Skip to main content

Автор: Валентина Неловска

На социјалните мрежи се почести се апелите зa крвна плазма за лекување на заболени од коронавирусот

Post Views: 169 45 годишен охриѓанец кој е хоспитализиран поради Ковид 19 на клиниката Филип Втори има потреба од крвна плазма од донатор со крвна група Нулта позитив кој ја прележал болеста. Се почести се ваквите апели на социјалните мрежи за потреба од крвна плазма. Состојбата на некои од пациентите брзо се влошува, а од друга страна донирањето и испитувањето на крвна плазма е сложена постапка. Од Институтот за трансфузиологија во Скопје апелираат излекуваните од заразната болест да не чекаат на поединечни апели туку да донираат плазма порано кога ќе се почуствуваат подобро за...

Продолжи со читање

Се зголемува купувањето on line преку интернет ама растат и измамите на купувачите

Post Views: 215 Граѓаните се почесто избираат да купуваат производи on line преку интернет, нагласуваат од ОПМ. Ваквиот начин на купување заштедува време и пари, нема физичка комуникација што е добро во услови на пандемијата со Ковид 19 ама има и многу неправилности. Паралелно со овој современ начин на купување во пораст се измамите кон купувачите, според анализите на ОПМ, вели Катерина Павлоска од охридското Советодавно биро. Граѓаните  јавуваат дека при on line трансакцијата продавачите не го испочитувалe рокот на испораката на прозиводот или за купениот прозивод не доставиле...

Продолжи со читање

Секое утро паркинг просторот кај Горна Порта се претвора во мини-депонија

Post Views: 163 Во мини-депонија се претвора паркинг просторот кај Горна Порта секое утро. Комуналниот проблем на оваа локација се повторува со години наназад , но е појава која се случува и на многу други локации низ целиот град, реагира Љупчо Грданоски, директор на ЈП Охридски комуналец. Во многу мои досегашни изјави ги повикував граѓаните и комуналната инспекција и сите фактори да дадат придонес во создавање на комунален ред, но ништо од тоа, резигнирано вели Грданоски. Решението за воспоставување на комунален ред го гледа во изрекување санкции од страна на комуналната инспекција. „...

Продолжи со читање

Домашната економија доживеа пад во вториот квартал од годинава

Post Views: 180 Трговијата, рударството и преработувачката индустрија ги почуствуваа најсилно економските удари како резулата на кризата предизвикана од пандемијата со Ковид 19 во вториот квартал од годинава. Статистичките податоци од Државниот завод за статистика покажуваат дека овие три сектори имаат најголем екомски пад. Во овие дејности има застој во работата во месеците април, мај и дел од јуни, поради рестриктивните мерки на заштита од пандемијата од коронавирусот.           29,4 проценти има пад во преработувачката индустрија. Статистичарите забележале податок од 23,4 проценти...

Продолжи со читање

Во охридските градинки може да се згрижат околу 600 деца според критериумите и протоколите од Комисијата за заразни болести

Post Views: 161 Охридските градинки ќе ги отворат вратите за да згрижат околу 600 дечиња. Од среда, ќе почнат да посетуваат градинка децата чии 2 -ца родители мора да ги извршуваат работните задачи од работното место и самохраните родители. Подготовките за отворањ ена гардиснките се целосно завршени во санитарно хигиенски поглед и е постапено според дадените критериуми, информира Мери Рилкова, директор на JОУДГ „Јасна Ристеска“. Според протоколите во групите од 0 до 2 години може да згрижиме по 6 деца, а во останатите групи над 2 години до 10 години по 15 деца. Во моментов според...

Продолжи со читање

Туристите кои летуваат на охридско струшкото крајбрежје не носат заштитни маски

Post Views: 149 На истекот од летната сезона 2020 се сумираат финансиските резултати од туристичката посетеност, но и од степенот на култура на гостите. Годинава, туристичката сезона е карактеристична по мошне сложена општествена сосотојба која ја наметна ковид 19 и пропишаните протоколи за хотелиерите и за гостите како заштита од пандемијата. Неодминливо е прашањето колку угостителите, хотелите и туристите кои летуваа на охридско-струшкото крајбрежје ги почитуваа пропишаните мерки. „Првите две недели беа збунети во однесувањето. Хотелите и рестораните постапија по пропишаните...

