Автор: Валентина Неловска
Post Views: 428 Во Охрид се регистрирани 8 активни случаи на Ковид19 и над 90 лица се во изолација. Вчера се дијагностицираа уште два нови случаи, информира Сашо Точков, директор на ЦЈЗ. Еден од случаите е поврзан со погон од фабриката во струшкиот дел и лицето е од Охрид. Другото лице сеуште се истражуваат контактите, не било подолго време надвор било дома и се надеваме дека нема да е голем бројот на контакти“, вели Точков. „Ние го избегнуваме да го користиме зборот кластер, но ако има 3 лица од ОДВ може да го дефинираме како кластер. Но другите лица од таа фабрика кои се...
Струшките трговци ја почитуваат законската одредба за неработна недела
Post Views: 186 Струшките инспектори од пазарната и трудовата инспекција не затекнале трговци кои работат во недела во струшката околина. Во изминатиов месец, од 10-ти јануари откако стапија на сила измените за недела неработен ден, контролите од двата инспекторати покажале дека досега струшките трговци се придржуваат кон одредбите од Законот за работни односи, информира Шпендим Иљази, раководител на Државниот пазарен инспекторат од Струга.Секоја недела сме на терен и досега не сме констатирале неправилности, се почитуваат одлуките. Во општина Струга се пријавени седум маркети...
Припадниците од друштвото Луњина од Охрид бараат промена на називот Власи во Армани
Post Views: 524 Националната заедница на Власите бараа промена на досегашниот назив во Армани. Јордан Трца од Здружението Луњина ја појаснува причината на припадниците од влашкото друштво за ова нивно барање во пресрет на 23 мај Националниот ден на Власите , кој се одбележува утре. „Официјалниот назив на националниот ден на Власите е содржан во преамбулата на Уставот, влашки народ но тоа е грешка и навредливо за нас. Врзано е со занимањето на Власите. Ние се викаме Армани. Арман, во еднина значи останат, а во множина Армани, луѓе кои останале. Со називот во Македонија кој не викаат...
Едно лице го загуби животот, а две се тешко повредени во вооружен инцидент во Долна Белица
Post Views: 137 Едно лице е убиено, а две се повредени со огнено оружје во инцидент кој синоќа околу 22.30 минути се случил на патот кон струшкото село Долна Белица. Убиството и обидот за убиство се извршени со пиштол и автоматско оружје, информира портпаролот на СВР Охрид Стефан Димоски.„ Од здобиените повреди на место на настанот починал 23 годишен жител на струшкото село Горна Белица, еден 18 годишник е тешко повреден, а 45 годишен жител од Велешта е тешко повреден. Тој е пренесен во Општа Болница Струга, и му е извршена хируршка интревенција“, информира Димоски. Повреденото...
Наскоро ќе се познати цените за резервации во хотелското и приватното сместување за домашните туристи
Post Views: 183 Хотелиерите ги прават пресметките за формирање цени за сите категории резервации во приватното и хотелското сместување, информира Крсте Блажески претседателот на Хотам. Хотелиерите се благодарни на владините мерки за помош на нивниот сектор и ќе треба да понудат избор на граѓаните кои ќе ги користат ваучерите и платежната картичка за да летуваат дома. Се очекува домашните туристи да ја спасат летната сезона и да не банкротира туристичката индустрија. Цените за семестување ќе се намалени во зависност од категоријата на објектот за да може секој да избере каде ќе оди...
Се расчистуваат исушените врби на просторот Мазија
Post Views: 217 Започна да се средува дрворедот на самиот езерски брег на просторот Мазија. Утрово беа исечени четири врби за кои било констатирано дека се исушени и се опасни за посетителите на паркот во овој дел од градот. Нити едно еколошко друштво не се јавило на повикот од општината да дадат свое мислење за сечењето на дрвата и да присуствуваат на терен доддека се врши сечата. „Ние сме отворени за соработка со сите па и со здруженијата. Не го минимизираме нивното размислување и важно ние да го слушнеме мислењето. Некогаш и ние може да погрешиме, да не корегираат. Она што...
