Skip to main content

Автор: Валентина Неловска

Во Охрид во пораст е бројот на кражби на велосипеди

Post Views: 174 Во Охрид мета на крадците се поскапи, но и постари велосипеди. Не е мал бројот на охриѓани кои деновиве останале непријано изненадени по кражбата на нивниот велосипед. Некои граѓани кражбите ги пријавуваат во полиција, некои не, други пак, бараат помош со објави на социјалните мрежи. Кражбите на велосипедите се случувале најчесто од јавните површини, помал дел од дворовите и влезовите од станбените згради, информира Стефан Димоски, портпарол на СВР Охрид. Во полиција се пријавени 19 кражби на велосипеди во првите девет месеци од оваа година.Во таа насока, може...

Продолжи со читање

Поголемиот дел од охриѓани не се одлучуваат за летување во странски дестинации заради Ковид 19

Post Views: 189 Стравот од короната ги спречи многу граѓани да заминат на летување надвор од земјава.  Охриѓани многу ретко избираат туристички аранжмани за летување во странство оваа летна сезона. Единствена можност каде што без ПЦР тестови може да летуваат се туристичките одморалишта во Албанија, Турција и Египет. Засега само таму се патува без овие тестови, но интересот за патување е многу слаб, вели Јаким Маленко од ТА „Вис пој“. „Воопшто интересот е многу слаб. Интересот изразено во порценти е послаб за 99 проценти. Ако лани букирањето било 100 посто годинава е еден посто.Никој...

Продолжи со читање

Разнишана бизнис климата во охридското стопанство

Post Views: 221 233 фирми се избришани, а само 90 се основани во Централниот регистер во Охрид, во првите 6 месеци од годинава. Бизнис климата во градот била неповолна и ги погодила најмногу услужните дејности. Пандемијата од Ковид 19 предизвика тешка екомомска состојба и ги принуди да стават клуч на врата и стопанственците од најразлични други дејности. Според податоците од Централниот регистер за Охрид најголем број избришани дејности има во услужниот сектор како што се затворени ресторани и продавници. Февруари бил најкритичниот месец кога над 160 стопанственици морале да ги...

Продолжи со читање

Охриѓани стануваат поодговорни за чистење на оџаците

Post Views: 187 Граѓаните се почесто ангажираат оџачар, но и самоиницијативно ги чистат оџаците и одводните чадни канали. Со тоа покажуваат дека посериозно и поодговорно се однесуваат за својата и општата безбедност при употребата на грејни тела за затоплување на домовите, информира Спасе Прентоски, командир на ТППЕ. Напоменува дека нивните апели допреле до граѓаните како да ги избегнат ризичните ситуации во зима.Противпожарната култура се презентира како основна заштита на граѓаните. Секое семејство се менува. Во позитивна смисла се менуваат навиките пред грејната сезона кога...

Продолжи со читање

Стручен тим се грижи за децата со аутизам во охридскиот Центар за сензорна терапија

Post Views: 531   Дипломираните дефектолози Ангела Чингоска и Нада Костоска се дел од стручниот тим кој работи во Центарот за сензорна терапија на Здружението за аутизам „Во мојот свет“. Стручниот тим покрај 5 мината дефектолози, специјални едукатори, го сочинуваат и логопед и психолог. Повремено доаѓа и невропсихијатар од Скопје. Стручниот тим работи според подготвен план и програма за работа за развој на децата според индивидуалните потреби на секое дете, вели Ангела Чингоска. „Нема две деца исти. Сите деца се различни. Постојано за секое дете има индивидуализиран план. Постојано...

Продолжи со читање

Булеварот Железничка е една од најопасните сообраќајници во градот

Post Views: 208 Булеварот Железничка е една од најфрекфентните и најопасните сообраќајници во градот. Најкритична е состојбата на оваа улица бидејќи секојдневно се случуваат сообраќајни несреќи, информира дип. инж. по сообраќај Зоран Шикалоски од Секторот за Комунален развој, сообраќај и улици.  „Улицата Железничка е изградена пред 10 и повеќе години со стар проект од 30 години без можности за леви свртувања на безбеден начин туку на самата лента се прават тие леви свртувања. Со тоа се забавува сообраќајот, се зголемува небезбедноста и се случуваат несреќи“. Некој ќе праша зошто...

