Skip to main content

Автор: Валентина Неловска

Лифтовите во охридските згради не се дезинфицираат

Post Views: 186 Граѓаните кои живеат во станбени згради и имаат станови на повисоките спратови се изложени на ризик при користење на лифтовите. Од март па досега до ЦЈ , кој е овластена институција за дезинфекција пристигнале многу мал број на барања од фирмите кои се бават со одржување на зградите. Само една, голема охридска фирма, која одржува поголем број на згради побара од нас стручна дезинфекција на влезовите и лифтовите , информира Сашо Точков , директор на ЦЈЗ. Има фирми кои прашуваат, но не ги дезинфицираат објектите за да ги заштиат граѓаните од епидемијата. „Релативно...

Продолжи со читање

„Мозаик колаж“ е насловот на претстојната изложба на охридскиот уметник Никола Упевче

Post Views: 233 Охридскиот уметник Никола Упевче со свои мозаици и реставрации ќе се претстави на самостојна изложба на 24 јули во Музејот Куќата на Робевци. Уметникот Упевче, две децении, камче по камче вградува во неговите дела голема љубов и трпеливост. Автор е на бројни мозаици и реставрации на мозаици на архолошките локалитети кои ги има Охрид. Упевче за претстојната изложба, вели, после 2 децении насобрав доста материјал, кој е на различни места во светот сега ќе го обединам во една голема изложба. Пред љубителите на уметноста ќе се претстави со околу 40 негови дела и разни...

Продолжи со читање

Пливачките школи започнаа со работа на пливалиштето кај малото пристаниште

Post Views: 215 Започнаа со работа пливачките школи. Од утрово раздвижена и во спортски дух е атмосферата на отвореното пливалиште кај малото пристаниште. Младите пливачи под будното око на тренерите започнаа да ги совладуваат пливачките техники, а други пак кои тренираат подолго време продлжија со понапредни техники. Иво Коталески е еден од младите пливачи кој, вели, со радост чекал да почнат тренинзите по пливање. „Пливав во базенот, а сега ќе пливам во езерото“,  вели Коталески , малиот вљубеник во пливачкиот спорт. За безбедно одвивање на тренинизите по пливање се изготвени...

Продолжи со читање

Од утре граѓаните ќе може да ги користат ваучерите за летување

Post Views: 212 Охридските угостителски и сместувачки капацитети пријавени на платформата Дома си е дома се подготвени од утре да ги дочекаат гостите кои ќе плаќаат со ваучерите за летување. Над 100 000 граѓани ќе можат да изберат од хотелите, приватните апартмани, автокампови, одморалишта, бањи кои ги понудија своите капацитети да бидат опфатени со владина мерка како поддршка туристичкиот сектор погоден од ковидкризата. Агенцијата за туризам очекува годинава од домашните гости да бидат остварени повеќе од два милиона ноќевања, а голем удел во тој приход ќе имаат токму ваучерите. Будимир...

Продолжи со читање

Се евидентира драстичен пад на странските туристи во месец мај во земјава

Post Views: 176 Во месец мај се регистрира драстичен пад на туристичките посети и ноќевања во земјава. Податоците на Државниот завод за статистика покажуваат дека бројот на туристите во мај 2020 година изнесува 838 , а бројот на ноќевањата е близу 5000 или изнесува 4 946. Бројот на туристите во мај 2020 година, во однос на мај 2019 година, е намален за 99.2 %, а бројот на ноќевањата е намален за 97.6 %.Бројот на домашните туристи во мај 2020 година, во однос на мај 2019 година, е намален за 97.8 %, а бројот на странските туристи е намален за 99.7 %.И во бројот на реализирани ноќевања...

Продолжи со читање

Откриени голем број диви приклучоци на фекалната и водоводната канализација при реконструкцијата на улицата Абас Емин

Post Views: 188 Во тек е првата од 4 фази на реконструкција на улицата Абас Емин. Темпото на градежните зафати се забавува затоа што на терен службите од ЈП се соочуваат со голем број проблеми, информира градоначалникот Константин Георгиески. „Исклучително е тешка работата, има многу диви приклучоци , многу подземни инсталации кои не знаеме дека се тука и ние нужна потребата од подземен катастар што планираме да го направиме заедно со Југозападен плански регион да го направиме. Се надевам дека од 2 фаза натака ќе имаме помалку проблеми со подземените инсталации кои ни одземаат...

