Автор: Валентина Неловска
Post Views: 157 Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Трајан Димковски, денеска беше во работна посета на Охридскиот регион. Оствари средба со дел од производителите на цреши. Во последниве три години има континуирано зголемување на површините со цреши за 23 отсто и зголемување на бројот на баратели за субвенции за цреши, кој е зголемен за скоро 30 отсто. Министерот Димковски посочи дека „охридската цреша“ од 2017 година е првиот регистриран назив со заштитена географска ознака. „Ние како земја имаме многу домашни земјоделски производи и традиционални специјалитети...
Охриѓани и стружани излекувани од ковид 19 може да донораат конвалесцентна плазма
Post Views: 245 Охридските и струшките пациенти кои прележале Ковид 19, а сакаат да спасат нечиј живот со дарување крвна плазма може да се пријават во Институтот за трансфузиона медицина од Скопје и на трансфузиолошките центри низ државата, инфромира д-р мед. сци. супспецијалист Рада Грубовиќ Растворцева, раководител на Институтот. Секој ден имаме се поголем број на заразени со ковид 19, а крводрувањето на конвалесцентна плазма нема да им наштети на донорите, вели д-р Грубовиќ Растворцева „Би ги поканила да се пријават во нашите трансфузиолошки центри. Најдобро е преку меил, тие...
Хотелите започнаа да ги спроведуваат донесените протоколи за работа
Post Views: 222 Познати се протоколите според кои од понеделник хотелите треба да започнат со работа. За обезбедување што поголем степен на заштита на гостите забрзано се подготвуваме за да ги примениме новите процедури во работата до 22 јуни. Се надеваме на позитивен ефект во работењето, вели Јован Китрозоски од хотел Силекс. „Некој период никој од угостителските објекти не работиме и немаме никакви приходи. Овие мерки ќе допринесат за зголемување на трошоците, што се вели, уште не почнати со работа. Но ние ќе се потрудиме се да се примени заради здравјето на гостите. Се надевам...
Децата од училишна возраст добиваат можност за учество на он лине награден конкурс на еко истражувачка тема
Post Views: 164 Децата од прво до девето одделение добиваат можност да учествуваат на награден конкурс на еко тема. Во услови на пандемија со Корона вирусот, лиценцираната компанија Нула Отпад за собирање електричен отпад, он лајн ја продолжува започната едукативна мисија за подигање на еколошката свест кај најмалите, а која во претходниот период наиде на одличен прием, информира Билјана Костадинова од Нула Отпад. „Дигиталната едукативна кампања е наменета да им овозможиме ангажман на децата кога се послободни заедно со родителите да го искористат времето на креативен начин и интересен...
ОЈО Охрид: Оформен предмет по допрен глас по последниот случај со семејната веселба која стана жариште на заболени од ковид 19
Post Views: 152 По допрен глас ОЈО Охрид оформил предмет против непознат сторител за случајот со семејна прослава во Охрид од кој произлезе кластер на заболени со ковид 19. Од јавното обвинителство информираат дека работат на истрага за овој случај и на собирање на потребни докази. Основното јавно обвинителство Охрид од 19 март до 12 јуни, во време на пандемија на корона вирусот, има оформено 52 кривични предмети против познати полнолетни сторители за кривично дело, информира Зоран Митрески, основен јавен обвинител при Општинското Јавно обвинителство Охрид. Сторителите на казненото...
Актив на директори на основните школи: Да не се организираат традиционалните прослави за полуматура
Post Views: 189 Полуматурантите оваа година не може да го прослават завршувањето на основното образование на досегашниот традиционален начин со поголеми собири во училиште и дома. Активот на директори од сите општински основни училишта упатува повик до родителите и своите ученици да се изостават домашните масовни прослави заради опасноста од ширење на вирусот. Ние сме свесни колку се прошири Ковид 19 токму од семејни прослави. Затоа го упатуваме овој апел плашејќи се за здравјето на сите околу нас, вели Оливија Јанева Пирузева, директор на ОУ Христо Узунов и член на активот, за...
