Skip to main content

Автор: Валентина Неловска

Ставен во функција кабинетот по практична настава во РЦСОО „Ванчо Питошески“

Post Views: 8 Современ опремен кабинет по практична настава добија учениците и професорите од регионалниот центар за стручно образование и обука „Ванчо Питошески“. Финансиските средства се обезбедени од проектот од Локалната и регионална конкурентност од Светска банка и од општина Охрид. На почетокот од второто полугодие од учебната година е ставена во функција новата работна просторија која ќе придонесе во подигнување на квалитетот на наставата, информира Марјан Радески, директор на регионалното стручно училиште. „Со прераснување на училиштето во регионален центар се...

Продолжи со читање

Расте бројот на објекти за игри за забава и среќа, а во подем е коцкањето

Post Views: 10 Во Охрид има 52 кладилници и обложувалници.Три охридски трговски друштва имаат регистрирано дејност коцкање и обложување, а дури 49 фирми надвор од Охрид имаат отворено коцкарници и обложувалници како свои подружници во Охрид според податоците од Централен регистер. Како што од ден на ден се повеќе расте нивниот број во градот како спортски кладилници, слот апарати, рулет апрати и коцкарници паралелно е во пораст и бројот на граѓани кои се навлекуваат на разни видови коцкање и обложување. Коцкањето како облик на зависност не ги заобиколува и адолесцентите. Затоа...

Продолжи со читање

Жителите од Бараки и Видобишта бараат подобра комунална инфраструктура

Post Views: 10 Граѓаните кои живеат во населбите Бараки и Видобишта бараат подобрување на комуналната инфраструктура на улиците „Момчило Јорданоски“ и  „Марко Цепенков“. Во рубриката „Ти си твојот град“, жители од овој дел на Охрид укажуваат на неколку потреби како што се поставување на покриени автобуски постојки на градската линија која минува низ тој дел, клупи за одмор, успорувачи на брзина на коловозните ленти и обновување на искршените дрвца на дрворедот на улицата Момчило Јорданоски.      Портпаролот на општина Охрид, Томе Џамтоски информира дека деновиве ЈП Комуналец...

Продолжи со читање

Во пандемичната 2020 има помал број склучени бракови и новороденчиња

Post Views: 11 Во пандемичната 2020 година, 352 парови од Охрид заснивале брачна заедница и го кажале судбоносното „да“. Во општина Дебрца пак, се регистрирале 16 брачни заедници. Во истата година, во матичната книга на родени се евидентирани 509 новороденчиња во општина Охрид, а само 5 новороденчиња во општина Дебрца. Според евиденцијата на матичната книги на умрени, 848 охриѓани починале во 2020, а во општина Дебрца 75 лица. Епидемијата со Ковид 19 го намали бројот на склучени граѓански бракови и наталитетот во Охрид во минатата година, покажува евиденцијата на матичната...

Продолжи со читање

ЈП Комуналец наскоро очекува да го добие на користење специјалното товарно возило

Post Views: 4 Заврши тендерската постапка за набавка на специјално товарно возило за подигање отпад од подземни контејнери. Станува збор за возило со хидраулика, со кука кое ќе го подига садот, ќе го празни во камионот и ќе ја враќа вреќата назад. Локалната самоуправа за негово купување одобри 1 милион денари, a ќе биде наменето за потребите на ЈП Охридски комуналец,информира Љупчо Грданоски, директор на ЈП. „Согласно тендерската постапка рокот на доставување на камионот е 40 дена. Постапката е при самиот крај. Ние сме во контакт со општината и како оди постапката за...

Продолжи со читање

Микробиолошки е исправна водата за пиење од струшкиот водовод

Post Views: 19  Микробиолошки е исправна и не е загадена со бактерии водата за пиење од струшкиот градски водовод, покажаа денешните резултати од анализите на земените примероци вода . Во информацијата од охридскиот центар за јавно здравје стои дека стружани може да ја користат водата како здравствено исправна за пиење, во домаќинствата за одржување на лична хигиена,хигиена на раце, во производсто и промет на прехрамбени производи. Во изминатите денови стружани не смееа да ја употребуваат водата за пиење заради констатирана поголема заматеност од дозволеното според Правилникот...

Продолжи со читање

Со измените во Законот за безбедност во сообраќајот се очекува дисциплинирање на возачите

Post Views: 10 Повеќе не важи впишувања на казнени негативни поени за возачите кои ќе направат сообраќаен прекршок. Возачите ќе плаќаат парична казна наместо досегашната можност казната да ја заменат со негативни поени за сообраќен престап и загрозување на сообраќајната безбедност. На сила стапија измени во Законот за безбедност во сообраќајот. Возачите кои ќе ја пречекорат дозволената брзина на патот ќе се соочат покрај со плаќање на парични казна и со одземање на возилата. Соња Шикалоска, сообраќаен инжинер и автоинструктор, за овие измени има свое видување за ефектот кој...

Продолжи со читање

Фотоволтаични панели ќе се поставуваат на спортската сала Билјанини извори

Post Views: 9 Инвестиции во подобра спортска инфраструктута за ова година најавуваат од Агенцијата за млади и спорт. Планираат повеќе проекти во подобрување на условите за тренирање во спортските објекти во земјава. Меѓу спортските центри каде што ќе се инвестира е и охридскиот СРЦ Билјанини извори. Се планира спорската сала Билјанини извори да се затоплува. Со инвестирање во енергетска ефикасност на спортските објекти во земјава, спортистите и публиката нема веќе да мрзнат, вели Наумче Мојсоски, директорот на Агенцијата за млади и спорт. „Кај нас салите не се загреваат. Моја...

Продолжи со читање