Повод за кревање на востанието било потпишувањето на Букурешкиот мировен договор и поделбата на Македонија. Ден по потпишувањето на овој погубен договор за Македонија, Централниот комитет на Вмро испратил делегација која побарала од големите сили ревизија на договорот. До ревизија на договорот не дошло и Организацијата ја продолжила револуционерната борба за ослободување на Македонија. Подготoвките почнале и на 21 август продолжила организираната...
Мал број охридски семејства згрижуваат деца без родители
Post Views: 4 Охридските семејства и понатака не покажуваат поголема желба за згрижување на деца без родители. Интересот за оваа хумана вонинституционална форма за згрижување на деца без родители полека се мрднува од мртва точка, вели директорот на охридскиот центар за социјални работи Екрем Каљоши. Факт е дека во минатиот период во Охрид немаше никаков интерес за вдомување на деца со кои се поиграла животната судбина. Иако, засега во Охрид има само две семејства кои се стекнале со статус на згрижувачки семејства, интересот полека се буди, појаснува Каљоши. „ Во Охрид во...
Проаква испорачува доволни количини на вода за пиење
Post Views: 4 Поволните временски услови во моментов овозможуваат одлична издашност на изворите со вода за пиење и им одат во прилог на ЈП „Проаква“. Водоснабдителното претпријатие испорачува до потрошувачите 250 литри вода во минута вода по природен пат. Тоа значи нема вклучување на пумпната станица кај Метропол и на останатите извори што не беше случај минатата година кога сушата направи големи штети на плашицата во каналот, но и огромни трошоци за електрична енергија на „Проаква“, укажува директорот на ЈП, Златко Старкоски. Водата која ја пијат граѓаните сега се пласира со...
Скромен дочек на Нова Година
Post Views: 6 Полека се ситнат деновите од старата година, a меѓу граѓаните се помалку ја има некогашната еуфорија за што погламурозен дочек на најлудата ноќ во годината. Секој за дочекот на новата година се подготвува на свој начин. Повеќето од граѓаните ќе останат дома, а некои пак ќе мора да работат и за време на Новогодишните празници.Новогодишната атмосфера во охридската чаршија како да не се чувствува. Трговците и угостителите се жалатдека граѓаните се помалку трошат од семјниот буџет за новогодишните празници. Охридскиот угостител, Љупчо Патчев, вели од година в година...
Ривиера и Табана повторно ги разгореа политичките страсти
Post Views: 6 Советниците, денес ги изгласаа и предлог одлуките за опфатот на нацрт уранистички планови за Ривиера и Табана. Овие нацрт урбанистичките планови по втор пат ги разгореа политичките страсти. Додека за опозиционерите нацрт урбанистичките планови немаат законски согласности од институциите, за позицијата се е легално. Од секторот за урбанизам, просторно планирање и животна средина, велат дека при изработката на нацрт плановите се испочитувани сите Законски процедури. „ При изработката на урбанистичките планови мора да се земат предвид, од Завод и Музеј и...
Мнозинството го усвои буџетот за 2013 година
Post Views: 4 Мнозинството на Советот денес го усвои буџетот за 2013 година тежок 984 милиони денари, додека опозиционите советници на Вмро Дпмне ја напуштија седницата. Координаторот на советничката група од Вмро Дпмне, Дејан Паноски претходно упати забелешки дека буџетот е неприфатлив за нив. Констатираше дека е безидеен и не носи развој за градот. Паноски истакна дека можеле да поднесат амандмани и да го блокираат буџетот, но тоа не го направиле со образложение дека тие се одговорна политичка партија.„ Ние сме против секоја ставка. Во буџетот не е ништо работено,...
Пчелари внимавајте кому плаќате закупнина
Post Views: 5 Информацијата дека некои пчелари добиле сметки за плаќање на закупнина за пашарина ја негираат од ЈП за стопанисување со пасишта. Порачуваат пчеларите да не плаќаат закупнина ако фактурата не е со лого и печат од ЈП за стопанисување со пасишта. Претседателот на Комсијата за издавање на користење на пасишта, при ЈП за стoпaнисување со пасишта, Амир Беџети ги предупредува пчеларите од можни измами. „ Им ставаме дознаење за можни злоупотреби. Надоместокот се плаќа само на ЈП за пасишта утврден со тарифник и се плаќа вирмански на жиро сметка. Таа е целта да бидат...
Хуманитарен панаѓур во ОУ „Христо Узунов“
Post Views: 7 Во ОУ „Христо Узунов“ се одржа Новогодишен панаѓур на кој се продаваа домашно изработени деликатеси. На продажната маса се најдоа различни видови на колачи, ролати, кифлички, погачи и други специјалитети подготвени од родителите. Најмалите основци срамежливо потврдуваа дека при подготовката на деликатесите биле вклучени и тие.Денешната акција е само една од повеќето хуманитарни случувања во кои активно се вклучија и родителите. Декември или месецот на „Отворено срце“, е време кога се дарува и се помага на лицата во заедницата кои имаат потреба од помош. „...