Skip to main content

Автор: Валентина Неловска

Наскоро се очекува почетокот на реализација на проектот Дувло или Свинишки извори

Post Views: 174 Наскоро се очекува да почне со реализација на проектот за подобрување на водоснабдувањето на Охрид и населените места од поранешната општина Косел од изворот Дувло или Свинишки извори. Капацитетот на изворот е 220 литри во секунда и со цевковод фи 400 и ќе биде во должина од 21 км. Владата и Локалната самоуправа финансиски ќе го поддржат започнувањето на проектот вреден 3,2 милиони евра, а парите се проектирани во буџетот , информира Свeтозар Стефановиќ,  дирeктор на ЈП Водовод . „Проектот ќе се изведува во две фази. Во првата фаза, околу 1,2 милиони евра средства...

Продолжи со читање

Од 8 јуни започнуваат полагањата во јунската испитна сесија на ФТУ Охрид

Post Views: 160 На Факултетот за туризам и угостителство од понеделник стартува јунската испитна сесија. Во тек е колоквиумската недела за над 630 студенти од овој факултет при Универзитетот Св. Климент Охридски. Од 8 јуни стартува јунската испитна сесија за која врз основа на барање на Студенското собарние на Универзитетот полагањето ќе се одвива со физичко присуство на студентите, вели Цветко Андреески, декан на ФТУ. „За начинот на изведување на испитната сесија е донесена одлука на владата. Ние како факултет ќе ги испочитуваме сите прописи според одлуката. Ќе одржуваме дистанца...

Продолжи со читање

Има голем интерес кај граѓаните за користење на платежната картичка Купувај Домашно

Post Views: 198 Платежната картичка од 9000 денари која владата ја најави како помош за таргетирани ранливи категори, приматели на гарантирана минимална помош и невработените лица побудува огромен интерес кај граѓаните. Платежната картичка КУПУВАЈ ДОМАШНО ги следува граѓаните со низок доход односно приматели на социјална помош ( гарантирана минимална помош, детски додаток, додаток за образование, корисник на право за социјална сигурност за старите лица). Голем број од нив секојдневно бараат информации во Центрите за социјални работи. 536 семејства во Охрид се евидентирани како приматели...

Продолжи со читање

Епидемиолозите наидуваат на отпор при тестирање на Ковид 19

Post Views: 197 Епидемиолозите се сретнуваат со предизвици и тешкотии во справувањето со Ковид 19. Кога започна епидемијата имавме помалку потешкотии, сега како се попуштаат мерките се олабавуваат и луѓето. Имаме одредени проблеми не само во Лабуништа туку и во други средини каде што луѓето одбиваат да се тестираат. Луѓето се плашат да бидат тестирани да не бидат позитивни што е апсурдно, а ние мора да се справуваме со ситуациите, вели Сашо Точков директор на ЦЈЗ . „Ние немаме друг механизам освен да побараме асистенција од полиција. Тоа се случувало на неколку пати во дел од селските...

Продолжи со читање

Набавено современо амбуланто возило за потребите на Здруженито „Мозочен удар“

Post Views: 184 Обезбедено е амбулантно возило за потребите на граѓаните и здравствените работници од Здружението „Мозочен удар“. Тие како дел од проектот „Квалитетно здравство“ го набавија амбулантното возило преку ИПА програмите на ЕУ со финансиска поддршка од охридската Локална самоуправа. Возилото ќе се користи за подобрување на квалитетот и пристапноста на здравствената заштита и социјалните услуги за граѓаните од југозападниот регион кој опафаќа над 230. 000 жители, информира д-р Маја Божиноска Смическа.  „Целта на возилото и лабораториската опрема кои ги набавивме е за теренски...

Продолжи со читање

Усвоен Ребалансот на Буџетот на општина Охрид

Post Views: 188 Со 13 гласови за и 7 против градските советници го донесоа Ребалансот на Буџетот на Општина Охрид тежок околу 21 милион денари  кратење на непродуктивни трошоци. За советниците од опозицијата со ребалансот се крати од туризмот, образование, спорт , култура , ПП заштита. Несфатливо е за Охрид кој живее од туризам наместо помош за туризмот и локалниот економски развој да се кратат средствата за ТЛЕР во вкупен износ од 6.580.000 денари, кажа советничката од ВМРО ДПМНЕ, Лидија Петкоска. „Со овај ребаланс ги уништувате туристичките работници, станоиздавачи, хотелиери,...