Продолжи со читање

Се бележи опаѓање на водостојот на Охридско Езеро

Post Views: 233 Се бележи намалување на водостојот на Охридско Езеро. Денес, котата на Охридско Езеро изнесува 693,30 , информираат од УХМР. Од хидролошки аспект се евидентира секојдневно намалување на водостојот од 1 цм од 27 август до денес. Нивото на езерото, пак од вчера до денес, се намалило за два цм. Со вчерашното мерење била забележана висина на котата од 693,32. Минимално дозволената кота на езерските води е 693,10. Просекот на спуштање на нивото на водата во последните 10 години бил 693,33 , информираат од УХМР. Од таму додаваат дека ситуацијата не е алармантна. Нормално...

Продолжи со читање

Македoнските граѓаните не се сигурни дали јадат безбедна хранa

Post Views: 257 Македонските граѓани немаат доволно информации каква храна јадат. Не добиваат јавни податоци од релевантните државни органи и научните институции, укажува проф. д-р Владимир Какуринов, од консалтинг и тренинг центарот Клуч. Недостасува и поголема одговорност на државните инспекциски служби при контролите на храната кои ќе влеваат доверба кај граѓаните, беше истакнато на денешниот меѓународен конгрес за квалитет и безбедност на храната,здравјето и нутриционизмот, „Нутрикон 2020“. „Сметам дека нема доверба во ниту една државна институција не само кај нас туку во цел...

Продолжи со читање

Туристичките работници очекуваат гости и во месец септември

Post Views: 160 Туристичките работници очекуваат да продолжи туристичката сезона и во месец септември. Филип Стефаноски, од ТА „ДМС Балканс“ очекува дека сезоната ќе продолжи до половина од овој месец. Можеби и по 1 октомври. Стефаноски смета дека тие како сектор треба да понудат поприфатливи цени за домашните туристи. Продолжувањето на сезоната го гледаат во убавото септемвриско време и во пролонгирањето на почетокот на школската година. „За туристичкиот сектор е поволно што учебната година ќе почне од 1-ви октомври. Со тоа ќе се продолжи туристичката сезона ако нема рестрикции...

Продолжи со читање

Училишните клупи денес останаа празни

Post Views: 148   На почетокот од новата школска година останаа празни училишните клупи. Во услови на пандемија од Ковид 19 училиштата во државава ќе ги отворат вратите за учениците на први октомври. Школите ги чекаат од МОН плановите за работа во наставниот процес. Меѓу нив е ОУ Григор Прличев, во кое за прв пат во училишните клупи, треба да седнат и 120 првачиња во централното и поддрачното училиште во Рача. Додека се огласи школското ѕвоно течат подготовките за безбеден престој на ученциет до 3-то одделение кои треба да следат настава со физичко присуство. Школото има набавено...

Продолжи со читање

Во викендите и по 400 пловила има во каналот и сидриштата долж езерскиот брег

Post Views: 205 Голем број на пловни објекти крстарат по Охридското Езеро ова лето, а во викендите се евидентираат и по 400 пловила. Скоро е невозможно при нивно полнење со гориво да нема загдување на езерските води, велат од Капетанија. За среќа досега инспекторите за внатрешна пловидба од Капетанија не регистрирале посеризони загадувања на водите иако се неизбежни се додека Охрид не добие марина и контролирано точење на гориво, вели капетан Горан Устијаноски ,од Капетанија на Пристаништат на РМ. „Колку и да е внимателен човек при точење на гориво определена количина од горивото...

Продолжи со читање

На удар е стандардот на граѓаните по покачувањето на цената на струја

Post Views: 196 Стандардот на граѓаните е во ризик по последното покачување на цената на електричната енергија од 7,5 посто, вели Миле Бошков, претседател на Бизнис Конфедерација на работодавачи. Во услови на пандемија и кога голем број комапнии работат со загуби, а е намалена потрошувачката , зголеувањето на цените ќе падне врз грбот на граѓаните, вели Бошков. Граѓаните секојдневно се во исчекување дали ќе има лавина од поскапувања на производите и услугите. „Во овој момент на граѓаните и општеството им е важен секој денар. Сакале да прифатиме или не, дали да шпекулираме дали...

Продолжи со читање