Skip to main content

Автор: Валентина Неловска

Надвисната гранка опасно демне над паркинг простор

Post Views: 12  Повеќе од два месеци скршена гранка е  надвисната  врз паркинг просторот  во близина на Горица 3. Гранката е сериозна опасност за капачите кои доаѓаат на плажата и ги паркираат возилата без да ја забележат. Оштетените гранки и дрвја ги отстрануваат службите на комуналец, но  само со дозвола од комисијата од одделението за животна средина,  кажува директорот на комуналното претпријатие Сашо Алче. „Проблем се дрвата кои се  наоѓаат на површини кои се во приватна сопственост без разлика дали станува збор за правни или физички лица. Јавното претпријатие нема право да...

Продолжи со читање

Српски одбојкарки задоволни од спортските услови што ги нуди Охрид

Post Views: 10 Женскиот „Одбојкарски клуб 98“ од Лесковац своите спортски подготовки ги привршува во Охрид. Оваа млада, надежна екипа се натпреварува во Втората одбојкарска лига во Србија, а нивните амбиции се влез во првата лига.  Одбојкарките се за прв пат тука и како што велат не зажалиле што за подготовките го избрале  Охрид. Александра  Јовановиќ и  Нина Стојановиќ се дел од екипата на „Одбојкарски Клуб 98“ Лесковац и се воодушевени од хотелската услуга и  од одличните услови за тренирање.  Максимално ги користат спортските терени околу хотелот Метропол, теретаната и...

Продолжи со читање

Семејство Холмс апелира грижете се Охрид да биде чист

Post Views: 8 „Чувајте го Охрид чист“ е повикот на семејството Холмс од Англија до пријателите на градот. Овој апел го упатуваат разочарани од расфрланиот смет и немарниот однос на македонците кон околината.  Невил и Лилјана од Лондон воодушевени од убавините на Охрид, решиле да купат стан во  населбата Рача.  Пред една недела Холмсови  заедно со нивните деца го исчистиле спортското игралиште од расфрланото ѓубре кое е во непосредбна близина на нивниот стан.  Една недела подоцна тоа повторно било  покриено со отпадоци.  „Кога работи школото постои контејнер, а сега школото е...

Продолжи со читање

Опасни по живот оштетени електрични столбови

Post Views: 10 Опасни по живот оштетените електрични столбови на  магистралниот патен правец од Охрид што води кон Република Албанија. Најголем број од оштетени столбови се на коловозната лента која води кон Охрид, пред населбата Рача. Впечатокот е дека за електричните столбови  поставени во октомври 2008 година, за време на одржувањето на Нато самитото чиј домаќин беше Охрид, не се грижи никој. Од Јавното претпријатие „Македонија пат“ задолжени за одржувањето на овој патен правец информираат дека досега не добиле нити еден налог од Агенцијата за државни патишта за замена на...

Продолжи со читање

Човекот е среќен само кога работи

Post Views: 9 „ Кон среќата“ е најновиот наслов на изложените дела создадени од вредните раце на скулпторот Трајко Дурчовски.  Авторот вдахнал уметнички живот на педесетина дела изработени од материјал кој во друг случај би завршил на отпад за старо железо.  Изработил фигури од метал , но и во мешана комбинација метал-дрво, луѓе во работни  акции, како што се спортисти, музичари, ковачи, работници. Меѓу изложените дела има и скулптури поврзани со актуелни теми од нашето секојдневие. Така, меѓу металните фигури Дурчовски изработил  скулптура на инкасатор кој чита електричен ...

Продолжи со читање

Листата за чекање во градинка – пократка

Post Views: 13 Реконструкцијата на централниот објект на детската градинка „Јасна Ристеска“ заврши. Сега, конечо може да здивнат и родителите и дирекорката на детската установа. Оваа година листата за чекање место за упис во  централниот објект на градинката ќе биде многу пократка. Со години во овој објект родителите бараа место повеќе за прием на нивните деца. Со доградбата на објектот овој проблем ќе биде ублажен, вели Серафим Наумоски од Локалната самоуправа, која го финансираше проширувањето на објектот. „Дограмата е поставена сега сме во фаза на чекање да се исуши...

Продолжи со читање