Автор: Валентина Неловска
Post Views: 3 Во Охрид досега нема регистиран нити еден електричен автомобил. Регистрирани се само хибридни возила и тоа во многу мал број, едвај само десетина возила, информираат од охридското Автомото Здружение за технички преглед. Охриѓани засега не возат електрични автомобили ама покажуваат интерес за купување, вели Снежана Митреска менаџер од Автосланот „Инсаид ауто“ . Информира дека електричните автомобили досега ги немало во автосалоните во земјава, а на пазарот можеле да се купат само хибридни возила. Од оваа година автосалоните може да увезуваат и да продаваат и...
Матичните лекари денес добија препораки како да се користи лекот Ивермектин кај пациенти со Ковид 19
Post Views: 8 Охридските матични лекари утрово добија препораки за употреба на лекот Ивермектин. Ивермектинот не е на позитивната листа на лекови кои потпаѓаат на товар на ФЗО. Согласно решението на МАЛМЕД, лекот се издава исклучиво на рецепт и чини 300 денари. Препораките за начинот на употреба и дозирање на лекот кај пациенти со Ковид се обезбедени од стручен колегиум на Универзитетската клиника за пулмологија и алергологија и Ковид центрите на интернистички блок, информира д-р Љупчо Костески претседател на Здружението на Приватни матични лекари од Охрид. Напоменува дека оваа...
Статусот на Унеско за регионов е важен за развојот на туризмот
Post Views: 7 Да се зачува Охридскиот регион на листата на Светско културно и природно наследство е од голема важност за развојот на туризмот, вели Андон Бојаџи од НП Галичица. Верува дека државата ќе добие поддршка од граѓаните и институциите за да се справи со проблемите за да се зачува Статусот на културно и природно наследство на Унеско. Позитивни сигнали доаѓаат од Министерството за култура. Ресорната министерка најави дека во Охрид, Струга и Дебрца веќе нема да се гради без нивно одобрение и консултација. Бојаџи смета дека треба да се регулираат работите и постапувањата...
Откажано одржувањeто на двата поголеми карневали во регионов во Вевчани и Куратица
Post Views: 7 На 13 и 14 јануари нема да се одржи Василичарскиот Вевчански карневал. Перо Пешинкоски, од организациониот одбор на Долна маала од Вевчани, информира дека ова е заедничка одлука на нивните два одбори од Василичарските друштва Горно и Долно маало, донесена во интерес на здравјето на граѓаните и почитување на пропишаниет мерки за безбедност од пандемијата со Ковид 19. „Секој е свесен дека не треба ништо да има. Имавме заеднички состанок со Горна Маала и со МВР. Потврдено е дека нема ништо да има. Дали тоа ќе го почитуваат граѓаните останува на нивна вина. Од наша...
Обилните врнежи од дожд предизвикаа проблеми во делови од Охрид
Post Views: 12 Обилните дождови на одредени делови во Охрид предизвика проблеми. Граѓани јавуваа за поплавени имоти и подрумски простории, улици и земјоделски површини во населбите Далјан, Туристичка, Железничка, Лескајца и на улиците Марко Цепенков и Кленоец. Данчо Нически жител на улицата Железничка, се пожали дека реката Сушица му поплавила земјоделски површини со насадени градинарски пластеници. „Поради неисправност на каналицијата за атмсоферска вода кај мостот се полни цевката со вода од реката. Кај што е пониско преку канализацијата се вливаат водите во нивите. Не е...
Оџаците во станбените згради создаваат кавги меѓу соседите
Post Views: 10 Зимската грејна сезона им носи проблеми на соседите во станбените згради. Чести се појавите на чад во соседните станови заради проблеми со чадоводните канали во зградите или пожари, информира инспекторот Сашо Тодоровски, од Дирекцијата за заштита и спасување. Од дирекцијата која е задолжена и за надзор на заштитата од пожари како причини за ваквите појави ги наведуваат не исчистените оџаци, оштетените чадоводни канали од земјотреси или лошата градежна изведба. Споровите помеѓу станарите често завршуваат и на суд, вели инспекторот Тодоровски. „Пред да почне...
Усвоена програмата за зимско одржување на улици и патишта
Post Views: 12 Донесена е оперативна програма за организирано зимското одржување на улиците и патишта во општина Охрид. Улиците и патиштата ќе бидат поделени во 4 групи за одржување од снежни наноси. Службите ќе делуваат во координација со Комуналниот фонд, Јавните претпријатија и СВР Охрид, информира општинскиот портпарол. „Одржувањето со механизација ќе е на ЈП Охридски Комуналец. Доколку има потреба ќе бидат ангажирани возила и механизација од другите ЈП. Имаме склучено договор со фирма која ќе работи на расчистување на канали, свлечишта и одрони во зимски услови и ако има...
Охрид остана празен и за зимските празници, надежите се свртени кон пролетните месеци
Post Views: 8 Во празничните денови од годината затишје на охридското крајбрежје. Празни или полупразни останаа голем број од охридските сместувачки капацитети. Ретки се похрабрите гости од дома и странство кои допатуваа на неколку дневен престој во Охрид во овој период од годината. Останаа под клуч голем дел од хотелите на охридското крајбрежје, имаа гости само многу мал број од нив. Многу полошо поминаа издавачите на приватно сместување од мал обем, информира Александар Момироски за состојбите во овој сектор. „Сместувачките капцитети останаа празни,а дел се полупразни....