Skip to main content

Автор: Валентина Неловска

teatar

Концерт на чалгии, престава за деца и театарска премиера

Post Views: 73Започнува музичкото загревање на предновогодишната атмосфера во Охрид. На 27 декември во четврток, од Центарот за култура го најавуваат музчкиот концерт на бендот „Чалгија саунд систем“. Концерт кој ќе придонесе за прекрасно расположение кај љубителите на чалгаџиската музика, информира директорката  на центарот за култура Драгана Боцевска.   „ Бендот „Чалгија саунд систем“  ја негува чалгаџиската музика и ќе изведе прекрасни песни  од регионот. Овој бенд ќе приреди пред новогодишна атмосфера и ќе предизвика  позитивни чувства кај публиката“, кажува Боцевска.   На 28 декември...

Продолжи со читање

марија

Жените похрабри да започнат сопствен бизнис

Post Views: 66Марија Мајсторовиќ е идна козметичарка. Таа е една од ученичките која го посетува курсот за козметичари во отворениот граѓански универзитет за доживотно учење „Кузман Шапкарев“.  Оваа млада девојка практичниот дел од курсот  за козметичари го обавува во козметичкиот салон „Изида“ кој соработува со  отворениот граѓански универзитет за доживотно учење.„Многу сум задоволно, научив работи кои ќе можам да ги користам во понатамошната работа. На курсов можеше да се научи се и ги пробавме сите третмани, Сузана е целосно предадена на пренесување на знаењето како  и останатите...

Продолжи со читање

дневникот

Актерката Билјана Танески за прв пат во улога на маж

Post Views: 117Монодрамата „ Дневникот на лудиот“ е вечерашната премиера пред охридската публика во изведба на македонската актерка Билјана Танески. На театарските штици  кои живот значат актерката се враќа по подолга пауза во улога на лудиот. За  прв пат во македонската историја на театарот една жена ќе одигра машка улога.  За ликот на лудиот кој го толкува во вечерашната престава Танески вели не ме возбудува тоа што играм маж туку тоа што решив да го прествам Гогољ како нормална душа која дише и прави обични работи.„ Интересно e во сето тоа  што јас жена решив да се преставам во машка...

Продолжи со читање

пакетчиња

Германските деца испратија Новогодишни подароци за охридските основци

Post Views: 74Основците од  „Братсво  Единство“ преку  музика и игра, како што умеат само искрените  детски срца, ја искажаа благодарноста кон донаторот на новогодишните пакетчиња за нивните другари , децата од ранливите социјални семејства. Пакетчињата на кои се радуваат сите деца во светот им ги подарија од невладината , хуманитарна  организација Адра. Драгослав Кушески, од  НВО „ Адра“, вели дека три години соработуваат со донаторите на новогодишни пакетчиња. „Ова се пакетчиња кои ги подготвиле германски семејства. Ниедно пакетче не е исто, се подготвуват со голема љубов за децата во...

Продолжи со читање

bakrac

Чесни избори очекува кардиологот Никола Бакрачески

Post Views: 72Субвенционирање на охридските станоиздавчи, изградба на трговски центар, модерно пристаниште, катни гаражи, затворен зелен пазар и  индустриска зона, се само мал дел од развојните проекти за Охрид, кој ги најави кандидатот за градоначалник од редовите на Вмро Дпмне, кардиологот Никола Бакрачески. Охрид мора да биде симбол на прогрес на иднината и сиот мој капацитет и знаење ќе ги ставам во функција на својот град и граѓаните, рече д-р Бакрачески.  Како кандидат за градоначалничката функција на престојните локални избори очекува максимална  коректност.„ Сакам да ја споделам...

Продолжи со читање

украси

Оживејте ја празничната магија

Post Views: 75Иванка и Бруно Гигер во дворот на нивната семејна куќа  во населбата Радојца Новичиќ направија магична новогодишна  атмосфера. За да го оживеат празничниот дух, го  украсија својот дом. На вредниот брачен пар му биле потребни 8 дена, многу лампиони, новогодишни реквизити и над 500 метри сијалички и  светлечко црево. Повеќето од реквизитите ги имаат со години и секоја година ги надополнуваат со по некој нов украс, објаснува Иванка. Оваа идеја започнала од нивните деца во Швајцарија каде што брачниот пар живеел повеќе од 20 години, а сега тие го  продолжуваат обичајот тука во...

Продолжи со читање

cevlar

Занаетчиите, калфите и Законот за образование

Post Views: 106Поголемиот број од занаетчиите се судираат со законскa пречкa која ги оневозможува да примаат ученици  да учат занает.  Во моментов само козметичарите, фризерите, автомеханичарите, електричарите или струките кои се опфатени во средното стручно образование може да добијат дипломи за одреден занает. Со вакви одредби од  Законот за образование  останатите занаетчии се ставени  во ситуација учениците да ги вработуваат, вели Сашо Богоески, претседател на регионалната занаетчиска комора. „ Ние занаетчиите, калфите мора да ги пријавуваме како вработени лица. Учeник не може да биде...

Продолжи со читање

sosedi

Секнаа средствата од ЕУ за партнерство со соседна Албанија

Post Views: 75За невладините организации, јавните претпријатија, факултетите и  општините секнаа парите за партнерство со соседна Албанија. Одлуката да се пренаменат средствата од ИПА програмата за прекугранична соработка на Македонија и Албанија ќе има сериозен финансиски удар врз институциите за кои беа наменети. Неискористените средства од програмата за 2012 и 2013 година  ќе бидат пренаменети  за уредување на граничните премини во Дебар и Табановце, информира Гоце Симоноски, раководител на Тлер и  член на Мониторинг Комитетот. „ Реагиравме по однос на ова прашње до заедничкиот комитет...

Продолжи со читање