Автор: Валентина Неловска
Post Views: 1 Претставници од образовни институции, невладиниот сектор и граѓани учествуваа на трибина каде што се даваа предлози како да се подобрат детската и социјалната заштита во општина Охрид. На средбата се слушнаа потреби и проблеми на здруженијата на лица со посебни потреби, здруженијата на родители на деца со церебрална парализа, потребите на подобрување на условите во основните и средните општински училишта. Меѓу изнесените предлози се изгградба на пристапни рампи за лицата со инвалидитети насекаде низ градот, обезбедување чуварски служби во училиштата, како и...
Јога центар Охрид 3 децении постоење достапни и во пандемија
Post Views: 5 Јога Центарот Охрид одржува он лине часови преку почетна и напредна група во време на пандемија. Во моментов се поактивни жените за разлика од мажите. Тие бараат начин за релаксација и ослободување од стресот кој го наметна пандемијата во последните месеци, вели Александра Јанеска, која 2 децении е инструктор по јога вежби. Јогата помага да се опуштат. Се работат техники на дишење, релаксација и се вежбаат аксана телесни положби кои помагаат во урамнотежување и хармонизирање на сите системи во телото, кажува Јанеска. „ Иако он лине работевме со бремени жени....
Марија Шиникоска, самохрана мајка со три деца низ солзи бара помош од заедницата
Post Views: 5 31 годишната Марија Шиникоска е самохрана мајка на три деца. Младата мајка низ солзи и со тешко срце бара помош од заедницата. Таа и нејзините деца живеат во една влажна просторија која прокиснува, а привремено ја добила на користење од нејзина пријателка. Шиникоска се бори во животот со помош на хуманите пријатели бидејќи со платата која ја заработува не може да им обезбеди пристојни животни услови на нејзините три малолетни деца 6 годишната Светлана, 4 годишната Димитра и двегодишниот Виктор. На прагот на зимата Шиникоска и нејзините деца се без струја еден...
Општина Охрид ги врачи Св.Климентовата награда за животно дело и повелбите за особени заслуги
Post Views: 8 Општина Охрид ги врачи Св.Климентовата награда за животно дело и повелбите за особени заслуги. Професор д-р Вера Битракова Грозданова ја прими наградата за животно дело. При тоа во своето кратко обраќање кажа дека наградата не е само чест туку подарок за многу години поминати во истражување на минатото на Охрид и околината, Струга и Преспа. Ова го чувствувам како Божји дар, рече проф. д-р Битракова Грозданова. „Св Климент не само што е патрон на градот и на Македонија, тој е во мислите на охриѓани. Со векови како една длабока традиција вкоренета во душите,...
Охридската гимназија Св Климент Охридски го одбележа патронатот на школото
Post Views: 9 Гимназијата Св. Климент Охридски го одбележа патронатот на школото. Се случи ковид кризата која меѓу двата патронати ни го промени начинот на работа со далечинско учење. Наместо во училиште наставата се одржува од дома, според националната платформа, но успешно се вклопивме во новиот начин на работа и учениците и професорите, информира Весна Цветкоска директор на СОУ Св Климент Охридски. „Многу успешно се снајдоа во таа ситуација посебно од 1 октомври од кога започна новата учебна година кога се вклучивме без поголемни проблеми на Националната платформа во...
Во Охрид почна тестирање со брзи тестови за корона вирус
Post Views: 7 Здравствен дом Охрид доби 250 тестови. На располагање ќе бидат по 10 термини дневно за тестирање а вкупно 50 во текот на неделата. Обучени се двајца лаборанти од здравствениот дом за изведување на тестирањата, информира директорката, Ајсел Зејноска. Во однос за закажувањето, брз тест може да закаже единствено матичен лекар и тоа доколку пациентот го исполнува алгоритмот, односно има симптоми на Ковид 19 не повеќе од 5 дена. Алгоритмот за брзо тестирање е од Светската здравствена организација, а матичниот лекар по земената анамнеза на пациентот, одлучува дали ќе...
Се креира буџетот за 2021 година
Post Views: 5 Нивото на нацрт основен буџет за 2021 година е утврден на износ од 648 861 567 денари додека вкупниот буџет со донации и дотации е тежок нешто над 1 милјадра и 113 милиони денари. Во нацрт буџетот капиталните расходи изнесуваат 258 милиони денари и во споредба со минатата година има зголемување за 66 мил денари. Мнозинството во Градскиот совет даде зелено светло за вака конструиран буџет за следната година. Советничката група на опозиционата Вмро Дпмне не зеде активно учество во работата на денешната 51 -ва седница на градскиот Совет. Некој своеволно донел одлука...
Бочварски: Државата ќе ја презема обврската да ги реши проблемите на Охридското крајбрежје
Post Views: 5 Благој Бочвaрски, министерот за транспорт и врски оствари прва официјална посета на општина Охрид. На работната посета градоначалникот Константин Георгиески го запозна министерот со тековните активности на проекти кои општината ги реализира во патната инфраструктура, но и за проблемите на општината од сферата на урбанизмот. „Поразговаравме со Министерот околу потребите на нови урбанистички планови каде што има надлежност министерството. Тие планови кои се во надлежност на општината да ги усогласуваме со министервстото и постапките да се побрзи. Поразговаравме и...