Skip to main content

Автор: Валентина Неловска

Блесна Новогодишна зимска бајка во ОУ „Григор Прличев“

Post Views: 8 Во ОУ Григор Прличев заблеска Новогодишна волшебна атмосфера. На иницијатива на Советот на родители од школото се внесе празничен дух во училиштето за да ги развесели срцата на учениците. Сашко Георгиески, претседател на Советот на родители од ова училиште, информира дека проектот бил прифатен од родителите, учениците и раководството на училиштето и се реализирал за еден викенд. Во изработка на декорациите учествувале 330 деца кои заедно со помош на родителите во домашни услови изработиле над 600 снегулки. На приземје во училишниот хол поставени се снегулки и елка...

Продолжи со читање

Македонскиот угостителски сектор „гладен“ за квалитетни стручни кадри

Post Views: 7 Угостителското средно стручно училиште „Ванчо Питошески“ од следната учебна година преминува во државен регионален центар за средно стручно образование. Со одлука на владата угостителското училиште добива нови можности за едукација на кадри од формалното и неформалното образование. Покрај едукација на профили од угоститеството за средношколци се добива можност и за прекфаликации на повозрасни лица, како и обуки и за наставниот кадар од Југозападниот регион, информира директорт Марјан Радески. „Голем број на луѓе кои ќе сакаат да направат прекфалификација на...

Продолжи со читање

Од охридската општа болница стравуваат од притисок врз здравствениот систем по претстојните празници

Post Views: 4 Сто пациенти се лекуваат во ковид центарот во општа болница Охрид во моментот. Половината од пациентите кои се на болничко лекување со потешка клиничка слика се на кислородна поддршка. Засега има слободни кревети, лекови и кислородни боци инфромира д-р Горан Балевски, директор на ЈЗУ Опша болница Охрид. Директорот е сепак загрижен од неизвеснит тек на пандемијата по претстојните новогодишни и верски празници. Повикува граѓаните да ги почитуваат мерките за заштита од вирусот и да не се групираат. „Искрено стравувам многу сега почнуваат празниците. Охрид од Св...

Продолжи со читање

ЈП „Охридски комуналец“ ќе набави ново пајак возило

Post Views: 6 Голем број сопственици на моторни возила ги паркираат колите каде што ќе најдат место или каде што им одговара. Со непрописното паркирање гo попречуваат движењето на другите учесници во сообраќајот и не водат грижа за почитување на сообраќајните правила за паркирање на дозволени места. Пајак службата е постојано на терен и се справува со несовесните возачи. Службата функционира во рамките на ЈП Охридски комуналец и работи секој ден, информира Љупчо Грданоски директор на јавното претпријатие. Во соработка со сообраќајната полиција и локалната самоуправа се надеваме...

Продолжи со читање

Д-р Влаши Хиса: Св. Климентовата повелба чест и мотив за вложување во професијата која ме прави среќна

Post Views: 27 Гинекологот д-р Мимоза Влаши Хиса е една од тројцата годинешни добитници Св Климентовата Повелба  за особени заслуги. Покрај сите предизвици и потешкотии кои ги носи нејзината хумана професија, таа вели дека и по 2 децении ја чувствува истата љубов и елан при доаѓањето на нов живот на свет. Наградата ме прави неизмерно горда, а чувството е возвишено и не може да се опише со зборови посебно кога доаѓа од сограѓаните, вели д-р Влаши Хиса. „Преку нашите избраници градоначалникот и советниците во Советот се слуша гласот на народот. Ова е признание добиено од нив и...

Продолжи со читање

Во алпинизамот продолжуваат само најупорните спортисти

Post Views: 5 Алпинизмот како спорт е интересен за охриѓани  и  има интерес за членување во Алпинситичкиот клуб  Патагонија, вели алпинистичкиот инструктор Антонио Додевски. Тоа е спорт во кој успеваат дисциплинираните и истрајните спортисти. Алпинизмот е специфичен спорт, дејност, еден од најкомплексните планинарски спортови, вели Додевски. „Времето кое треба да се посвети на алпинизмот е сериозно. Има интерес, луѓето прашуваат, но само 5 проценти од оние кои се заинтересирале и почнале ако се задржат во алпинизмот за нас е среќна околност“. Во јавноста не е многу познато...

Продолжи со читање

Охридската болница најавува изградба на систем за снабдување со течен кислород за сите одделенија

Post Views: 5 Изградба на систем за снабдување на течен кислород за сите болнички одделенија, најавува д-р Горан Балевски директор на општа болница Охрид. Довод на течен кислород има само во ново изградениот хируршки блок. Стариот дел на охридската болница и болничките павилјони се без централен довод на кислород. „Се обидуваме со градоначалникот да направиме еден систем на течен кислород кој би го обезбедил како донација општината. За наредните 50 години болницата да добие течен кислород. Тоа би биле големи танкери од кои ќе го добиваме кислород во течна форма. Со посебен...

Продолжи со читање

Општина Охрид ќе формира партиципативно тело за урбанизам

Post Views: 3 Општина Охрид ќе формира партиципативно тело за урбанизам. Заврши огласот на кој имале парво да се пријавуваат граѓани, НВО и правни лица за да бидат дел од телото кое треба да се формира според најновите измени на Закон за просторно и урбанистичко планирање. Телото ќе брои 7 члена и ќе има за цел да ја вклучи јавноста во подобрување на просторното и урбанистичко планирање на градовите, објаснуваат од Секторот за урбанизам при Општина Охрид. „Има пријавени лица кои по донесувањето на Деловникот за работа ќе го формираат Партиципативното тело. Тоа ќе работи со...

Продолжи со читање