Skip to main content

Автор: Валентина Неловска

Колев: Реформи во администрацијата и промена на политичкиот систем

Post Views: 259 Петар Колев, претседателот на Граѓанско демократскат унија во Охрид, заедно со носителот на Изборната едница 5, Даниел Јорданоски и со останатите колеги од листата и ИШ ги запознаа охриѓани и регионот со нивните приоритети за овие избори. Колев, напомена дека ГДУ како еден од основните столбови и приоритети во својата основната политичката платформа и во предизборна програмата ја има поставено реформата во администрација и промената на политичкиот систем. „Затоа ГДУ се залага за намалување на бројот на пратениците во Собранието на РМ на 90 по моделот на Словенија,...

Продолжи со читање

Советот одобри 2 милини денари субвенција за набавка на унифицирани тезги за ЈП Градски пазар

Post Views: 189 Едногласно беа усвоени 9 точки од дневниот ред од кои три беа ставени како дополнение на денешниoт дневен ред на 44 -та седница на Градскиот совет. Охридските советници усвоија да се даде 2 милиони денари субвенција за набавка на унифицирани тезги за градски пазар, локација за преместување на бистата на Григор Прличев и донација од 400 м квадратни ламинат за охридските училишта од Кармен Бауцентар. Покрај, овие три дополнети точки советниците ги усвоија и предлог- одлуките за воспоставување меѓуопштинска соработка помеѓу општина Охрид и општина Центар- Скопје, времено...

Продолжи со читање

Голем е интересот за почнување со работа на пливачките школи и клубови во Охрид

Post Views: 189 Пливачите и тренерите по пливање со нетрпение чекаат да почнат со работа отворените базени во Охрид. Спортските работници од пливачката школа Акваспирит се во голема неизвесност дали и кога ќе се отворат двата пливачки базени на СРЦ Билјанини извори. Нивните телефони постојано ѕвонат, а тие немаат одговор на прашањето од младите вљубеници во овој спорт кога ќе почнат новите уписи и тренинзите, вели пливачкиот тренер Славчо Цветкоски од ПШ Акваспирит. „Има голем интерес за отворање и отпочнување со работа на пливачките школи и клубови посебно во летниот период бидејќи...

Продолжи со читање

Лазаревска:Влеговме во НАТО, МОЖЕМЕ во ЕУ

Post Views: 205 „Стојам пред Вас и сакам со гордост да потсетам дека бев дел од најновата историја на нашата Татковина која се пишуваше изминатите три години. Во парламентот работевме напорно, се боревме со деструктивците од ВМРО ДПМНЕ и останатите опоненти“, рече Жаклина Лазаревска – кандидат за пратеник од СДСМ и Коалицијата Можеме. Преку одговорни, државнички политики, успеавме да ја вратиме државата на правиот пат, на патот на евроинтеграциите, напомена Лазаревска. „Доживеавме многу немили сцени, притисоци, закани, дури и обиди за линч, но излеговме победници. Секој миг кога...

Продолжи со читање

Здравствен систем кој ќе биде ефикасен и достапен за секого, ветува ВМРО ДПМНЕ и Коалицијата Обнова на Македонија

Post Views: 211 Визијата на ВМРО-ДПМНЕ за здравствениот сектор е создавање на здравствен систем кој ќе биде ефикасен и достапен за секого, порача Кирил Пецков, кандидат за пратеник од ВМДО ДПМНЕ и коалицијата. Приоритети на ВМРО-ДПМНЕ во здравството ќе бидат стратешко позиционирање на здравството како приоритет за грижата за граѓаните, предвидливост и континуитет на работата, како и донесување на Национална здравствена стратегија заснована на неколку постулати, кажа Пецаков. „Зајакнување на јавното здравство – заради тоа што лекарите и здравствените работници треба да останат...

Продолжи со читање

Патниците три часа порано треба да пристигнуваат на аеродромите

Post Views: 186 Од први јули се воведуваат нови правила со цел да се запре ширењето на КОВИД-19 на Меѓународниот аеродром Скопје и аеродромот Свети Апостол Павле Охрид, информираат од ТАВ Македонија. Интензивно се подготвувале за повторно отворање на двата аеродроми. Во меѓувреме, ги следеле практиките од останатите аеродроми во светот. Нивната цел е да овозможат соодветна хигиенско и здравствена заштита на патниците, персоналот и партнерите, по нивното затворање на 19 и на 16 март годинава како дел од мерките за спречување на влез и ширење на КОВИД-19. Меѓу правилата кои се воведуваат...

