Skip to main content

Автор: Валентина Неловска

Промовирана книгата „Балканскиот етнички феникс“ од Рубин Земон

Post Views: 259 Промовирана научната студија „Балканскиот етнички феникс“ од д-р Рубин Земон. Ова е антрополшки етнолошка монографија, моја докторска дисертација за Балканските Египќани, вели Земон. Монографијата е изградена врз нови сознанија, податоци, случувања и феномени и е научен придонес за обичната и научната јавност. „Содржи голем број историски извори, податоци, артефакти, детали од етнокултурата на Балканските Египќани и е дело за подобар развој на нашето мултикултурно општество, за подигање на свеста за различноста на нашето општество, едно општество кое целиме да го...

Продолжи со читање

Зголемена потрошувачката на вода за пиење во градскиот водовод

Post Views: 227 Потрошувачката на вода за пиење од градскиот водовод е зголемена. Тоа е резултат на зголемениот број на гости во градот, но и на расипничкото трошење на водата со полевање на бавчи и полнење на базени. Во текот на летната сезона се случува жителите од повисоките делови од градот, висококатниците и приградските населби да имаат намален притисок на вода за пиење од водоводниот систем, напоменува Светозар Стефановиќ, директор на ЈП „Водовод“„. „Да се поведе сметка околу рационалната потрошувачка на вода, во смисла на полнење на базени, залевање на паркови и бавчи со...

Продолжи со читање

Зголемени потребите од кислород во болниците во Охрид и Струга

Post Views: 229 Зголемени се потребите од кислород за лекување на пациенти болни од Ковид 19 во двете општи болници во Охрид и Струга. Лекувањето во охридската болница сега е на задоволително ниво, информира д-р Горан Балевски, директор на Општа болница Охрид. Мојата заложба беше болницата да е во целосна функција. Покрај, пациенти од Ковид 19, мора да се лекуваат и пациентите на останатите оддели. Во болницата, на специјалистите инфектолози на помош им доаѓаат со ротација колегите интернисти и сестри од хируршкиот оддел. На одделот каде што се третираат пациенти позитивни на Ковид...

Продолжи со читање

Изведена вежба за евакуација при елементарна непогода во СОУ „Св. Кирил и Методиј“

Post Views: 215 Во средното општинско училиште „Св Кирил и Методиј“ изведена симулациска вежба за евакуација во случај на земјотрес и пожар. Во показната вежба покрај наставниците и учениците од економското училиште, учествуваа и претставници од Општинската организација на Црвен крст, Територијалната против пожарна единица, Секторот за внатрешни работи, Центарот за управување со кризи и Дирекцијата за спасување и заштита. Сценариото на вежбата имаше за цел да го испроба планот за евакуација и да се види подготвеноста на сите институции во нивната координација за безбедна евакуација...

Продолжи со читање

Студенчишкото блато ќе биде прогласено за Парк на природата

Post Views: 205 Студенчишкото блато ќе биде прогласено за заштитено подрачје. Мнозинството советници во охридскиот совет денеска ја изгласа предлог одлуката за предлагање прогласување за заштитено подрачје Студенчишко блато во категорија Парк на природата. На денешната седница претходно беше усвоена Студијата за валоризација на просторот на Студенчишкото блато. Изготвувачот на студијата кажа дека станува збор за уникатен еко систем и на блатото се направени зони на заштита. Според студијата се предлага реставрација на Блатото и обновување на природната врска со Охридското езеро...

Продолжи со читање

Брзата помош се почесто интервенира на повици од малолетници во алкохолизирана состојба

Post Views: 213 По околу 30 интервенции на терен во текот на 24 часа имаат во просек лекарите од охридската Итна медицинска помош. Дополнително имаат амбулантни интервенции, вели д-р Љупка Николоска, раководител на службата. И оваа летна сезона брзата помош се соочува со бројни интервеници, како што се давање помош на хроничните болни, сообраќајни несреќи, транспорт на болни во Скопје. Но, посебно се загрижени за зачестените интервенции кај малолетици во алкохолизирана состојба, посочува д-р Љупка Николоска, раководител на ИМП. „Во однос на малолетниците апелирам до родителите...

