Автор: Валентина Неловска
Post Views: 4 95 пациенти позитивни на ковид 19 се лекуваат во охридската болница, а од нив 40 се на кислородна поддршка, информира д-р Горан Балевски, директор на ЈЗУ Општа болница. Постојано се менува состојбата со болничкото лекување на пациенти позитивни на ковид 19, а во моментов има 15 слободни болнички кревети. Дополнителен број на болнички кревети ќе се добијат со поставување на модуларната болница. Во меѓувреме, доколку има потреба од болничко лекување, ние нема да оставиме ниеден пациент без болнички третман, вели директорот Балевски. Болницата се очекува да биде...
Национален парк Галичица констатирал узурпации на државно земјиште
Post Views: 14 ОД НП Галичица бараат и охридскиот Државен правобранител да провери дали се узурпира државно земјиште на кое се градат нелегални градби во рамките на паркот. Само ова година во Трпејца констатирале по една бесправна градба и една узурпација на државно земјиште во Националниот парк Галичица. Од националниот парк досега разгледале 471 барање според Законот за постапување на бесправно изградени објекти за да дадат мислење за постапките за легализација за објекти кои ги води општина Охрид, вели Бојаџи. „Во голем број случаи од 471 и нови градби што се случуваат има...
Општина Охрид остварува добра соработка со Грција и Албанија во искористување средства од ИПА фондовите
Post Views: 3 Општина Охрид има добра соработка со соседните земји во искористување средства од ИПА фондовите за прекугранична соработка, информира градоначалникот Константин Георгиески. Oпштина Охрид подготвува проектни апликации за искористување на средства за заеднички проекти за прекугранична соработка со градови од Албанија и Грција. „Имаме апликации и други проекти со Корча и со Грција. Со Грција е на високо ниво соработката. Имаме апликации за електрични велосипеди, возила и чамци. Со Корча аплициравме за изградба на трим патека на просторот во поранешна Касарна , па ќе...
Општините ги доставија предлог проектите до Центарот на Југозападниот плански регион за идната година
Post Views: 4 Општините од регионов ги поднесоа проектните концепти до Советот на Југозападниот плански регион. 9- те општини имаат можност да искористат средства за развој во висина од 41 милион денари од Програмата за рамномерен регионален развој за 2021 година. Може да се аплицира проекти за искористување средства од две области. Првата област е од заштита на животна средина и намалување на загадувањето на животната средина, а втората за подбрување на економскиот развој, туризмот и културата и подобрување на патната инфрастуктура. Општина Дебрца аплицира проект за втора фаза...
Општина Охрид, Заводот за кардиологија и Црвен Крст со проект за подостапни здравстени услуги
Post Views: 11 Мобилни здравствени тимови ќе даваат медицински услуги во домовите на граѓаните кои имаат потежок пристап до здравствениет установи. Од идната недела стартува проектот „Cross4all“ кој го имплементира Секторот за туризам и локален економски развој при Општина Охрид, заедно со Заводот за кардиоваскуларни заболувања од Охрид. Специјалните медицински тимови се составени од доктори од центарот за Кардиологија, психолог, социјален работник и медициника сестри, соопштува Ѓоко Апостолов од Тлер. „Главна цел на проектот е да се таргетираат повозрасни лица, лица со...
Не е откриено кој истоварал земја и градежен шут во езерото на брегот кај населбата Далјан
Post Views: 6 Не е познат сторителот кој направи насип од гардежен шут и земја на брегот на Охридското Езеро во населбата Далјан. Во близина на Домот за стари лица кој е во изградба растоварена е земја на брегот и во езерските води. Градоначалникот Константин Георгиеск, и вели се работи на случајот за откривање на строителот. Направен бил увид од општинскиот градежен инспекторат и државниот инспектор за животна средина, а се чекало на истражните органи да утврдат кој стои зад овие активностi. „Направивме записници и чекаме информација од полиција за идентификација на сторител...
Шест охридски јавни претпријатија ќе добијат финансиска поддршка од државата
Post Views: 4 Шест охридски јавни претпријатија ќе добијат финансиска поддршка од државата меѓу 89те од земјава. 144 милиони денари ќе им бидат поделени на членките на АДКОМ, Здружението на даватели на комунални услуги на Македонија, според бројот на вработените, информира Љупчо Грданоски, директор на ЈП „Охридски Комуналец“. „Голем финансиски товар ни наметна неколкумесечниот каранти во пролетните месеци. За тие месеци со одлука на општина Охрид , ЈП Охридски комуанелц не беше во можност да фактурира износи за извршени услуги кон правни и физички лица кои не функционираа...
Охриѓаните со инвалидитет најчесто се вработуваат во производство
Post Views: 11 Невработените лица со попреченост наоѓаат егзистенција во неколку охридски производствени компании. На пазарот на труд државата ги стимулира фирмите кои ќе вработат лица со инвалидитет преку посебен фонд за стимулација на работодавачите, информира Елведина Дика, директорка на охридската Агенција за вработување. Компаниите притоа мора да исполнат одредени критериуми. Дика ги појаснува состојбите со оваа категорија на невработени. Напоменува дека 95 проценти од нив се без занимање, мал број имаат завршено основно училиште, а повеќето не може да конкурираат за...