Продолжи со читање

Петкоска: Нов објект за охридскиот театар и надградба на Центарот за култура

Post Views: 191 Промени во културата и воспоставување концепт на обнова која ќе донесе реформи, квалитет и мотивација , најави Лидија Петскоска , кандидат за пратеник од ВМРО ДПМНЕ во ИЕ 5 на денешната прес конференција. Се обврзуваме на реконструкција со надградба и доградба на објектот на НУ Центар за култура „Григор Прличев“, со цел добивање на нов објект наменет за Македонски народен театар „Григор Прличев“за да се обезбедат достоинствени услови за работа на уметниците и презентирање на културните и уметничките достигнувања, рече кандидатот за пратеник од редовите на ВМРО ДПМНЕ...

Продолжи со читање

Во единствениот избирачки список во општина Охрид се евидентирани 52.510 гласачи

Post Views: 258 Во ОИК Охрид се привршуваат сите подготовки за реализација на предвремените парламентарни ибори на 15 јули, информира раководителот Марга Димковска. Во единствениот избирачки список во општина Охрид се евидентирани 52.510 гласачи. „Во прегледот за запишани избирачи во општина Охрид има 43 707 и во другиот преглед за граѓани кои се во странство или на привремен престој во странство се 8.803. Но, тие не се пријавиле да гласаат во странство. Доколку се во Охрид ќе може да гласаат бидејќи се на тој список или вкупно 52.510 општина Охрид“. Во општина Дебрца има 3480...

Продолжи со читање

Музичарите бараат од надлежните да им се овозможат музички настапи во живо во сите угостителски објекти

Post Views: 258 Мирен простест на членовите на Здружението на музичари „Охридски музички еснаф“. Испратија барање до Министерот за здравство и Комисијата за заразни болести да пронајдат начин музичарите да ја работат својата работа како и останатите дејности. Игор Бежаноски, претседател на Здружението, кажа дека бараат музичарите да бидат вклопени во системот на работа во вонредна здравствена состојба. „Да се изменат членовите во Законот со кој се забранува организирање на жива музика во угостителските објекти. Сигурни сме дека со донесените протоколи за работа на угоститеските...

Продолжи со читање

Подолго време нема објава за оздравени охриѓани од ковид 19 во дневните извештаи на МЗ

Post Views: 184 Јавноста ја загрижува фактот што во дневните извештаи од Министерството за здравство подолго време нема податок за излекувани пациенти позитивни на Ковид 19 од Охрид. Станува збор за нереално прикажување на состојбата која се должи на преоптовареноста на лабораториските испитувања на скопскиот Институт за јавно здравје, смируваат од охридскиот Центар за јавно здравје. „До крајот на ова недела очекуваме да ја заокружиме бројката со 50 оздравени лица. Утрово ги анализиравме податоците и од 209 активни позитивни случаи во Охрид, 81 лице се оздравени до вчера, 6 се...

Продолжи со читање

Георгиески: Законот ќе важи за сите и покрај сите притисоци во справување со дивоградбите на крајбрежјето

Post Views: 184  Никој да нема илузија дека нема да го стигне законот дека со било какви притисоци ќе биде поштеден од процесот на постапување со дивоградбите. Процесот ќе трае до расчистување на последниот бесправно изграден објект, порача охридскиот градоначалник Константин Георгиески. Постапуваме со одстранување на објекти кои се опасност за регионот и се во спротивност со режимот за заштита под Унеско во зависност од тоа каде имаме правосилни решенија. Нема да има селективност и мора да се врати владеењето на правото и законот. Законот ќе важи за сите и покрај личните и политичките...

Продолжи со читање

Само 4 лица во Охрид позитивни на Ковид 19 побарале да гласаат од дома

Post Views: 198 Утре на полноќ истекува рокот за пријавување во ОИК за гласање на лица болни од ковид 19, лица во самоизолација , немоќни, хронично болни и лица во затвор и во домашен притвор. До ОИК пристигнале 64 барања од лица со хронични болести, а само 4 лица со Ковид 19. Во СВР Охрид на територија на општина Охрид контролираат 244 лица за кои Државниот санитарен инспекторат издал решенија за изолација, а не се евидентирани лица во самоизолација. Во Охрид, до денес има 180 активни случаи на лица позитивни на вирусот. Само 4 барања од лица позитивни на Ковид 19 е мал број иако...

Продолжи со читање