Skip to main content

Автор: Валентина Неловска

Советниците не се за поскапување на водата за пиење

Post Views: 7 Советничката Гордана Коњановска од името на опозицијата во Градскиот совет очекува советниците да не дадат согласност за зголемување на цената на водата за пиење. „Ова ЈП е пример за превработеност и едвај успева да наплати 30 проценти од побарувањата и планира вработувања за 2021 година. Се остава впечаток дека со поскапувањето на цената на водата ќе ги финансира новите вработувања, а не големите капитални проекти на ЈП“. Градоначалникот остава на советниците дали ќе изгласаат повисока цена на водата за пиење. За ова точка на дневен ред треба да дадат или не...

Продолжи со читање

Општина Охрид усвои буџет со историски највисoк износ

Post Views: 4Историски рекорден буџет на Општина Охрид за 2021 година тежок 730 милиони и 716 илјади денари. Износот на проектираниот буџет се зголеми денеска во ставката капитални трансфери за 45 милиони денари кои Владата ги одобри на Општина Охрид како дополнителни средства за проектот за реконструкција на градскиот кеј. Мнозинството советници го изгласаа буџетот на општината со кој според Градоначалникот опфатени се сите општествени развојни сфери кои се од интерес на граѓаните. Посветен е на урбанизмот, уредување на градежно земјиште, локално економскиот развој и развој...

Продолжи со читање

Новогодишни честитки потсетник како во минатото охриѓани си ја честитале Нова година

Post Views: 4 Примероци од Новогодишните честитки се чуваат во депото на охридскиот Историски архив од повоениот период. Во пред новогодишниот период се потсетуваме на начинот како охриѓани некогаш си ја честитале Нова година, потсетува в.д. директорот Никола Митровиќ. Зачувани се новогодишни честитки од пред 7 децении помеѓу најразличните документи од минатото . „Честитките биле создадени од некои фотографи како што бил Коста Андоноски. Процедурата била едноставна.Позначајните личности или претпријатија побарувале од фотографот да направи еден концепти и да направи...

Продолжи со читање

Јавноста се вклучува во постапката за прогласување на Охридско Езеро за заштитено подрачје

Post Views: 2 Одржана јавна дебата во која се вклучија претставници од научната јавност, невладините организации и засегнати страни кои се занимаваат со заштита на Охридското езеро. Целта е сите засегнати страни да се запознаат и да се вклучат во подготвување на Нацрт- Студијата за валоризација на Споменикот на природата – Охридско Езеро. Учесниците на јавната дебата изнесле свои предлози како Охридско Езеро да се заштити како подрачје во категорија Споменик на природа. Меѓу предлозите се езерото да нема административни граници, а се дадоа и препораки за зонирање, информира...

Продолжи со читање

Стружанец со „БМВ“ прегази две братчиња на охридскиот Булевар Железничка

Post Views: 10 Прегазени две братчиња на охридскиот Булевар Железничка. Децата на возраст од 12 и 18 години биле повредени вчеравечер во 18.25 минути од автомобил со струшки регистарски таблички. 18 годишното момче се здобило со тешки повреди на главата и уште синоќа било пренесено на клиниките “Мајка Тереза” во Скопје. Неговото помало братче е задржано во болницата за Ортопедија и труматологија “Св.Еразмо” во Охрид со скршеници на ногата и потрес на мозокот. На возачот, 45 годишен жител на струшкото село Лабуништа, одземена му е возачката дозвола и возило БМВ. За сообраќајната...

Продолжи со читање

Поставен асфалт на дел од улицат Абас Емин до пресекот со улицата Охридска бригада

Post Views: 5 Денес е ставен асфалтен слој на дел од Абас Емин. Со тоа продолжува етапното асфалтирање на улицата. Претходно беа асфалтирани околу 300 метри на дел од улицата до пресекот со Туристичка. Како ќе завршуваат сложените подземни градежни работи под улицата така ќе се поставува асфалт на дел по дел од Абас Емин, информираат од ЛС. „Сега ќе се постави прв слој на асфалт до пресекот со улицата Охридска биргада. Понатака како ќе се оди по текот на улицата Абас Емин во должина со пресекот на улицата Железничка ќе се решаваат инфраструктурните инсталации во однос на...

Продолжи со читање

ДПИ: Не се затекнати гости во охридските угостителски објекти без сертификат за имунизација

Post Views: 3 Инспекторите на Државниот пазарен инспекторат продолжуваат со контроли на објектите кои се во нивна надлежност дали се почитуваат измените и дополнувањата на Одлуката за заштита на населението од ковид 19, информира Цветко Ристески, раководител на ДПИ подрачна едница Охрид. Со последните измени посетителите мора да поседуваат сертификат за имунизација со две дози вакцина, а мерките започнаа да се применуваат од 15-ти овој месец. Во овој период не се констатирани неправилности. Но, се интензивираат контролите како што се наближува викендот. Очекуваме за викенд...

Продолжи со читање

Пандемијата не ги исплаши хуманите луѓе да даруваат крв

Post Views: 7 Охридските студенти може да се приклучат на големата крводарителна акција која е во тек. Од понеделникот, во земјава се одвива крводарување под мотото „Хуманоста на испит во време на пандемија“. Институтот за трансфузициона медицина во соработка со Македонските унизверзитети од Скопје, Битола, Штип и Тетово организира голема крводарителна акција, информира директорката д-р Радица Грубовиќ Растворцева. „На 24 декември од 9 до 15 часот во нашите служби во Кавадарци, Велес, Куманово, Струмица, Кочани, Струга, Охрид, Гостивар, Кичево, Прилеп и Гевгелија ги покануваме...

Продолжи со читање