Автор: Валентина Неловска
Post Views: 8 Од ОК на Вмро Дпмне од Дебрца се упатуваат критики за несовесно и недомаќинско работење во изминативе години на градоначалникот на Општина Дебрца, Љупчо Којчиноски. За обвинувањата упатени на адреса на актуелниот градоначалник, претседателoт на ОК Игор Трајкоски се повикува на раководењето со буџетот на Општина Дебрца, на неговата приходна и расходна страна. Во општина Дебрца не се спровеле или многу малку се направило од ветеното за подобрување на инфраструктурата, укажува Трајкоски. Нема јавно осветлување, изградба на системи за водоснабдување, систем за...
Градоначалникот со порака за пријателство, соработка и културен натпревар меѓу државите
Post Views: 9 Шест делегации од градови пријатели на Охрид засадија дрвца во паркот на пријателството кој денес беше свечено пуштен во употреба. Паркот се протега покрај пешачката патека која води од мостот кон Горица. Идејата за еден ваков симболичен простор е на охридскиот градоначалник Александар Петрески кој го следи примерот на збратимениот град Трогир. Денес, кога Охрид го одбележува Свети Климент големиот хуманист и заштитник на градот, од паркот на пријателството беше испратена една многу значајна порака.„ Oд Свети Климент преку нас до Европа порачуваме дека...
Градоначалниците ги сумираа резулатите од досегашната работа
Post Views: 4 Зелс или Асоцијацијата на локалните власти, која како институција ги штити интересите на општините го одржа последното, генерално собрание во овој состав на градоначалници. За тоа како протече четригодишниот период од работата на Зелс , мислењата се поделени. За претседателот на ЗЕЛС, скопскиот градоналалник Коце Трајановски, во овој период се постигнати значајни придобивки во интерес на општините. Законот за управување со градежното земјиште, законот за легализација на дивоградбите, зголемувањето на стапката на ДДВ-то и персоналниот данок, како и ...
Започнаа чествувањата по повод патронатот Св. Климент Охридски
Post Views: 3 Од денес започнаа чествувањата по повод патронатот на градот Св. Клиемнт Охридски. Средното општинско училиште кое го носи името на патронот на градот организира бројни активности. Вечерва учениците од гимназијата во Центарот за култура со почеток во 20 часот ќе одржат хуманитарен музички концерт. Хуманитарен карактер ќе има и спортскиот настан кој ќе се одржи во петок во 13 часот, напоменува директорот на средното училиште, Наум Рилкоски, а потсетува и на други бројни активности.„ Спортскиот настан „Со велосипед до похуман свет“ има хуманитарен карактер, а...
Запален оџак опожари семејна куќа во Радојца Новичиќ
Post Views: 7 Во населбата Радојца Новичиќ, на улицата 130 бр. 16 утрово се запали семејна куќа. Соседите во 8 .40 минути во охридкста пожарна пријавиле пожар на оџак во соседството. Пожарот го зафатил кровот и горниот кат од семејна куќа и направил огромна материјална штета. По дојавата веднаш било испратено навално противпожарно возило кое пристигнало на местото на пожарот, а со оглед на големината на стихијата во гаснењето биле вклучени и останатите 4 противпожарни возила, информира командирот на противпожарната единица Спасе Прентоски.„По првичната дојава на пожарот...
Земјоделците можат да ги обноват старите трактори
Post Views: 7 Младиот фармер, 27 -годишниот Ристе Василевски од Горно Лакочереј набавил трактор со помош на владините мерки за поддршка на земјоделците. Обработката на земјоделските и овоштарските површини му е полесна откако го заменил тракторот стар околу 20 -тина години, вели Василевски. Цената на еден нов трактор е околу 8000 евра. Половина од цената ја плаќа земјоделецот, а останата половина е неповратен износ од државата. Младиот фармер Василевски е крајно благодарен на владината мерка и поволноста што ја добил за да ја обнови земјоделската механизација.„Аплицирав за...
Згрижувањето на старите лица во Охрид-проблем
Post Views: 7 Се почесто старите лица зачукуваат на вратата на Центарот за социјални работи барајќи помош. Во последно време се поевидентен е проблемот со старите лица и задоволување на нивните основни потреби, нагласува директорот на Центарот Екрем Каљоши. „ Во центарот се јавуваат лица кои живеат сами и бараат адекватно решение. Не сите лица кои живеат сами имаат и доволно приходи за сместување. За жал во моментов во градот нема установа која би се грижела за нив, ако се исклучат геријатриското одделение и костозглобна. Редно е надлежните да размислуваат за центар за...
Во Охрид не е регистриран случај на Хив Сида
Post Views: 7 Оваа година, за среќа, за Охрид ќе протече без нити еден евидентиран случај на Хив/Сида. Во земјава пак, бројот на ново регистрирани случаи е 20 заболени, од кои 13 се Хив позитивни и 7 случаи отпаѓаат на заболени од Сида. Најмногу регистриарни има на возраст од 30 до 39 години 8 случаи, 6 случаи се на возраст од 40 до 49 и 5-мина случаи се на возраст од 20 до 29 години. Меѓу заболените се 15 мажи и 5 жени, а за жал има и едно дете на 6 години каде што преносител била мајката. Последните 2 случаи во Охрид се откриени во 2007 година. Од почетокот на Хив /сида...