Автор: Валентина Неловска
Post Views: 117Откриени нови деформитети на мускулно скелетниот систем при преглед на новата генерација петтодделенци. Новите испитувања се поалармантни од претходните спроведени во охридските основни училишта пред 6 месеци, вели Јован Каланоски, кинезитеравпет, вклучен во проектот за откривање на деформитетите кај основците заедно со група професори по физичка култура и образование, поддржан од Локалната самоуправа. Само кај три до четири деца од секој клас не се евидентирани девијантни промени на мускулно скелетниот систем.„ Има доста пораснат процент на деформитети кај децата, лесни но...
Ретроспективна изложба на поетот на стакло
Post Views: 77Теофил Дамјаноски, сликар кој го носи епитетот поет на стакло, со ретроспективна изложба. По повод 7-ми Ноември Денот на ослободувањето на Охрид, Дамјаноски пред своите сограѓани го изложи својот творечки опус. Ликовниот уметник во изминативе 55 години создал бројни слики кои пленуваат и ги воодушевуваат луѓето. Сликите на Теофил Дамјаноски имаат карактеристичен ликовен печат. Тој е меѓу првите уметници кој започнал да слика на стакло покрај останатите ликовни техники. На почетокот од негoвото творештво слика на стакло и тоа архитектура , пејсажи, човечки фигури, вода. ...
Македонските аеродроми се максимално безбедни
Post Views: 73На охридскиот аеродром Св. Апостол Павле изведена симулирана акција за решавање на заложничка криза. Како на филм патник под закана со оружје зема заложници. По ова следуваат преговори со МВР. Терористите бараат милионски суми и авион за да ја напуштат земјата. На местото на инцидентот пристигнуваат и медиумите. Ова е дел од сценариото по кое се одвива оперативно тактичката вежба на МВР „Бран 2012“.Специјалните единици на МВР заедно со управата и менаџментот на ТАВ ја спроведоа оваа вежба со која се потврди дека покрај скопскиот и охридскиот аеродом е максимално...
АД „Жито леб“ ги отвори вратите за посета
Post Views: 159Во рамките на Светската недела на квалитет АД „Жито леб“ практикува да ги отвори вратите на производствените капацитети. На тој начин купувачите може да видат каде се произведува она што секојдневно го конзумираат, лебот и печивата. Денес вратите на пекарската индустрија беа отвоени за децата од ЈДУ Јасна Ристеска, клонот Лихнида. Децата на возраст од 3 и 4 години страмежливо кажаа што најмногу сакаат од печивата на Жито леб.Во АД „Жито леб“ многу се вложува, се е реновирано и е воведена автоматизација на целото производство, вели директорот на прозиводство,...
Охридскиот музеј има недостаток од конзерватори и археолози
Post Views: 98Охридскиот Завод и музеј има потреба од конзерватори реставратори и археолози. Во моментов во оваа национална установа во постојан работен однос се двајца археолози и еден конзерватор на текстил. Но, нема во постојан работен однос конзерватор-реставратор на фрескоживописи, икони и мозаици. Директорот на Завод и Музеј, Тања Паскали Бунташеска потврдува дека на институцијата и се потребни кадри за заштита на културното наследство.„ Сеуште има недосток од конзерватори. Се трудиме да одговорима колку што можеме. Се надевам ќе има вработување на стручни кадри конзерватори...
Светнаа спомен плочите на ослободителите на Охрид
Post Views: 76 Засадени зимзелени дрвца и светнати плочи во Спомен паркот на паднатите борци. Ова се активностите кои здружението „Брег на младоста“ ги организираше вчера, во знак на одбележување на 7-ми Ноември, ден на ослободувањето на градот. 50-тина членови на возраст од 10 до 60 години, од различен пол и етничка припадност, учествуваа во акцијата за расчистување на просторот во знак на благодарност и сеќавање на борците кои пред 68 години ги положија своите животи за слободата на својата земја, вели Љупчо Милкоски, претседател на Надзорниот одбор на здружението „Брег на...
Споменик за писателот Ванчо Николески
Post Views: 80Охрид да му се одолжи на писателот Ванчо Николески со подигање на споменик, предлагаат од Здруженито на акцијаши „Брег на младоста“. Ванчо Николески е автор на 30 романи, поеми и раскази со кои во национални рамки и пошироко се издигна и себе си, но и градот Охрид како непресушна културна ризница, напоменува Зоран Стевоски, претседател на Здруженито. Иницијативата ја поткрепува со фактот што годинава се навршуваат 100 години од раѓањето на писателот и 50 години од објавувањето на романот „Волшебното самарче“. Споменикот ќе биде едно признание за неговиот книжевен...
Невработените ќе се пререгистраат
Post Views: 82 Околу 30-тина лица, годинава, отпочнале сопствен бизнис како молери, козметичари, занаетчии, трговци и земјоделци, со финансиска поддршка од Центарот за вработување. Вработувањата биле реализирани преку активни мерки за самовработување со кредитирање и грант со неповратни средства за набавка на опрема. До 1 декември во Центарот за вработување може да аплицираат невработени лица за поддршка при вработување како почетници практиканти, обука за дефицитарни занимања за познати работодавачи и финасиска поддршка за мали и микро претпријатија кои ќе вработуваат невработени...







