Автор: Валентина Неловска
Post Views: 162 Почна да се снима првиот видео спот за рекламната кампања Дома си е дома, информира Љупчо Јаневски од Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот. Во рамки на кампањата ќе се изработат лого, билборди и 10 промотивни видеа. Видеата ќе ги претстават најзначајните туристички дестинации и локалитети, претставени преку конкретни активности, производи од активниот туризам ккао што се планинарење, велосипедизам, параглајдинг, спортско качување итн., во комбинација со културни искуства, рурални предели и гастрономија, нагласува Јаневски. Кампањата треба да не мотивира...
Завршена е програмата за годинешното издание на Фестивалот Охридско лето
Post Views: 155 Завршена е програмата за годинешното издание на Фестивалот Охридско лето. Од Националната установа имаат првичен предлог отворањето на јубилејното 60-то издание да биде на 4 август кога е роденденот на фестивалот. Од Националната установа ги чекаат насоките од Владата и Министерството за култура, информира Наташа Поповиќ, директор на Фестивалот Охридско лето. „Одлучивме, но тоа секако е предлог, Фестивалот Охридско лето кога оваа година слави јубилеј, да се отвори на 4 август, кога почнал пред 6 децении и е роденден на фестивалот. Но, чекаме да се прогласи крај...
Комисијата за заштита на Охридскиот регион почна со работа во нов состав
Post Views: 256 Комисијата за заштита на Охридскиот регион почна со работа во нов состав. Неодамна од комисијата беа отповикани и беа назначени нови членови. Во новиот состав на комисијата е назначен архитектот, м-р Горан Патчев. Даниела Неделковиќ, директор на НУ Завод за заштита на спомениците и музеј, информира за околностите кои дошле до измена на составот на Комисијата. „По самоиницијативното поднесено барање за престанок на работен однос од страна на архитект Елеонора Новакоска и немањето кворум за работа во Комисијата на Унеско како нов член од НУ Завод за заштита на спомениците...
ОБНОВЕНО – Денес во Охрид регистрирани два нови случаи со Ковид 19, а во Струга еден
Post Views: 176 Во Охрид од 5 јуни до денес се потврдени 11 нови случаи заболени од Ковид 19. Вчера, министерството за здравство објави податоци за Охрид дека се регистрирани 6 позитивни случаи, што не е точна бројка туку 4 се од Охрид, а другите два случаи се од Струга, појаснува Сашо Точков од ЦЈЗ. Загрижува тоа што, од четирите заболени лица од вчера, само два позитивни случаи се поврзуваат со претходно заболени лица, а додека 2 се поединечни случаи за кои не може да се детектира каде се заразиле. Во Охрид од петокот до денес имаме 11 активни случаи, од кои еден е хоспитализиран,...
За пет дена во Охрид се регистрирани нови 9 активни случаи со ковид 19
Post Views: 194 Во Охрид од 5 до 9 јуни се потврдени 9 активни случаи заболени од Ковид 19. Вчера, министерството за здравство објави податоци за Охрид дека се регистрирани 6 позитивни случаи, што не е точна бројка туку 4 се од Охрид, а другите два случаи се од Струга, појаснува Сашо Точков од ЦЈЗ. „Во Охрид од петокот до денес имаме 9 активни случаи, од кои 1 е хоспитализиран, а останатите се на домашно лекување. За поголема група од тестирани од вчера и денес очекуваме резултати, за да ги поврземе или формираме кластери. Од она што го имаме досега се поединечни случаи, најмногу...
9 мина охридски станоиздавачи од мал обем викендов заработија казни
Post Views: 157 9 мина охридски станоиздавачи од мал обем викендов заработија казни. Тие ја прекршиле забраната за сместување гости во време на пандемија со ковид 19. Контрoлите ги направиле 4 -ца инспектори од охридското одделение на пазарниот инспекторат и при тоа изрекле 2 кривични пријави и 7 прекршочни платни налози за сторен прекршок. Само охридските инспектори овој викенд направиле 203 инспекциски надзори и утврдиле непочитување на владината одлука и Законот за заштита на населението од заразни болести, информира Цветко Ристески, раководител на подрачното одделение при Државниот...