Продолжи со читање

Последните анализи покажуваат дека има нарушување на квалитетот на површинските води на Охридското Езеро

Post Views: 192 Анализи од ЦЈЗ направени на површинските води на Охридското Езеро покажуваат дека во некои делови има нарушување на квалитетот на езерските води. На мерните места каде што претходно се испитувал квалитетот на водата примероците покажувале дека водата е од прва класа, а сега се од втора класа. Тоа се должи на напливот на туристи во Охрид и крајбржјето. Сведоци сме на голем број дефекти што ги имавме во овој период заради несовесното и неодговорно однесување на некои корисници на угостителските објекти и на апартманите во приватното сместување. На дел од пумпните станици...

Продолжи со читање

Се одржа 41-то издание на Илинденскиот пливачки маратон

Post Views: 183 34 пливачи пливаа на годинешното 41-во издание на Илинденскиот пливачки маратон. Од нив 13 беа учеснички во женска и 21 пливачи во машка категорија. Првите три места во двете категории им припаднаа на пливачите од Градскиот пливачки Сојуз на град Скопје. Во машка конкуренција прв на целта пристигна Андреј Стојаноски со резултат од 31 мин 31 сек и 04 стотинки, а на второ и трето место се пласираа Стефан Цветкоски и Андреј Караскаковски. Во женска категорија прва на целта пристигна Ева Петровска со резултат од 34 мин и 40 сек, а веднаш зад неа се пласираа Марија Гајиќ...

Продолжи со читање

ОУ „Братство Единство“ доби награда Европска ознака за квалитет

Post Views: 184 Охридското основно училиште „Братство Единство“ доби награда Европска ознака за квалитет. Во проектот учествувале педесетина ученици од Турски наставен јазик од прво до деветто одделение во осум проекти од природните и општествените науки. Учениците минатата година се вклучиле во проекти по личен избор и интерес, а еден од проектите е на тема „Моето семејство во пандемија“. Во време на пандемијата која донесе многу негативни работи се случија и некои позитивни како што е учество во заеднички активности и зајакнување на соработката помеѓу родителите, учениците и наставниците,...

Продолжи со читање

Центарот за сензорна терапија доби помош од Бугарската Влада

Post Views: 202 Пристигнаа хуманитарни пакети наменети за охридскиот Центар за сензорна терапија на Здружението за аутизам „Во мојот свет“. Бугарската амбасада во земјава донираше хуманитарна помош од Бугарската Влада за земјава. Покрај, социјани пакети за град Скопје, се обезбедени и 30 пакети со основни прехранбени артикли за семејствата во социјален ризик за охридски семејства кои се погодени од последиците на пандемијата од Ковид 19, рече Ангел Ангелов, Бугарски амбасадор во земјава. „Особено за социјално загрозените семејства. За време на таа пандемија тие најмногу ја чувстуваат...

Продолжи со читање

Силен дожд наврна во Охрид

Post Views: 181   Силниот дожд кој утрово наврна во Охрид поплави делови од градските улици, а предизвика и излевање на канализациони шахти. Атмосферската канализација не можеше да ги прими обилните дождовни води. Екипите на Нискоградба се справуваа со зголемен број интервенции на терен, информираат од ЈП. На поголем дел од територијата на градот, и понатака атмосферските води како што е дождовницата од олуците се слева во фекалната наместо во атмосферската канализација. Мрежата на покриеност на градот со атмосферска канализација е околу 30 до 40 проценти. Екипите на Нискоградба...

Продолжи со читање

Градот ќе го решава сообраќајниот метеж во близина на пазарот

Post Views: 147 Градот ќе изработи проект за решавање на сообраќајниот метеж во близина на пазарот. Една од покритичните точки е на пресекот со улиците Абас Емин, Гоце Делчев и Кирил и Методи кои ги поврзуваат жителите од Стар град со централното грaдско подрачје и населбата Лескајцa. Сообраќајните гужви им создаваат нервоза на жителите и на туристите во централното градско подрачје. За овој реон, градот наскоро ќе почне постапка за изготвување на сообраќајно решение. За таа цел ќе поднесеме барање до надлежни фирми кои изработуваат сообраќјани проекти, информира Зоран Шикалоски...

Продолжи со читање