Продолжи со читање

Проширена листата со производи кои може да се плаќаат со картичката „Купувам домашно“

Post Views: 228 Од денес се проширува листата на продавници и услуги кои ќе се достапни за граѓаните со картичката „Купувам домашно“. Со новата уредба се додадени нови дејности и услуги. Граѓаните покрај храна, ќе може да купуваат лекови во аптеки, во продавниците за текстил, обувки, предмети од кожа, спортска опрема, продавници за книги и продавници за мебел, осветлување, производи за домаќинство. Може да платат и за фризерски услуги, во салоните за убавина и за други услужни дејности. Домашната платежна картичка дополнета и со услужни дејности во хотели, одморалишта, кампови...

Продолжи со читање

20-тина избирачки места во Охрид не ги исполнуваат условите за безбедно гласање

Post Views: 252 Ќе има преместување на избирачки места во петтата изборна единица во Охрид за гласањето на претстојните предвремени парламентарни избори. Од 89 гласачки места досега се констатирало дека 20-тина избирачки места во Охрид не ги исполнуваат условите според протоколите за безбедно гласање на избирачите. Ова го покажал досегашен увид на состојбата на избирачките места направен од страна на Државната изборна комисија од подрачното одделение на избирачките места во Охрид и Дебрца. Во општина Дебрца од увидот на 28 -те избирачки места се констатирало дека се безбедни за...

Продолжи со читање

Угостителските објекти на плажите без концесија опоменети од ДПИ да престанат со работа

Post Views: 193 Угостителските објекти на плажите од Далјан до Пештани под лупа на Државниот пазарен инспекторат и УЈП. Инспекторите од ДПИ изрекле опомена на објектите кои биле затекнати да работат на плажите каде се истечени договорите за закуп и им дале рок да затворат до крајов на месецов. Ова доаѓа откако Владата со Уредбата за враќање на плажите во првобитна состојба ги овласти ДПИ и УЈП да вршат контрола на работата на угостителската дејност на економските оператори на крајбрежјето на Охридското Езеро и да затвора објекти. „Веќе Државниот пазарен инспекторат излезе на терен...

Продолжи со читање

Тринаесет нови позитивни случаи и едно починато лице од Ковид 19

Post Views: 169   Денешната епидемиолошка состојба во Охрид е повторно лоша со 13 ново потврдени случаи на Ковид 19 и едно починато лице. Така, Охрид денес достигна бројка од 92 активни случаи, а од ЦЈЗ очекуваат бројот да расте. Две недели Охрид се соочуваае со неповолна состојба со Ковид 19 и зголемен број на позитивни лица и тестирања упатени од матичен лекар и епидемилог. Се чекаат да пристигнат резулататите од тестираните лица од минатата недела, вели Сашо Точков , кој при тоа кажува дека се соочуваат со одредени проблеми. „Не е срамота да сте заразени од ковид срамно е да...

Продолжи со читање

Во малопродажба почна купувањето со Домашната платежна картичка

Post Views: 203 Во маркетите и продавниците на мало почнаа да се користат платежните картички од владината мерка за олеснување на корона кризата. Маркетите од брендот МИСА веќе го прилагодија изложувањето на артиклите од домашно производство за полесно пазарување на корисниците на овие картички. Во употреба картичките „Купувам домашно“ се пуштени веќе една недела информира Александра Ничоска, од маркетот Миса Охрид. „Имаме на сите сталажи одредени производи обележени се со македонско знаменце, купувај домашно. Има се од сувомеснато, прозиводи од месарата, готова храна. Не е дозовлено...

Продолжи со читање

Атрактивната пешачка патека која води низ боровата шума на Плаошник им создава главоболки на туристичките работници

Post Views: 181   Туристичките тури кои водат низ најатрактивниот дел за разглед на стариот дел на градот им создаваат главоболки на туристичките работници. Една од нив е патеката која води кон Плаошник, Канео и Самоиловата тврдина. Патеката е небезбедна за туристички разглед, вели Љупчо Стојкоски туристички работник од Охрид. Турата оди по еден пат низ прекрасна борова шума, но патеката е земјена, не е средена, а тука сите тури ги водиме, вели Стојкоски. „На тој дел порано биле изградени импровизирани скали со дрво и издлабени во земјата. Но со тек на времето тоа е рамно, а боровите...

Продолжи со читање