Skip to main content

Автор: Валентина Неловска

Не престанува потребата од народната кујна

Post Views: 7 На вратата на охридскиот центар за социјални работи доаѓаат нови баратели за користење на народната кујна.  Засега бројот на социјално загрозените лица кои ги згрижува државата обезбедувајќи им еден оброк е 80 лица, вели директорот на Центарот Екрем Каљоши. „ Има нови баратели за користење на народната кујна, но за жал бројот не може да се зголемува. Се надеваме во иднина ќе има повеќе разбирање. Сега измените на корисниците се вршат доколку некој од корисниците го изгуби правото на социјалната парична помош или на постојаната парична помош“, појаснува првиот човек...

Продолжи со читање

Започна реконструкцијата на спортската сала во Велгошти

Post Views: 7 Забрзано се  работи врз реконструкција на спортската сала во Велгошти.   Во моментов се работи  на  ентериерот на салата, а се освежува и фасадата. Агенцијата за млади и спорт ги финансира градежните работи кои се одвиваат според  планот кој што го најави директорот  Лазар Попоски, при неговата посета  на објектот во месец јули. Ставањето во функција на објектот ќе има големо значење за учениците од ОУ Живко Чинго и за спортските екипи. Агенцијата за млади и спорт има склучено договор со општината  и со ОУ „ Живко Чинго“, вели Серафима Наумоски, од охридската...

Продолжи со читање

Инцидентите во училиштата опаѓаат-мирот го чуваат агенциите за обезбедување

Post Views: 6 Редот и мирот во охридските основни и средни училишта е на високо ниво. Оваа година биле регистрирани само 3 помали инциденти, 2 во средните и еден во  основните училишта.  Советодавната група граѓани составена од психолози, педагози од средните и основните училишта, полицијата, невладини органзаиции и центарот за социјални работи се задоволни од безбедносната состојба во охридските училишта. Ситуацијата е резултат на преземените превентивни мерки, укажува портпаролот на СВР, Стефан Димоски.  „ Улогата на агенциите за обезбедување е крајно поволна Очекувано е оваа...

Продолжи со читање

Испуштениот фосфор во близина на Поградец не е еколошки инцидент, велат од албанската страна

Post Views: 6  Еколошко згадување со испуштање фосфор се случи викендов на албанската страна на Охридското Езеро, кај селото Дрилон, 3 и пол километри  до граничниот премин „Св. Наум“. Првичните информации  укажуваат дека се работи за загадување на Охридското Езеро со фосфор, мошне опасна материја која го забрзува процесот на стареење на езерото. Аријан Мероли од Билатералниот Секретаријат за заштита на Охридското Езеро од Албанска страна негира дека станува збор за еколошки инцидент. Објаснува дека е вообичаен процес на третирање на отпадните води и дека во моментот тоа може да...

Продолжи со читање

ОК Вмро Дпмне со низа обвинувања до градоначалникот за паркинг просторите

Post Views: 5 Од ОК на Вмро Дпмне пристигнаа ново-стари обвинувања на адреса од градоначалникот поврзани со стопанисувањето на паркинг просторите. Она што е очигледно и што ќе биде претпознатлива симболика за овој градоначалник е начинот на кој не се почитува сопствениот збор и ветувањата дадени на охриѓани, рече Никола Митровиќ, портапрол на ОК на Вмро Дпмне на денешната прес конференција. Иако сите бевме сведоци на неговото признавање дека општината направила катострофална грешка со давањето под концесија на паркинг просторите во Охрид и дека истите ќе бидат вратени под...

Продолжи со читање

Монографијата за охридската гимназија ќе излезе од печат

Post Views: 8 Монографијата  за охридската гимназија сепак ќе го види светлото на денот. По неколку години чекање  ќе биде отпечатена во тираж од 500 примероци. Автор на монографијата  е историчарот порф. Д-р Павле Митрески. Историчарот  повеќе од 5 години прибирал материјали, документи , слики и мемоари. Во книгата се содржани сите детали за почетокот на изградбата на објектот, како и животот на градителот, мајорот во турската војска Ејуп Сабри. На почетокот од 20 век мајорот Сабри потрошил голем дел од свјот имот за да го подигне монументалниот објект во кој денес е сместена...

Продолжи со читање

Електронските дневници не функционираат

Post Views: 7  Родителите сеуште немаат увид во школскиот успех на нивните деца преку интернет. Современите дневници кој од оваа учебна година се задолжителни за секое училиште во земјава сеуште не се ставени во функција. Директорката на ОУ „Св Климент Охридски“, Славица Илиќ  вели дека при воведувањето на електронскиот дневник се сретнале со неколку проблеми. Се соочиле со тешкотии  во комбинираните паралелки или со  наставниците кои реализирале настава во две училишта. Некои проблеми успеале да ги надминат, но како главна причина ја наведува интернет конекцијата. „Се случува да...

Продолжи со читање

Општината ќе ги помага социјално ранливите охриѓани

Post Views: 5 Со парични олеснувања општина Охрид ќе ги помага ранливите категории  охриѓани. Наскоро ќе им ги надополнува давачките за сметки на трите општински јавни претпријатија Проаква, Комуналец и Нискоградба. Висината на субвенцијата за трошоците за комунални услуги ќе биде во висина од 600 денари. Од овие средства 300 денари се предвидени  за сметките за потрошена вода за пиење, и по 150 денари за сервисните услуги за ѓубре и канализација.  Општината само на  овој начин може законски да им помогне во  ублажување на  издатоците на граѓаните кои се наоѓаат во потешка...

Продолжи со читање