Градските јавни чешми се безбедни за пиење вода
Post Views: 169 Граѓаните пијат вода со добар квалитет од јавните градски чешми. Испитуваните примероци на вода од 10 јавни чешми и од Билјанини покажаа дека се безбедни за пиење, информира Сашо Точков, директор на ЦЈЗ. Испитани се примероци од јавните чешми кои се наоѓаат во централното градско подрачје, во Далјан и Воска. Водата од Билјанини Извори во моментов исправна, но е со променлив квалитет. Граѓаните да следат дали има поставено табла со забрана за пиење бидејќи ние ги информираме инспекциските служби за кавлитетот на анализираните примероци и тие поставуваат табла со забрана,...
Ќе се изработува Студија за валоризација за Охридско езеро и изработка на нацрт–план за негово управување
Post Views: 191 Министерството за животна средина и просторно планирање го одбележува 5 јуни Светскиот ден на животната средина со најава за изработка на Студија за валоризација и Нацрт-План за управување со Споменикот на природата Охридско Езеро. Ресорното министерство во соработка со проектната канцеларија на Обединети нации за животна средина во земјава обезбедува поддршка на државата во проширување на мрежата на заштитени подрачја, како и поефикасно управување со заштитените подрачја, информира Искра Стојанова, претставник од канцаларијата на УНЕП. Една од целите на тековниот...
Забрането е издавањето апартмани и соби
Post Views: 179 Не е дозволена работата на сместувачките капацитети, а со тоа и издавањето на апартмани и соби во хотелите и кај станоиздавачите од мал обем. Забраната е дел од мерките на Одлуката на влада за спречување на ширење на ковид 19, информира Цветко Ристески, ракводител на поддрачната единица на ДПИ. „Забрането е работење на сите угостителски објекти во дел на сместувaње на гости без разлика дали се од голем или мал обем, дали се правни лица хотели или приватни апртмани, соби регистрирани во регистерот на општината. Согласно одлуката врз основа на Законот за заштита на...
Не стивнува интересот на родителите за запишување на децата во објектите на градинката Јасна Ристеска
Post Views: 174 Има многу заинтересирани родители кои очекуваат да се отворат градинките. И покрај пандемијата со Ковид 19 има потреба од згрижување на децата во објектите, информира Мери Рилкова, директор на ЈОУДГ „Јасна Ристеска“. Барања за запишување на децата во еден од објектите на градинката Јасна Ристеска постојано пристигаат, а според протоколите се ограничува бројот на децата во сите групи почнувајќи од јасли па се до останатите поголеми групи. Во сите објекти на градинката во 43-те групи може да се згрижат околу 450 деца, во групите за најмалите ќе се згрижуваат во просек...
Славко Упевче со изложба во Вевчани
Post Views: 206 Во Вевчани се прават завршните подоготовки за одржување на утрешниот традиционален карневал. Атмосферата во Вевчани започна да се загрева сонастапите на музичките групи Слаткаристика, Сарс и Брас Брадарс. Покрај настапот на музичките групи манифестацијата се збогатува и со две изложби. Гостите во Вевчани ќе може да погледнат две изложби икони на резбарот Александар Баткоски и слики од охридскиот академски сликар Славко Упевче. Неговите уметнички дела ќе бидат изложени во Вевчани една недела. Упевче по 3 децении повторно гостува со изложба по неговото прво...
Забележани се две еленчиња нови рожби во репродуктивниот центар за елени во НП Галичица
Post Views: 214 Во Националниот Парк Галичица се забележани првите две рожби на елените од репродуктивниот центар. Вработените од паркот се на терен и ги пребројуваат новородените еленчиња. Центарот со површина од 86 хектари од декември 2019 година е дом на 30 елени од кои 24 се женки и 6 мажјаци, информира Андон Бојаџи од НП. „Според техничката спецификација од тендерот требаше да бидат бремени. Се потврди и кон крајот на месец мај и почетокот на месец јуни се породуваат. Вработени на паркот се на терен и ќе се обидат да констатираат колку млади се родени“, вели Бојаџи . Во...