Се бара место повеќе за закотвување на пловни објекти во Студенчишкиот канал
Post Views: 265 Место повеќе се бара за паркирање на пловните објекти во каналот Студенчишта. Сопствениците на глисери, кајчина и бротчина бараат безбедни места за да ги закотват пловилата по преземањето на дел од каналот под ингеренции на СРЦ Билјанини извори, информира директорот Гордана Јованоска. „Интересот за паркирање на глисерите и другите пловни објекти од оваа страна на каналот е многу голем. Капацитетот е исполнет сто посто и сите се задоволни од нашиот начина на работа, отвореност, транспарентност и љубезност на вработените. Сигурноста која ја имаат сопствениците...
Петиција Охрид да добие парк за миленици
Post Views: 204 Иницијативата Охрид да добие парк за миленици прерасна во петиција. Група на сопственици на домашни миленици собраа 122 потписи за еден ден, доволно за да поднесат петиција до Советот на Охрид кој треба да даде зелено светло за градот да добие современ парк за домашни миленици, информира Илина Велјаноска, дел од иницијативниот одбор. Подносителите на иницијативата сметаат дека вакво катче е потребно за секој град, а особено за туристичко место како што е Охрид.Се работи за парк за миленици во Охрид од кој градот има потреба посебно во летниот период кога има...
Хотелиерите гледаат помош во третиот сет на владините мерки
Post Views: 217 Со владиниот трет сет мерки ќе се помага туристичката индустрија. Ќе се доделуваат ваучери на граѓани за да одмараат во Охрид, Струга, Дојран, Преспа, на планина или во некое рурално подрачје. Помошта за домашниот туризам значи по 100 евра за околу 100.000 граѓани, кои ќе ги добијат средствата во вид на ваучери, плус дополнителна платежна картичка во вредност од 50 евра. Ваучерите се наменети само за оние граѓани кои имаат плата до 15.000 денари и немаат други приходи. Туристичката индустрија трпи големи загуби како никогаш досега. Затворени хотели, откажани резервации...
Објавени конкурсите за упис во средните училишта
Post Views: 225 Објавени конкурсите за упис во сите средни школи. Пријавувањето за првиот јунски уписен рок ќе почне на 16 и 17 јуни. Резултатите од запишаните ученици , но и слободните места ќе бидат објавени на 18 јуни. Основците ќе може да изберат каде да го продолжат школувањето и во едно од 4 средни училишта во Охрид. Во охридската гимназија Св. Климент Охридски во прва година во првиот уписен рок ќе може да се запишат 272 ученици. Во насоката гимназиско образование се предвидени 8 паралелки и тоа во јазично-уметничко подрачје, општествено-хуманистичко подрачје и природно-математичко...
Антикорупциска комисија: Владата да ги преземе надлежностите за уривање на дивоградбите во Охрид, Струга и Дебрца
Post Views: 161 Владата да се справи со уривање на дивоградбите во Охрид, Струга и Дебрца а не локалните самоуправи, побара Антикорупциската комисија. На денешната прес-конференција ова го соопшти Билјана Ивановска, претседател на Државна комисија за спречување корупција по увидот што го направиле во јавните набавки за општина Охрид. При тоа констатирале дека е склучен само еден договор за уривање на дивоградбите. Ивановска кажа дека поради малиот износ на средства со кои располага општината за справување со дивоградбите, ќе се остави впечаток дека се постапува селективно при уривањето...
Затворена ОДВ Електрик по двата новорегистрирани случаи со Ковид 19 во Охрид
Post Views: 188 Од двата новорегистрирани случаи на КОВИД 19 во Охрид, едно лице е вработено во фабриката ОДВ Електрик во ТИРЗ Струга, а членови на семејството на другиот случај биле вработени во фабриката. Погонот од вчера е затворен , а во изолација се сите контакти на лицата, вели Сашо Точков, директор на охридскиот ЦЈЗ. „Согласно процедурите со извештајот и резултатите добиени од Лабораторијата на Институтот за јавно здравје од Скопје се направи записник од страна на епидемиолозите и инспекциските служби и Комисијата за заразни болести донесоа соодветно решение за престанок...