Skip to main content

Автор: Валентина Неловска

Стружани повторно на протестен марш против дивата депонија

Post Views: 8 По втор пат со протестен марш стружани порачаа дека им е доста од загадувањето од дивата депонија која повторно гори. Принудени сме на овој потег затоа што досега никој од надлежните органи не понуди конкретно решение , истакна Глигор Ќатоски претставник на граѓанската иницијатива „Доста“. Во понеделникот доставиле конкретни барања до новата влада и до локалната самоуправа итно да се спречи понатамошното труење на стружани. „ Бараме веднаш да се преземе работна акција за целосно гаснење на депонијата, внатре и надвор. До владата поднесовме барање под итно да се...

Продолжи со читање

Поставена е модуларната болница во кругот на охридската болница

Post Views: 7 Поставена е модуларната болница во дворот на охридската Општа болница. Новата болница има површина од 1.000 м2 и 40 легла за пациенти. Согласно задолженијата на кризниот штаб на Општина Охрид, општинските надлежни служби во најбрз можен рок спроведоа тендерска постапка и беше избрана фирмата „МН-АС Констракшн“ од Струга, за реализирање на градежните активности. На просторот каде се поставуваат монтажните објекти претходно беше извршен земјен ископ, тампонирање и бетонирање на подлогата. Исто така, се постави водоводна и канализациона мрежа и се спроведоа...

Продолжи со читање

Досегашни фаќачи на крстот донираа вода и заштитни маски

Post Views: 13 Досегашните фаќачи на крстот донираа вода за пиење за ковид центарот во Општа болница и 1000 заштитни маски во три охридски цркви. Со тоа на празникот Водици му даваат и хуманитарна димензија. Митко Топејнчаров е еден од 15-те мина досегашни фаќачи на крстот. Тој имал среќа дури 5 пати на Водици да го фати чесниот крст во езерските води, а кажува дека со останатите фаќачи без размислување се вклучиле во донаторската акција. „Иницијативата на професорот Зоран Тунтев едногласно сите ја прифативме да дадеме кој колку може средства и свој придонес, да ја поттикнеме...

Продолжи со читање

На Водици охриѓани ќе го погледнат дигиталниот Рибарски алманах

Post Views: 9 „Рибарски алманах“ ќе биде прикажан на видео бим на охридскиот плоштад на 19 и 20 јануари за Богојавленските празници. Охридскиот Историски архив и Лајонс клубот Лихнидос направија дигитална верзија на архивски материјал од регистар на лиценцирани рибари кои ловеле на Охридското езеро. Со првата дигитална верзија на алманахот се претставени 150 рибари од вкупно 480 регистрирани рибари. Станува збор за единствен архивски материјал од таков вид во нашата земја од периодот 1934 – 1941 година, информира Никола Митровиќ Бабе, в.д директор на Историскиот архив...

Продолжи со читање

Струшкиот клуб Снегар организира обуки за едрење

Post Views: 9 Едрличарската школа Снегар од Струга ќе започне со уписи за обука на едриличари. Кандидатите на возраст од 6 до 15 години ќе ги совладуваат едриличарските техники за класата оптимист, а над 15 години за класите Ласер, Европа, Фин, Едрење на даска и јахтинг. Тренери ќе бидат врвни струшки едриличари. Првично ќе ги научат техниките на едрење и правилата, моделарството и психолошки вежби, вели Ердал Љушо инструкторот од ЕК Снегар. Теоретското знаење ќе биде поткрепено и со практични показни вештини. „Ќе има клубска регата. Додека трае школата на секој две недели ќе...

Продолжи со читање

Охридската општа болница ќе се подновува со современа медицинска апаратура

Post Views: 4 ЈЗУ Општа болница Охрид ќе ја подновува старата медицинска апаратура. Во тек е тендер за набавка на апарат за ласерско кршење на камења во бубрезите. Современиот апарат чини околку 220.000 евра. Ќе има примена за хируршко лекување на пациентите, информира д-р Горан Балевски, директор на општа болница. „Тоа е комплетен столб со 4К за ендоскопски, лапараскопски и за ласер хирургија кој ќе може да се користи на повеќе одделенија, хирургија и гинекологија. Но, акцент е сепак на уролошкото одделение за да може да се работи бидејќи досега луѓето одеа на лекување во...

Продолжи со читање

Амбасадорката Алтхаузер ја посети општина Струга

Post Views: 4 Во работна посета на општина Струга денес беше германската амбасадорка Кристине Алтхаузер. Таа се сретна со вршителот на должност градоначалник Мустафа Забзун. Повод беше проектот на германската амбасада во детската градинка „Сонце“. „Почитуваната амбасадорка учествува во еден проект на детската градинка во Струга од пред една година. Опремувањето на една просторија во детската градинка заврши успешно. Проектот е завршен и денес се дојдени да го финализираме тоа. Разговаравме за општи теми и за ситуацијата во Република Македонија“, рече Забзун. За жал, во Струга...

Продолжи со читање

Граѓаните од двата крајезерски града ќе почекаат да пливаат во затворените градски базени

Post Views: 6 Споро се одвива изградбата на затворениот пливачки базен во Охрид и реконструкцијата на струшкиот. Срaботени се само 45 одсто од надворешниот дел на градежните работи на охридскиот објект, и на струшкиот се изведени само ископи на долниот дел од базенот, информира Наумче Мојсоски , директор на Агенцијата за млади и спорт, кој од пред два месеци е на оваа фукција. Мојсоски кажува дека со досегашниот изведувач на охридскиот базен е склучен нов договор, на истиот износ од претходниот тендер од 299 милиони денари, а клуч на рака треба да добијат на 31 декември 2021....

Продолжи со читање