Продолжи со читање

Короната ги секна парите за рурален развој и специфични рурални подрачја

Post Views: 187 Ковид 19 ги секна и парите за рурален развој и специфични рурални подрачја. Пандемијата предизвика економска криза која ги зафати сите сектори па тоа влијаеше владата и министерството за финансии да проценат дека финансиска поддршка имаат поважни проекти, информира Горан Милески, министер за Локална самоуправа. Од 8-те милиони евра ставени на располагање на Бирото за регионален развој за 8 -те плански региони во земјава успеавме да поделиме само 70 проценти, додава Милески. Со кратење на буџетот средствата за развој на овие подрачја се пренасочени во антикризните...

Продолжи со читање

Започна асфалтирањето на тротоарите на улицата 15-ти Корпус

Post Views: 176 Почна да се поставува асфалт на дел од тротоарите на улицата 15-ти Корпус која е со должина на трасата од 2 км. За реконструкција на сообраќајницата која е северен влез на градот се обезбедени 58 милиони денари средства од владата и од општинскиот буџет. Преку ЈП Државни патишта за реконструкција на коловозот се обезбедени 28 милиони денари, а другиот дел се средства од буџетот на општината, напомeнува охридскиoт градоначaлник Константин Георгиески. „Тротоарите кои ги асфалтираме , поставувањето на новото осветлување и поставувањето на атмосферската канализација...

Продолжи со читање

Се чекаше во ред за дарување на крв

Post Views: 187 Редица охриѓани чекаа да даруваат крв на вонредната крводарителна акција. Матуранти, претставници од јавните претпријатија, општинската администрација, полициски службеници, граѓани беа дел од хуманите луѓе кои даруваа крв. Многу од нив таа одлука ја донесле за прв пат во животот. Меѓу нив беше и охриѓанката Лидија Неданоска која стрпливо го чекаше својот ред за да дарува за прв пат крв. „Искрено изминтиве три месеци и перидот кој што беше навистина тежок за целиот свет и за нас го испровицира она хуманото во нас да бидеме хумани и да помогнеме кој колку можеме...

Продолжи со читање

Угостителите кои имаат летни тераси ги чекаат протоколите за работа

Post Views: 210 Угостителите кои имаат летни тераси ги чекаат протоколите според кои ќе треба да работат од утре. Сите охридски угостители не се во иста ситуација и многу од нив се во дилема дали воопшто ќе ги отворат објектите за да почне првата фаза со олабавување на мерките за работа, вели Михаил Мишев претседател на еснафот на Охридските угостители. „Постојат дилеми бидејќи редукцијата е огромна и во просторијата и на масите, присуството во објектите и начинот на чекање гости, не е дозволено стоење на шанк. Кафулињата гостите ќе треба да ги чекаат надвор на шеталиште. Скратено...

Продолжи со читање

Пандемијата со Ковид 19 ја пролонгира изградбата на покриената југоисточна трибини на СРЦ

Post Views: 269 Стопирани се градежните работи врз изградбата на модерната покриена југоисточна трибина на СРЦ Билајнини извори. Пандемијата со Ковид 19 се рефлектира и ја пролонгира изградбата на трибините на СРЦ, информира Гордана Јованоска, директор на СРЦ Билјанини извори, за моменталните случувања со започнатото модернизирање на спортскиот фудбалски стадион. „Основата е поставена се чека надзорот. Тие се од Скопје, а имаат проблем со доаѓањето во Охрид заради пандемијата со Ковид 19. Се продолжи втората фаза со која ќе се поставуваат стопите и издигнувањето на трибините, “информира...

Продолжи со читање

ОУ „Братство Единство“ одбележува 7 децении од постоењето

Post Views: 162 Општинското основно училиште Братство Единство го одбележува патрониот празник 25 мај и 7 децении од работата. Во ова школо низ годините завршиле бројни генерации успешни луѓе во своите професии. Одбележувањето на патронатот и јубилејот годинава ќе изостанат од вообичаениот начин, свечности, без детската смеа и врева, како и гостите од збратимените училишта од Република Турција и Храватска, информира Џемал Мехмед, директор на основното училиште. Невидливиот непријател Ковид 19 ги затвори сите па и нашето училиште, вели Мемед. Додава дека во изминатите месеци успешно...

Продолжи со читање