Нуркачите од центарот Акватек повторно во еко акција
Post Views: 186 Од нуркачкиот центар Акватек изведоа еколошка акција на иницијатива на ресторан и плажа Бонанца, а пред почетокот на летната сезона. Акцијата беше успешно реализирана, информира Никола Паскали од НЦ Акватек. Покрај Паскали во акцијата бил вклучен и нуркачот Климчо Ангелоски. „Целта беше од еколошки и безбедносен карактер за капачите на плажата. Од водата на брегот на капалишетото беа извадени повеќе автомобилиски гуми, собрани беа две вреќи со пластични шишиња, чаши, лименки, стаклени шишиња, најлони и амбалажа од прехранбени предмети кои ги користат луѓето во...
Се влошува епидемиолошката состојба во Охрид
Post Views: 202 Епидемиолошката состоја во Охрид станува сложена со секојдневното зголемување на бројот на новозаболени од корона вирусот, инфомира Сашо Точков од ЦЈЗ. Половина од новите позитивни случаи на Ковид 19 се поврзани со кластерот од семејната прослава на новороденче. Вкупниот број на заболени од кластерот мекици достигна бројка од 17 позитивни лица. Од тој кластер се најголем број позитивни и се ставени во изолација, вели Точков. „Денеска, само од вчера до денес има 10 нови заболени. 5 се од кластерот кој го имаме, поврзан со семејното групирање, а 5 се поединечни случаи....
Охридската болница е подготвена за прифаќање на болните од ковид 19
Post Views: 191 Охридската болница е подготвена за прифаќање на болните од ковид 19, информира Горан Балевски, директор на ЈЗУ Општа болница, по вчерашната најава на министерот за здравство д-р Венко Филипче дека повеќе нема место во Клиничката болница во Битола. Директорот Балевски кажува дека охридската болница има стручен и материјален капацитет за справување со новонастаната состојба. Во Општа болница Охрид е повторно направена нова реорганизација за згрижување на пациентите од охридскиот регион. На инфективното одделние има пациенти на различна возраст од 40 до 80 години, информира...
Намален бројот на поднесени барања за категоризација на леглата во приватното сместувањe
Post Views: 161 Новонастанатата ситуција со Ковид 19 се рефлектираше и врз доставување на барањата за пријави на категоризација на сместувачките легла на охридското крајбрежје, инфромира Илкер Мустафа од одделението за Туризам и локален економски развој. „Враќајќи се наназад неколку месеци барањата за категоризација се намалени што е нормално. Но, по олабавување на мерките, станоиздавачите почнаа да поднесуваат нови барања за категоризација на приватното сместување. Комисијата наскоро ќе излезе на терен и да ги категоризира објектите според барањата“. Во евиденцијата на ТЛЕР...
Загрижува верувањето дека вирусот не постои не само кај граѓаните туку и кај дел од лекарите
Post Views: 201 Лекарската Комора од земјава испраќа апел не само до граѓаните туку и до лекарите доследно да ги почитуваат мерките за заштита од коронавирусот. Загрижени се што нивни колеги не ги пријавуваат заболените за тестирање и ги лекуваат во домашни услови, а некои дури сметаат и дека вирусот не постои или се работи за заговори. Порачуваат лекарите да ја исполнат својата обврска кон пациентите со доследно придржување кон протоколите и начелата на медицината базирана на докази, добрата клиничка пракса и кодексот на медицинската етика. Сè друго го руши нашиот улед како фела,...
Во Охрид денес се регистрирани 8 нови случаи со Коивд 19
Post Views: 179 Во Охрид денес се регистрирани 8 нови случаи со Коивд 19. Од нив шест позитивни лица се од Охрид, еден од Луково и еден од Радовиш. Ова се само еден дел од земените брисеви од понеделникот и вторникот. Во ЦЈЗ се очекуваат резултатите и од останатите земени брисеви, информира директорот Сашо Точков . „Од тие 8 случаи два не се со место на живеење во Охрид. Тие се од Луково, струшко и Радовиш. Шест случаи се од Охрид, од кои пет од позитивните се поврзани со новиот кластер во Охрид кој започна да се формира, поврзан со семејно групирање, семејна веселба и еден поединечен...