Продолжи со читање

Интересот за рекреативно играње баскет во градов е многу голем

Post Views: 236 ЈП СРЦ Билјанини извори ќе ги проширува спортските терени. Наскоро ќе се уредуваат површини за спортување на две спортски дисциплини како што се кошарката и фудбалот. Едниот терен ќе биде непосредно до затворениот пливачки базен кој е во тек на изградба. Кај Агенцијата за млади и спорт наидовме на позитивен одговор. Потребно е да се формира Владата за да се потпише договор, а ќе почне да се гради паралелно со базенот. Кога ќе биде готов базенот ќе биде готов и тој терен, вели Гордана Јованоска, директорот на ЈП СРЦ Билјанини извори. „Ние побаравме од Агенцијата...

Продолжи со читање

Најавен протест на туристичките работници

Post Views: 207 Охридските туристички работници ќе бидат дел од утрешниот најавен протест во Скопје. Вработените во туристичките агенции, водичите, придружнците, превозниците и останите кои се дел од туристичкиот сектор имаат низа економски барања. Тие преку Стопанската комора утре ќе ги испорачаат до владата, информира Елида Битрак од ТА „Елида турс“. Меѓу барањата за помош на овој сектор кој е најпогоден од Ковид кризата се предлагаат продолжување со дел од економските мерки, но да се воведат и други субвенции и поволности за опстанок. Бараат неповратна финансиска помош за плаќање...

Продолжи со читање

Во болничкиот комплекс ќе се поставува модуларна монтажна болница

Post Views: 254 Општа болница Охрид од Министерсвото за здравство ќе добие монтажна модуларна болница како дел од подготовките на здравствениот систем за есенскиот бран на корона вирус. Со тоа болницата ќе добие тријажен центар и ќе се прошират капацитетите за лекување на болни од Ковид 19, информира Горан Балески, директор на ЈЗУ Општа болница. Двата монтажни објекти ќе се постават во кругот на болницата со што ќе се прошират капацитетите за 35 кревети. „За модуларните болници имаме голем простор има пристап од две страни за влез и излез по протоколите и проектот за триажен центар....

Продолжи со читање

Се поставуваат редуктори на пречистителната станица во Враништа

Post Views: 210 Се привршува санацијата на колекторскиот систем. Интезнивно се работи на пречистителната станица во Враништа, информираат од ДЈП Колектор. Директорот Владимир Алексијоски, вели дека работите се скоро на самиот крај. „Во моментов се поставуваат редукторите на пречистителната станица во Враништа . На охридскиот дел колктроскито систем е во целост завршен. Со прочистување, вовлекување на цевка во цевка, репарција на пумпните станици“. При изведување на санацијата на колекторскиот систем од ДЈП на терен откриле и бројни диви приклочоци на системот, информира Алексијоски. „Ние...

Продолжи со читање

Гостите на охридското крајбрежје зад себе оставаат големи количини отпад

Post Views: 291 Има зголемени количина на отпад од вообичаено на охридските плажи и во градот, информираат од ЈП Охридски комуналец, по зголемената посетеност со домашни туристи овој викенд на крајбрежјето и градот. Стевчо Маслов од ЈП, вели се соочуваме со девијантни појави и некултурни граѓани кои го депонираат отпадот каде што не му е местото и се создава грда слика за градот како туристички центар.  „Во овој период дневните количини на отпад кои ги собира ЈП се околу 300 метри кубни комунален отпад, околу 20 метри кубни хартија., Неделено празниме пластика и собираме колку...

Продолжи со читање

Летово има помалку интервенции на гаснење пожари на отворен простор

Post Views: 188 Летото секогаш подразбира повеќе работа за пожарникарите и поголем број интервенции на отворен простор. Но оваа година во периодот пролет-лето охридската ТППЕ бележи стотина интевенции помалку на отворен простор споредено со истиот период лани. „Можам да кажам дека периодов имаме многу мал број пожари на отворен простор. Во јули имаме околу 13 интервенции што како бројка е доста мала што се должи на временските прилики и зелената вегетација на територија на општините Охрид и Дебрца“. Минатата година од 1ви јануари до крајот на јули пожарникарите имале 270 интервенции...

Продолжи со читање